www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 13, 2019 9:43 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 »
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLON Сре Jун 19, 2013 7:45 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON 2233
ЛокацијаCOLON Скопје
РИБЉА ЧОРБА. Топла и вкусна. Универзален специјалитет на рибарите од целиот свет. Направен на милион различни начини. Секој рибар ја приготвува на свој особен начин. Мноштво на вкусови и секојпат начинот на нејзиното приготвување е љубоморно чувана тајна. . . . Бла, бла . . . бла . . .

Како што и самото име кажува основна состојка во чорбата е РИБА. Овдека настанува и првото разидување помеѓу рибарите-готвачите на чорбата. Додека едните го држат ставот дека чорбата се приготвува од еден вид риба, вторите тврдат дека чорбата е поубава од повеќе видови.

И моиот став е дека е потребно повеќе видови но не е пресудно. Не ми е пресудно ниту мислењето од кои видови риба, ниту од каква риба (цела или остатоци - глава, перки, опашки . . .) е подготвена чорбата. На мислење сум дека една состојка која не е спомната во ниту една рецепта за подготвување на РИБЉА ЧОРБА е пресудна. МЕРАКОТ – ЉУБОВТА кон рибата и риболовот.

Да не филозофираме многу. Ова е рецепта за приготвување на РИБЉА ЧОРБА на Вардарски начин. Рецепта која се развива веќе 7 години и секоја наредна чорба ке биде рецепта за себе.

Основна состојка на Вардарската РИБЉАТА ЧОРБА а ла Боби Брада е СОМ. Глава, дел од опашката (која е особено мрсна), преките (нарочно е интересна долната перка која се протега од аналниот отвор до опашката). И крапот е одличен за приготвување на чотбата. Кленот исто така. Што повеќе видови тоа подобро. По едно размислување, рибља чорба без костреш не е РИБЉА ЧОРБА.


Потребни Состојки (4 – 5 литри)
  • - 1-1.5Kg риба
    - 2 големи главици кромид
    - 3 моркова
    - 1 целер колку тупаница со листови
    - 3 компира (не големи)
    - 1 лута пиперка
    - 2 благи пиперки
    - 1 голем домат
    - 5 чешњиња лук
    - врзок магдонос
    - 3 листови ловор
    - 1 лажица црвен пипер
    - 2 лажици брашно
    - 1 лажица мешан зачин
    - буковец лут
    - зејтин
    - сол
    - бибер

Приготвување

Во дупка во земја или со камења направено ложиште се пали оган и се прави поголемо количество на жар.

Во 1-2 литри вода се става рибата и се вари додека не зоврие. Се трга од огинот и се остава да се лади.

Кромидот, морковот, телото на целерот и компирот ситно се сецкаат.

Врз ложиштето се поставува троножец и котле со околу пола до 2/3 зејтин кој треба добро да се загрее.

Во загреаниот зејтин се ставаа кромидот да се подпржи. Кога ке добие златно-жолта боја се додава морковот. По подпржувањето и на морковот се додава и целерот. За цело време на подпржувањето на зеленчукот се меша со лажица и со протресување на котлето.

Во котлето со подпржениот зеленчук се додава течноста од сварената и оладената риба. Лукчето се пресува со лажица и се додава во котлето. Се додава и ситно исечканиот компир. Пиперките, не чистени и со рачка, се расекуваат по должина и се додаваат во котлето. Ситно се сецкаат ливчињата целер и се додаваат во котлето кое се надополнува со вода. Вкупно околу 5 литри. Се додава и еден цел домат.

Додека чекаме да зоврие додадената вода чорбата ја зачинуваме по вкус со сол, вегета, ловоров лист и бибер. Пожелно е да се користи бибер во зрно кој е раскршен помеѓу две лажици.

Кога ке зоври течноста се вадат пиперките и доматот. Од нив се одстранува љупката, ситно се сечкаат и се прасираат. Испасираната смеса се враќа во котлето и се остава да крчка на тивок оган оклу час и половина. Содржината во котлето треба да се намали за околу 1/3.

Во меѓувреме се чисти рибата од коски и се цепка на ситни парчиња.

Кога чорбата е укрчкана се приготвува запршка со 2 лашици брашно и една лажица цевен пипер и се додава во котлето. Се додаваат и исчистената риба и ситно исечкан магдонос. Се дотура околу литро вода. Се проверува вкусот и по потреба се додаваат лут буковец, мелен сув лук, бибер и сол.

Чорбата се остава да крчка на тивок оган околу час-час и половина. Времето на крчкањето зависи всушност од саканата густина на чорбата која сакаме да ја постигнеме. Многу е битно, чорбата постојано да се меша со вртење на котлето, како не би дошло до нејзино загорување.



Приготвувањето на Вардарската РИБЉА ЧОРБА а ла Боби БРАДА

Оваа рецепта сигурно не е рецепта за најубавата РИБЉА ЧОРБА но е моја. А ла Боби Брада. Би сакал да пробате да ја зготвите и го споделите вашиот впечаток. Ако не ве бидува за готвење, секој кој ке изрази желба да ја проба чорбата зготвена од моја страна е повикан на софра.

Нека ви е НАЗДРАВЈЕ

П.С.
Оваа тема се отвара по втор пат. Прв ја отвори АкиРибар но никој не го свати сериозно. Мислам дека несериозноста нема да се повтори

_________________


[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Jун 19, 2013 8:44 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON 1322
ЛокацијаCOLON Прилеп
Oх, ох, ох.... Боби Мајсторе алал да ти е :ok_ok:
Верувам дека е многу вкусна, особено приготвена во природа и изедена рано наутро после вечерта помината во „цуцање“ вино :crazy: и се разбира чекање да заѕвонат ѕвончињата или да спиштат сигнализаторите :jane:
Се надевам дека некогаш ќе имам можност да ја пробам твојата рибља чорба, ќе ми биде задоволство :volku_golema:
Поздрав :shake_hand:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Jун 19, 2013 10:23 pm 
Отсутен
Молчалив

РегистриранCOLON Пет Феб 17, 2012 10:12 pm
МислењаCOLON 2
Od cel den pominat vo ribolov , najgolem ulov mi bese edna polna porcija od kotleto na bobi .
I moram da priznam oti do sega ne sum jadel povkusna corba od corbata a la bobi BRADA.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Jун 19, 2013 10:28 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON 2233
ЛокацијаCOLON Скопје
Поздрав Николчо и благодарам за камерманската улога која ја имаше за време
на правењето на чорбата. Поздрави го професорот по ИСТОРИЈА.

Се гледаме на некоја друга чорба, но да го пробате и гравчето во ГРНЕ. Повторно
ке СНИМАШ.

_________________


[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Jун 19, 2013 11:25 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Нед Maр 20, 2011 2:59 pm
МислењаCOLON 673
ЛокацијаCOLON skopje
Bobi :lepi: u pravo vreme za receptov.Slusav deka r-corba bila mnogu ubava i resiv da probam da pravam,ali nemav recept i sega dojde receptov kako poracan.Dopolnitelna rab za domasno prgotvuvanje ima li? Od riblje meso imam: krapska glava,perki i del od opas... od toa i mi rekoa deka se pravi...

_________________
GOLEM MAMEC-GOLEMA RIBA


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Jун 19, 2013 11:31 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLON Саб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON 5850
ЛокацијаCOLON bitola
барај карас обавезно ;) а не е лошо и гла од сом :ok_ok: + да има во чорбата(полна е месо)

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Jун 19, 2013 11:49 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON 2233
ЛокацијаCOLON Скопје
ace penja НапишиCOLON
Bobi :lepi: u pravo vreme za receptov.Slusav deka r-corba bila mnogu ubava i resiv da probam da pravam,ali nemav recept i sega dojde receptov kako poracan.Dopolnitelna rab za domasno prgotvuvanje ima li? Od riblje meso imam: krapska glava,perki i del od opas... od toa i mi rekoa deka se pravi...
Што повеќе видови риба ставиш тоа чорбата е повкусна.

Спиро вика да ставиш караш. Сум пробал и со глави од караш но месото му е премногу благо.

Можеш да користиш и салмонидни видови риба (глава од лосос, дури во некои рибарници ги продаваат) но внимавај. Даваат премногу јак мирис.

Можеш да користиш и бела риба (попадика, црвеноперка, кленчиња, мренчиша). Внимавај со нејзе - ситни коски. Таквата риба или ја процедувам низ цедилка или ја варам во газа.

Некој ми има кажано дека од мрена не се користи главата за чорба. Не добив некое убедливо објаснување но немам правено со нејзе досега.

Во рибља чорба можеш да ставиш и икра и млеч од риба. Икрата од мрена со сигурност не се конзумира.

Многу варијации и можности. Со тек на време ке си го постигнеш балансот. Почни да готвиш и не бери гајле. И лошата рибља чорба е вкусна.

Нека почне Вардар малце да дава риба и викај. Ке ти зготвам на лице место а ти ке ми бидеш асистент.

_________________


[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Jун 19, 2013 11:55 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Нед Maр 20, 2011 2:59 pm
МислењаCOLON 673
ЛокацијаCOLON skopje
OK bobi ke probam pa ke kazam...a za na voda nema problem, moze da ja napravime i siguren sum deka nema da ja promasime :lepi:

_________________
GOLEM MAMEC-GOLEMA RIBA


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 20, 2013 12:02 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON 2233
ЛокацијаCOLON Скопје
Во некои ресторани поради готвење на чорба дури до 1/3 од сомот од кај опашката го оставаат. Не го прават во кременадли. Многу е мрсен . . .

_________________


[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 20, 2013 12:04 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Пон Oкт 24, 2011 11:10 pm
МислењаCOLON 292
Nemam zborovi, alal neka ti e.
Za gravceto vo grne rado bi asistiral.


Nego so ribi bea tie crnite?


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum