Ако временските услови не дозволуваат да се оди на ..риболов.. тогаш секако дека дозволуваат да се влезе во ..КУЈНАТА..и да се приготви нешто за целото семејство.
Ден –сабота- цел ден слободен па си реков да приготвам нешто вкусно од уловената риба за оние кои ми се најмили ,синот ,и сопругата.
Да денес ке биде ..КРАП..полнет со ( буковка ) печурка и сецкана сланина, како прилог потпечен компир со мешан зеленчук.
И така Окирибар си влезе во кујната си ги засука ракавите и почна со приготвувањето на овој рецепт.
Потребни состојки за ова јадење ,следно.
По можност ..ДИВО..крапче
како во случајов ,со тежина меѓу 2,5 и 3 кг.
2-ве,главици кромид.
1-на главица лук.
1-на китка магданос.
Неколку лимони.
Сол .
Вегета.
Бибер.
Мешан зеленчук.
200 гр,печурка –буковка.
200 гр , чадена сланина .
300 гр ,компир.
И да почнеме со приготвувањето на овој за мене вкусен рецепт.
Сецканиот кромид и лукот се пропржуваат на загреано масло додека добијат румена боја,потоа се додаваат печурките и сето тоа со повремено мешање на состојките убаво се запржува ,на крајот се додава и сецканата чадена сланина со која ја завршуваме оваа постапка и прилогот за полнење на Крапот ни е спремен.
Крапот односно рибата секако дека треба добро да го исчистиме од ..изнутриците..да ги отстраниме крлушките од него и добро да го имиеме од надворешната и внатрешната страна.
Рибата со нож ја засекуваме понејзината ширина за да може поубаво да ја засолиме со ,сол ,вегета и ,бибер,истото ова го правиме и од внатрешната страна.
Со веке приготвената смеса го полниме Крапот од внатрешната страна ,добро го затвораме му налеваме една чаша ..вино.. два исцедени лимони и една шоља масло за јадење.
Рибата ја ставаме во плех за печење ја покриваме со алуминиумска фолија , вака приготвена ја ставаме во рерна која претходно ја загреваме на 220 степени, и ја печеме рибата близу еден час.
Ја отстрануваме фолијата за да може рибата добро да се запече од сите страни и како таква ја сервираме за јадење.
Секако додека траеше печењето на Крапот ние го (сваривме) исецканиот компир ,потоа на путер го запрживме и му го додадовме ситно сецканиот Магданос сето тоа по вкус се посолува .
Мешаниот зеленчук се приготвува на истиот начин како и компирот и како ..ПРИЛОГ..се сервираат со ова јадење.
Сето ова вака приготвено треба да се сервира и декорира ,јас го направив тоа на мој начин
,имајки во предвид дека не сум ..ГОТВАЧ..и не излезе така лошо.
Додека сервиравме нашиот ..КРАП..беше веке печен и изгледаше вака.
Димитар ги излижа прстите барем по 20 сетина пати ,што значи дека беше
На вас ви посакувам да го приготвите овој рецепт и ви посакувам ..ДОБАР АПЕТИТ..
се гледаме на вода ..БИСТРА ТАВА..