www.ribar.com.mk http://www.ribar.com.mk/forum/ |
|
Чадена риба http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=56&t=4076 |
Страна 1 oд 3 |
АвторCOLON | goran_ohrid [Сре Oкт 30, 2013 10:22 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Чадена риба |
Ме интересира дали некој имал искуство во чадење на риба? Во план сум да експериментирам малце.. ако имат некој било какво искуство нека споделит Најголема дилема ми е, дали одкако ќе заврши процесот, рибата да се стави 1 мин во топла вода, вака се прави со месото, за да излезат залепениот чад и пепел (доста штетни се) или не. Дали би се распаднала рибата или би добила полош вкус после водата... |
АвторCOLON | Lepi [Сре Oкт 30, 2013 11:08 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Чадена риба |
... кај мене си на права адреса ево нешто од последното чадење шо го праев Ај да се видиме утре, кажи термин да пиеме кафе |
АвторCOLON | martinMK [Сре Oкт 30, 2013 11:14 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Чадена риба |
Прво се става исчистената риба пресол околу 3-5 саати ден да одседи.. Во пресолот може да се додаде и бело вино, кафеав шекер, и зачини.. 1 чаша вода + 1 лажица сол.. Најубаво е водата да е флаширана од некој извор.. да не содржи хлор.. Филетирана риба најлесно и најубаво се чади.. Добро е да се додадат и овошни дрва кој даваат посебна нота на чадот.. Рибите кој имаат маснотија повеќе ке абсорбираат повеќе арома.. Се почнува со по ниска температура на чадење и потоа се покачува температурата.. Се остава еден ден да се олади рибата и потоа се сервира.. со ова испаруваат моноксидите и некој од токсините.. Доколку сакаш може потоа да ја испереш во ладна вода.. но не предолго време.. |
АвторCOLON | Lepi [Сре Oкт 30, 2013 11:57 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Чадена риба |
... сликава ја искомбинирав од едно ВХС видео ... Фатифме повејќе Јагули, и се договоривме да ги чадиме Најдобри за чадење се риби што содржат повејќе маснотии |
АвторCOLON | goran_ohrid [Сре Oкт 30, 2013 11:59 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Чадена риба |
Na kafe ke kazis detali vaka vkusno deluvat.. jas so krap ke probam, da vidam so ke izlezit |
АвторCOLON | joco [Вто Ное 05, 2013 5:05 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Чадена риба |
Едно прашање . Денеска чадев и уште се чади риба (прв пат) пред да половина час извадив едно парче беше топ е сега ме интересира тоа што читам окулу штетноста на чадот или нема гајле пошто и месо чадам на исти принцип па до сега сум немал и немам проблем (Ваљда). |
АвторCOLON | Lepi [Вто Ное 05, 2013 6:44 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Чадена риба |
... најважното од се е да ја чадиш рибата само со чад и да немат директна топлина од огнот, т.е. со мал оган да се загрева плехот на кој се наоѓа пилевината. Температурата не смее да е повисока од 110°ц а минималната да е 70°ц. Чадот не смее да излегува брзо, да нема директен отвор, т.е. да е многу минимален, и со негово компримирање се создава потребна температура а во исто време и потребната густина од чад. Риба од 1кг големина треба да се чадит околу 80минути. Од кога ќе се исчадит рибата, се остава да оладит барем 2 до 3 сати, пошто кога ќе се извади е сеуште мека и кожата не се дели од месото. Ево едно видео како тоа од прилика изгледат |
АвторCOLON | Lepi [Вто Ное 05, 2013 7:12 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Чадена риба | |
... е сега ме интересира тоа што читам окулу штетноста на чадот или нема гајле пошто и месо чадам на исти принцип па до сега сум немал и немам проблем (Ваљда).
... секако дека чадот е штетен, но и овдека важит правилото „штетноста зависит од количината“ Секако дека овај начин на спремање на рибата е помалку штетен него риба спремена со конзерванси и конзервираната ... овај начин на спремање на рибата е доста применет на западот, исто како и чадење на месо е применето кај нас
|
АвторCOLON | joco [Вто Ное 05, 2013 7:53 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Чадена риба |
Лепи фала ти многу за советите и постапката на чадење.Криво ми е што вчера не се распрашав зошто сум ја утнал цела постапка. Јас ја чадев во дупло буре меѓусебно без никаква препрека на горниот тел обесена рибата а се ложи на страна и низ така наречен тунел се носи чадот без никаква пилевина или некојси филтер. |
АвторCOLON | joco [Вто Ное 05, 2013 8:02 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Чадена риба |
Риба од 1кг големина треба да се чадит околу 80минути. И со ова ептен ме збуни ова моиве парчиња се во просек 300-500 гр. а ја цел ден ја маткам и викам да не треба уште |
Страна 1 oд 3 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |