www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Ное 14, 2019 3:32 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 »
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLON Чет Ное 14, 2013 9:37 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON 1322
ЛокацијаCOLON Прилеп
Инспириран од рецептите за чадење на риби и од убавите слики со кленовите на Лепи решив да ви претставам еден стар Турски традиционален специјалитет кој останал да се готви и кај нас но нажалост се поретко и поретко. Постарите во Прилеп сеуште го спремаат за посни трпези на славите, а среќа што и мајка ми и баба ми знаат добро да го приготвуваат па и јас често уживам во ова јадење. Можеби ви звучи необично како тоа суво грозје и сливи заедно со риба и веројатно се прашувате дали јадењето ќе биди благо - одговорот е ДА, но верувајте ако го пробате еднаш ќе го спремате многу често! Во Прилеп традиционално се нарекува - РИБА НА БЛАГ КРОМИД.
Околу изборот на риба за ова јадење: Според мене најдобра варијанта за риба е онаа која има помалку коски но може да се искористи било која риба. Во Прилеп најчесто го спремаат со Тостолобик поради неговото месо кое природно наблажува, го спремаат секако и Крапот што исто така е одличен за печење. Ние овој пат го направивме со кленови од Козјак уловени неколку дена пред спремањето, пресни и чисти, едноставно совршени !!! :ok_ok:

За подготовка на овој специјалитет ви е потребно:

- 1,5кг кромид (во принцип - колку повеќе толку подобро, неможете да претерате);
- риба (во мојот случај Кленови со вкупна тежина од околу 2,3кг);
- 250 грама суво грозје;
- 500 грама суви сливи;
- една лажица црвена пипер;
- масло;

Подготовка:

Најпрво исчистете 1,5кг кромид

[ img ]

Потоа издробете го (исецкајте го, немојте да го рендате)

[ img ]

Турете вода во кромидот и оставете го да се динста на средно јак оган додека не исчезне водата. Потоа додадете масло (убаво кромидот да може да се пржи, некаде околу 250мл за 1,5кг кромид) и пржете додека малку кромидот не зарумени, но внимавајте да не го препржите. На крајот ставете една мала лажичка сол и една голема лажица црвена пипер и добро промешајте за пиперот убаво да се растопи. Изгаснете го шпоретот и оставете го на ринглата тенџерето со кромидот убаво да прими од црвената пипер.
Тоа би изгледало вака:

[ img ]

Во меѓувреме ставете ги во посебни тенџериња сувите сливи и сувото грозје и на потивок оган оставете ги да набабрат, немојте да ги варите него само обарете ги т.е. само да наварат/набабрат.

[ img ]

[ img ]

Откако ќе ги обарите сливите и сувото грозје, кромидот истурете го во плех за печење и врз него рамномерно истурете ги сувото грозје и сливите.

[ img ]

Рибите засечете ги за убаво да примат од сосот и наредете ги во плехот врз претходно припремениот фил од кромид, суво грозје и сливи.

[ img ]

Печете ги во загреана рерна на 220 степени некаде околу еден час (после 30 минути завртете ги од другата страна за да се потпечат).


Резултатот е овај :arrow:

[ img ]

Прекрасно оди со некоја чаша Шардоне,
добар апетит!

П.С.
Поздрав до Мајстор Лепи за инспирацијата :shake_hand:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Чет Ное 14, 2013 9:46 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Саб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON 2299
ЛокацијаCOLON На секоја локација,ха ха ха
Мора да се проба ,изгледа многу вкусно.
Ако не се снајдам да го спремам вака , ти доаѓам на гости :lol: :lol:


П.С. Каде ли да најдам Клен. :think:

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Чет Ное 14, 2013 9:50 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON 1322
ЛокацијаCOLON Прилеп
Бато Оки, секогаш си добредојден!
А клен каде да најдеш... хммм... Абе ти имаш природен сонар кој открива кленови, вклучи го и нема да те изневери... ;)

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Чет Ное 14, 2013 10:19 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON 2233
ЛокацијаCOLON Скопје
Браво СантаФе. :~~ :~~ :~~ :thumbs_up:

Не сум многу љубител на печена риба но ова ми изгледа мошне интересно.
Веднаш ми појде вода на уста. Ќе мора да го пробам во прва прилика.

_________________


[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Чет Ное 14, 2013 10:58 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLON Нед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON 5482
Dobar ova klenot od kozjak ama steta sto pijam samo spricer a ne odi so ovoj recept... :lol: :lol: :lol: :lol:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Чет Ное 14, 2013 11:22 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Пон Aвг 05, 2013 12:30 pm
МислењаCOLON 108
ЛокацијаCOLON Skopje - Kisela Voda - Karpos 1
ova ke bide prvoto jadenje sto ke go napravam otkako ke fatam klencinja :NotWorthy: :NotWorthy: a " Тостолобик " sto riba e onaka da si prasam posto neznam :? pozdrav uste ednas do gotvacot izgleda mnogu ubavo i ubavo slikovito e objasneto :thumbs_up:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 2:24 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON 1322
ЛокацијаCOLON Прилеп
@ Боби
Да го пробаш мајсторе, верувај нема да се покаеш :ok_ok:

@ Крсте
Друже, со шприцер можеби не, ама со шардоне „лизга“ како подмачкано !
A што имам пак домашно Ркцители берба 2010, слободно прашај ги чичко Столе и Јане го имаат пробано па нека кажат :lepi:

@ Sasklar
Тостолобикот друже е фамилија Cyprinidae, односно истата фамилија со Крапот исто како што е и Амурот. Убава риба чие месо малку наблажува и е одлично за овој рецепт :lepi:
Еве линк од википедија за тостолобик: http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0% ... 0%B2%D0%B8

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 9:02 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLON Сре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON 11610
ЛокацијаCOLON Скопје
Убав рецепт :lepi: , ама многу чудни ова кленовиве мали :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 10:56 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON 1985
... интересно и егзотично :D браво за рецептов :thumbs_up: Филип, малите не се кленој [ img ] ми личет на караси или се лажам :)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 11:42 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Сре Maј 29, 2013 8:04 pm
МислењаCOLON 144
Lepi НапишиCOLON
... интересно и егзотично :D браво за рецептов :thumbs_up: Филип, малите не се кленој [ img ] ми личет на караси или се лажам :)
pomalite licet na karasi :) ama zima idet, se imet zgoeno i tie.. :lol:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum