www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Борба против концесионери и рибочувари
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=57&t=2289
Страна 79

АвторCOLON  alekpmzp [Саб Јан 25, 2014 8:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

Да не нагаѓаме нека ми прати се, општо познато е дека службени лица имаат одредени мерки кој можат да ги употрбат, вклучувајки и заплена на одредени „алатки“. Против нив е поведена прекршочна постапка, поради одземањето затоа и напишав, а до душа дур не го видам официјалниот документ од МВР неможам да ви коментирам детално. Затоа најдобро да се стрпите, Емил да ми се јави објасни и прати целата документација пе ќе можам да ви исокментирам.

АвторCOLON  SantaFe [Саб Јан 25, 2014 8:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

Не бре какво бришење на постот, супер е тоа што се понуди :NotWorthy:

Постапката не е поведена поради одземањето на алатки кои се забранети за рекреативен риболов, туку поведена е постапка за нарушување на јавен ред и мир според член 4 кој гласи:
„Кој на јавно место со карање, викање или непристојно и дрско однесување го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност. “

АвторCOLON  alekpmzp [Саб Јан 25, 2014 8:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

Од тоа што ми го прати официјално нема ништо законски, ке му објаснам на Емил најубаво, чл.4 = Прекршочни санкции, чл.80 што го спомена Емил е за Подносител на барање ( ака кој може и како се поднесува) а споменатиот чл. 63 е за Самат апостапка , карање и викање не ми значи ништо ниту пак ке му значи на судијата нигде не е опишано делото ОПРЕДЕЛЕНО со Закон , а друга работа затоа го чекам Емил чл. 84 гласи Отфрлање на предлогот
1) дејствието опишано во барањето не е прекршок;
2) постој ат основи што ј а исклучуваат одговорноста за прекршок;
3) настапила застареност за поведување на прекршочната постапка;
4) барањето го поднел неовластен подносител, односно лице;
5) постојат други законски причини поради кои прекршочната постапка не
може да се поведе;
6) барањето не е поткрепено со докази за сторен прекршок и
7) барањето не ги содржи потребните податоци од членот 81 на овој
закон.

31
(3) Решението од ставот (1) на овој член ќе се достави на подносителот
на барањето, а оштетениот ќе се извести дека имотно-правното барање
може да го остварува во парнична постапка.
(4) Против решението од ставот (1) на овој член подносителот на
барањето има право на жалба во рок од осум дена до второстепениот суд.

Доколку сите наведени во документот издаден од МВР или барем некој од нив е РИБОЧУВАР
Чл.84 ст.2 објаснува доволно. И мора да биде отфрлено. Најдобро е да си направиме еден моабет со Емил или некој од споменатите тројца од документацијата. Да ми објаснат убаво во детали.

АвторCOLON  JaneMK [Саб Јан 25, 2014 8:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

:shake_hand: :shake_hand: :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:

АвторCOLON  SantaFe [Саб Јан 25, 2014 8:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

Така е друже, мора убаво да се разбере што е и како е... Од тоа што ти го испратив (што мене ми го испрати Емил) неможе баш најдобро да се разбере што се случува со постапката... Инаку и јас го советував да не се грижи и дека веројатно ќе биде отфрлен предлогот за поведување на постапка и да се конслултира со Адвокат... Емил, мислам нема да се налутиш што на колегата му ги испратив сликите што ми ги пушти, само добронамерно ако можеме некако да помогнеме. :lepi:

АвторCOLON  saso [Саб Јан 25, 2014 9:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

alekpmzp НапишиCOLON
Не сум многу активен на форумов, неможам да помогнам без да видам, така да ако на некој му треба некаков правен совет поврзан со нашето хоби слободно може да ме контактира, а доколку е за приватна работа си работам строго по Адвокатски Тарифник за рибари (без дополнителна награда).
Поздрав .
Можда испадна како оглас, али за да стане јасно дека „хобито“ наше е исклучок приватните проблеми и успеси на поедници и групи си се она што ме одржуваат во живот.
Доколку некој смета дека целовкупната содржина на овој пост не е адекватна нека го избрише целиот.

:lepi: :lepi: :lepi:

АвторCOLON  alekpmzp [Саб Јан 25, 2014 9:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

Значи тоа е целиот моабет, кога ке си направиме моабет ке знам како што било, дека постои прекршок како таков постои, меѓута има многу околности, затоа секогаш е се за џабе доколку не ги знам сите детали, и не ги видам сите документи, се е нагаѓање.
Верувам дека се ќе биде во ред. И оставаме оваа непријата ситуација да ја решиме со некој од наведените лица во документот.

Него дајте сега вие совет каде да се оди по крапови за едно 7-8 дена :) Ова веќе не се оздржува.
Ми чури глаата од со ми се оди по риби, ги искинав сите предвези и напраив нови.... и правам боили на рука само да се залажам дека нешто као демек се спремам дека ќе ловам у брзо време ....
Кој ја измислил зимава......
Нема спас за нас, ах барем тие „комерцијални“ езера да беа присутни во нашава метропола, па не се најде никој паметен од нас да ја вметне у Скопје 2014 :)
Бистро !

АвторCOLON  emil.matoski [Нед Aпр 27, 2014 1:49 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

emil.matoski НапишиCOLON
Денес добив писмо од МВР Охрид дека против мене, Танче - рибочуварот и против лицето С.Д. - рибокрадец ќе биде спроведена судска постапка за нарушување на јавниот ред и мир.
Имено, на 13.06.2013, јас и Танче го затекнавме лицето С.Д. со сертме и притоа му го одзедовме истото и спроведовме судска постапка за делото (сега на 03.12.2013 бевме на суд со него). Истото лице уште тогаш во МВР ПС Струга не пријавило дека сме го тепале, па со Танче бевме на сослушување повеќе од 1 час додека се објаснивме со инспекторите дека немало тепање, туку само му е одземен забранетиот риболовн прибор, при што имаше мала расправија и тргање, држење, но никако удирање. Од инспекторите во полиција тогаш ни беше кажано дека С.Д. доставил медицинска белешка со која се потврдува дека на тој ден бил во болница веднаш после настанот и примил терапија за смирување, но не доставил никаков документ за нанесени телесни повреди, па ни беше кажано дека нема да имаме никаков проблем.
Денес добиваме писмо од МВР Охрид со кое тројцата ќе одговараме за нарушување на јавниот ред и мир поради карање и викање на јавно место ????

Се можев да очекувам, ама ова ниту на сон :D

Совет од мене: ако видите дека некој краде во маркет, пазарче ... од кај вас дома, од вашата фирма ... или ... никако немојте да викате и да се карате со него ... може да заработите пријава од МВР.

Ќе ги објавам и видеата од настанот, само да ги најдам во компјутеров.
Денес стигна одговор од МВР Охрид по овој предмет. Јас и рибочуварот Танче сме опоменати, а рибокрадецот кој не пријави во полиција дека сме го нарушиле јавниот ред и мир е осуден на 100 евра казна :ok_ok: . Дополнително истиот рибокрадец по нашата тужба пред извесно време доби пресуда од 666 евра казна.
Голема благодарност до сите членови на форумот кои на некој начин ми помогнаа да докажам дека јас и рибочуварот си ја вршевме должноста и не го нарушивме јавниот ред и мир.

АвторCOLON  ТафТабиТ [Нед Aпр 27, 2014 8:42 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

:~~ :~~ :~~

АвторCOLON  Krki [Нед Aпр 27, 2014 9:25 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Борба против концесионери и рибочувари

Ima napredok i vo nasava drzava :thumbs_up: :thumbs_up: :~~ :~~

Страна 79 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/