www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Чадена риба
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=56&t=4076
Страна 13

АвторCOLON  goran_ohrid [Сре Oкт 30, 2013 10:22 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Чадена риба

Ме интересира дали некој имал искуство во чадење на риба? 8-)
Во план сум да експериментирам малце.. ако имат некој било какво искуство нека споделит :)

Најголема дилема ми е, дали одкако ќе заврши процесот, рибата да се стави 1 мин во топла вода, вака се прави со месото, за да излезат залепениот чад и пепел (доста штетни се) или не. Дали би се распаднала рибата или би добила полош вкус после водата...

АвторCOLON  Lepi [Сре Oкт 30, 2013 11:08 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Чадена риба

... кај мене си на права адреса :mrgreen: :thumbs_up: ево нешто од последното чадење шо го праев :D Ај да се видиме утре, кажи термин да пиеме кафе ;)

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  martinMK [Сре Oкт 30, 2013 11:14 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Чадена риба

Прво се става исчистената риба пресол околу 3-5 саати ден да одседи..
Во пресолот може да се додаде и бело вино, кафеав шекер, и зачини..
1 чаша вода + 1 лажица сол..
Најубаво е водата да е флаширана од некој извор.. да не содржи хлор..

Филетирана риба најлесно и најубаво се чади..
Добро е да се додадат и овошни дрва кој даваат посебна нота на чадот..

Рибите кој имаат маснотија повеќе ке абсорбираат повеќе арома..

Се почнува со по ниска температура на чадење и потоа се покачува температурата..

Се остава еден ден да се олади рибата и потоа се сервира.. со ова испаруваат моноксидите и некој од токсините..

Доколку сакаш може потоа да ја испереш во ладна вода.. но не предолго време..

АвторCOLON  Lepi [Сре Oкт 30, 2013 11:57 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Чадена риба

... сликава ја искомбинирав од едно ВХС видео ... Фатифме повејќе Јагули, и се договоривме да ги чадиме :D

Најдобри за чадење се риби што содржат повејќе маснотии


[ img ]

АвторCOLON  goran_ohrid [Сре Oкт 30, 2013 11:59 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Чадена риба

Na kafe ke kazis detali :) vaka vkusno deluvat.. jas so krap ke probam, da vidam so ke izlezit :)

АвторCOLON  joco [Вто Ное 05, 2013 5:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Чадена риба

Едно прашање . Денеска чадев и уште се чади риба (прв пат) пред да половина час извадив едно парче беше топ :crazy: е сега ме интересира тоа што читам окулу штетноста на чадот или нема гајле пошто и месо чадам на исти принцип па до сега сум немал и немам проблем (Ваљда). :eusa_pray:

АвторCOLON  Lepi [Вто Ное 05, 2013 6:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Чадена риба

... најважното од се е да ја чадиш рибата само со чад и да немат директна топлина од огнот, т.е. со мал оган да се загрева плехот на кој се наоѓа пилевината. Температурата не смее да е повисока од 110°ц а минималната да е 70°ц. Чадот не смее да излегува брзо, да нема директен отвор, т.е. да е многу минимален, и со негово компримирање се создава потребна температура а во исто време и потребната густина од чад. Риба од 1кг големина треба да се чадит околу 80минути.

Од кога ќе се исчадит рибата, се остава да оладит барем 2 до 3 сати, пошто кога ќе се извади е сеуште мека и кожата не се дели од месото.

Ево едно видео како тоа од прилика изгледат ;)


АвторCOLON  Lepi [Вто Ное 05, 2013 7:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Чадена риба

joco НапишиCOLON
... е сега ме интересира тоа што читам окулу штетноста на чадот или нема гајле пошто и месо чадам на исти принцип па до сега сум немал и немам проблем (Ваљда). :eusa_pray:
... секако дека чадот е штетен, но и овдека важит правилото „штетноста зависит од количината“ :D Секако дека овај начин на спремање на рибата е помалку штетен него риба спремена со конзерванси и конзервираната ... овај начин на спремање на рибата е доста применет на западот, исто како и чадење на месо е применето кај нас ;)

АвторCOLON  joco [Вто Ное 05, 2013 7:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Чадена риба

Лепи фала ти многу за советите и постапката на чадење.Криво ми е што вчера не се распрашав зошто сум ја утнал цела постапка. Јас ја чадев во дупло буре меѓусебно без никаква препрека на горниот тел обесена рибата а се ложи на страна и низ така наречен тунел се носи чадот без никаква пилевина или некојси филтер. :howitz:

АвторCOLON  joco [Вто Ное 05, 2013 8:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Чадена риба

Риба од 1кг големина треба да се чадит околу 80минути.

И со ова ептен ме збуни ова моиве парчиња се во просек 300-500 гр. а ја цел ден ја маткам и викам да не треба уште :hit_head:

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/