www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Сеп 24, 2021 8:42 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 4 5 ELLIPSIS 10 »
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Вто Maр 06, 2012 10:50 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON 2186
ЛокацијаCOLON Скопје
Прочитав одличен текст од Пјотр Пискорски за боите на вештачките мамки и нивното влијание на риболовот, на сајтот на Салмо:

http://salmo.atn.pl/page.php?id=351

Мислам дека е добро да го имаме на Македонски, па ке пробам да го преведам овде на форумов колку што можам подобро.


--------------------------------------------------------------------------------------

Дали боите се важни?

Веројатно не постои риболовец, кој не си го поставил ова прашање. Што се знаеме за тоа? Дали бојата на воблерот, дезенот користен од страна на производителот имплементиран со разни техники, влијае на ефикасноста на мамката? Ако е така, тогаш дали и до која мерка бојата влијае на бројот на ударите? Со други зборови – дали енормниот избор на бои на вештачките мамки во нашите риболовни продавници е само стапица за нашите пари или оправдана неопходност?

Сите вие драги пријатели веројатно сте ги слушнале приказните – во ова езеро штуките напаѓаат само златна лажица, на друго реагираат само на сребрена, а на оној потег на реката мамката мора да има плав грб и нема шанси таму да имаш добар клен на воблер со црн грб. Како производител на вештачки мамки јас често морам да ги слушам ваквите теории, и што е најлошо од мене се очлекува да одговорам со професионални коментари. Исто така јас сум и ихтиолог, па би било најдобро да ги објаснам сите вакви теории во еден кредибилен научен манир. Научниците го истражуваат видот на рибите последните 100 години, а риболовците често ги мотивираат со интересни информации од праксата. Сепак процесот на гледање кај рибите е само делумно испитан. Неможеме да предвидиме дали нашето знаење некогаш ке ни дозволи да разбереме какви слики се креираат во мозокот на штуката при погледот на вештачката мамка.

Но сепак, ние знаеме доста за тоа прашање –

Што се случува со светлината кога продира низ течности

Сите знаеме дека белата светлина се состои од спектар на повејке бои, во кој спектар одредени бранови должини одговараат на одредена боја. Човечкото око ги регистрира следниве компоненти на белата светлина подредени од најкратките кон најдолгите бранови должини – црвена, портокалова, жолта, плава, индиго и виолетова.
Светлината продира различно низ вода и низ воздух. Може да се каже дека водата ја “филтрира светлината”. Првенствено треба да знаеме дека светлината продирајки подлабоко во водата ја губи својата енергија. Некои бранови должини се рефлектираат и дисперзираат уште на површината а исто така покасно биваат апсорбирани. Поединечните бои (бранови должини) се филтрирани (апсорбирани) како длабочината се зголемува. Топлите бои избледуваат и стануваат сиво-црни со продирањето низ водениот столб. Црвената избледува на длабочина од 3 метра, покасно портокаловата и жолтата почнуваат значајно да избледуваат. На длабочина одприближно 10 метри портокаловата не вејке видлива а жолтата едвај се гледа. На приближно 20 метри жолтата изгледа зелено-плава а само плавата, индиго и виолетовата остануваат непроменети за окото. Треба да запомниме дека овие проценки се валидни само за кристално чистите езера. Било какво заматување на водата, органски супспензии кои се јавуваат доста често дури и во најчистите води, исто како и разбрануваната површина на водата драстично ке ги променат бројките.


Вкупната енергија на светлината опаѓа како длабочината се зголемува. Иако на 10 метри сеуште ја гледаме жолтата боја како жолта, нејзиниот интензитет ке биде многу помал отколку на 3 метри длабочина. Во бистро езеро црвената ке биде видлива на 3 метри, но во заматена река ке се “претвори” во црна уште на половина метар под површината.

Дискусијата за тоа дали и до кој степен боите на вештачките мамки влијаат врз резултатите во риболовот треба да почне со кратка анализа на тоа што сме го осознале за видот на рибите. Многу пати сум слушал за сомнежот изразен од страна на риболовците кога зборуваат за ефикасноста на некој вештачки мамец.

Затоа, пред се –

----------------------------------------------------------------------------------------

ке преведувам дел по дел, неможам се одеднаш :)

_________________
[ img ]


Последна промена од 2 на VladoMKD, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Вто Maр 06, 2012 11:47 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON 2186
ЛокацијаCOLON Скопје
Дали рибите го гледаат светот окулу себе во боја?

Ако е познато, дека дури и кучињата имаат сериозни “проблеми” со разликувањето на боите (ги гледаат жолтата и сината најдобро) тогаш рибите, сместени подолу на скалата на еволуција веројатно не ги разликуваат боите воопшто. Всушност не е така. Ихтиолошките истражувања без сомнение докажале, дека повејкето видови на риби ги разликуваат сите бои видливи за луѓето, а некои можат да видат дури и повеќе! Постојат, сепак, големи разлики во способностите помеѓу различни видови на риби. Тие зависат од факторите на животната средина, како и (транспарентноста на вода и интензитет на осветлување). Окото на рибата е изградено слично како и окото на другите 'рбетници. Мрежницата игра клучна улога во процесот на гледање. Фотосензитивни рецептори се наоѓаат во неа. Постојат два вида на рецептори, т.н. стапчиња и чунчиња. Стапчињата регистрираат низок интензитет на светлина, а чунчињата работат кога осветлувањето е интензивно. Како и кај повисоките примати, чунчињата се одговорни за разликувањето на бои. Луѓето имаат 3 видови на чунчиња. Тие се одговорни за регистрирање на трите основни бои - црвена, зелена и сина боја. А мрежницата изградена на таков начин ни овозможува да се разликуваме над 300.000 нијанси на бои.

Градбата на мрежницата во очите на рибите зависи од условите во кои тие живеат, и нивните потреби. Дневните видови, кои имаат многу повеќе чунчиња во мрежницата, може да разликуваат многу подобро бои од ноќните видови. Рибите кои живеат во плитки и добро осветлени води имаат четири, па дури и пет видови на чунчиња (на пример пастрмката). Ова им овозможува да разликуваат повеќе бои од луѓето - на пример ултравиолетовата. Други риби имаат два вида на чунчиња, што ја ограничува нивната способност да разликуваат бои до одреден степен (на пр. Смуѓот).

Од друга страна, рибите што живеат во слабо осветлена средина имаат само еден вид на чунчиња. Покрај тоа, нивната мрежница се карактеризира со голем број на мали стапчиња и мал број на чунчиња. На пример, кај Маничот (Lota Lota), односот на стапчиња спрема чунчиња е 200:1. Рибите од длабоките мориња, но исто така и некои видови познати на нашите риболовци (Сомот) немаат воопшто чунчиња. Очите на овие риби се многу чувствителни на светлина. Во исто време, тие имаат многу мали способности во однос на разликувањето на детали. Прагот на светлосна чувствителност на очите на рибата не зависи само од видот. Може да се појават разлики како резултат на прилагодување кон одредени услови (на пр живеење во темнина) помеѓу единки од еден ист вид.

_________________
[ img ]


Последна промена од 1 на VladoMKD, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Сре Maр 07, 2012 12:02 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Сре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON 1072
ЛокацијаCOLON skopje
odlicen tekst vlado.

_________________
...?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Сре Maр 07, 2012 12:18 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON 1530
ЛокацијаCOLON Skopje
Општо,каква и да е врста на риболов,убаво и полезно е да се знае горе напишаното.Доста поучно Владо,убаво што го сподели со нас...

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Сре Maр 07, 2012 1:02 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON 2186
ЛокацијаCOLON Скопје
Има уште :)


Дали поседувањето на мамки во многу различни бои ги зголемува шансите за добар улов?


Базирано на истражувањата на биохемиските процеси кои се случуваат во мрежницата и експериментите со риби, можеме да замислиме како различните видови ги гледаат нашите вечтачки мамки.

За предаторот да има шанса да ги забележи нашите напори да го залажеме со мамки во различни бои , мора прво да ја регистрира мамката. Секако, без сомнение, за мамката да биде регистрирана, мора да е во контраст во однос на позадината и опкружувањето. Ова е особено важно во услови на слаба осветленост.

На поголеми длабочини, каде само остатоци од светлината продираат, боја со поголем контраст од сината наспроти сино-зелената позадина би биле белата или сребрената. Користењето на призматична фолија, која ги рефлектира остатоците на светлина во различни насоки, може да даде добри резултати исто така.
Сепак сигурно дека одредена боја или комбинација на бои кои се совршено видливи во контраст со песочното дно, нема да бидат толку видливи наспроти темното дно или во длабочините.

Ова е веројатно клучот на успехот во одредувањето на мамката. - повеќето предатори откриваат присуство на потенцијална жртва во близина, кога ја регистрираат како контраст во однос на околината или животната средина. Нивото и видот на овој контраст зависи од голем број на фактори -време од денот, тип на дното, интензитетот на светлина која доаѓа од површината и така натаму.

Како што вејке заклучивме, бојата е значаен фактор кој влијае на видливоста на мамката. Но дали е и најважен?
Да се потсетиме што зачи да се риболови со вештачки мамки. Ја имитираме храната на рибите користејки го нагонот за глад. Но дали е тоа единствена мотивација за напад? Еден познат Полски писател, пасиониран риболовец, еднаш напиша дека некои мамки се толку убави што рибите го искажуваат своето восхитување со гризење. Тие немаат раце - па "плескаат" со нивните усти!
Одлуката на предаторот да ја нападне мамката или да се откаже е базирана на повеќе фактори. Рибата ја проценува големината, обликот, начинот на кој објектот се движи. Звукот кој го емитува мамката и миризбата се исто така важни, како и многу други фактори за кои и немаме претстава. Колку повејке од овие фактори предаторот ги забележува како “интересни”, толку е поголема можноста да направи одлука во корист на риболовецот.

Да се потсетиме на останатите сетила кои ги користат предаторите покрај видот. Најмногу од нив – штуката, кострежот, буцовот, пастрмката – се потпираат на видот. Други- како сомот – користат други сетила за лов. Сепак кај сите нив, сетилото за движење во страничната линија е многу важно. Познато е дека штуката дури и во услови кога нема светлина, дури комплетно лишена од видот, може да се снајде многу добро во својата средина, фаќајки плен само со помош на ова многу осетливо сетило.

Без сомнение користење шарени мамки може да помогне да се измамат предаторите –

Продолжува...

_________________
[ img ]


Последна промена од 1 на VladoMKD, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Сре Maр 07, 2012 1:12 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Сре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON 1072
ЛокацијаCOLON skopje
bravo bravo bravo bravo bravo bravo prodolzi :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:

_________________
...?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Сре Maр 07, 2012 1:16 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON 6956
Колеееегааа :shock: просто ме изненадуваш, позитивно нормално...браво! ;)

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Сре Maр 07, 2012 1:41 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON 2186
ЛокацијаCOLON Скопје
Во бистра вода

Бистра и добро осветлена вода претставува сериозен предизвик за риболовецот, кој сака да го измами предаторот со вештачка мамка. Бојата и изгледот на мамката стануваат најважни во вакви случаи.

Но дали прецизното копирање на боите е секогаш најдобриот рецепт? Еден Амерички риболовец опишува интересен случај необјаснива ефективност на бојата на оксидирано олово во бистрата вода на еден планински поток. Овој факт тој го открил случајно барајки објаснување. Се испоставило, дека поради некоја необјаснива причина, пастрмките од потокот ја гледаат многу подобро и ја напаѓаат бојата на оловото, која нам ни изгледа сива и не многу видлива, наместо на пример, сјајната боја на никел или полирано сребро. Можеби рибите ги гледаат овие бои сосема поинаку од луѓето. Затоа, производителите се соочуваат со сериозна задача. Тие мора да ја копираат бојата на оксидирано олово иако никој не е сигурен што точно таа треба да изгледа и претставува ...
И научните експерименти и спортската риболовна пракса ни укажуваат дека во бистра вода, белите и прозирните мамки работат добро. Деликатни, светкави модели, базирани на употребата на сјајна или холографска фолија се совршени.

Сината, исто така е добро видлива боја. Тогаш не би требало да биде изненадување, кога на балтичките води комбинација на светло-сина, сребрена и бела се смета како најефикасна за лов на предатори со години.
Можеби тоа е доволно за да се користат овие бои и нивните нијанси за да се лови во бистри води?
Ова прашање мнугу често сум го поставувал на многу риболовци. Многумина мислат, дека гладната штука (а тие се обично гладни) напаѓа се што се движи. Дали тогаш вреди да се посвети внимание на убаво нацртани крлушки, перки и точки специфични за видовите кои ги имитираме?

Се испоставува дека видовите со мрежница многу по комплексна од човечката, немаат проблем со забележувањето на најмалите детали и правењето разлика меѓу потенцијалните жртви, па затоа и нашите мамки исто така.
Во мрежницата на штуката на пример, има едно чунче наспроти 3-4 големи стапчиња. Ваквата конструкција го прави окото на овој предатор многу осетливо на светлина, но во исто време може да разликува детали перфектно.

Продолжува...

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Сре Maр 07, 2012 2:24 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON 2186
ЛокацијаCOLON Скопје
Во мрежницата на штуката на пример, има едно чунче наспроти 3-4 големи стапчиња. Ваквата конструкција го прави окото на овој предатор многу осетливо на светлина, но во исто време може да разликува детали перфектно.
Експериментите извршени од страна на еден германски ихтиолог, кој храни штуки со мажјаци од мала тропски рибка докажува дека по многу кратко време предаторот го распознавал пленот со многу мала разлика во боја.
За возврат, ниската чувствителност на светлина не ги мачи штуките, бидејќи, како што знаеме, тие обично ловат додека е светло, од изгрејсонце до зајдисонце.

Пастрмката сепак, за разлика од нив има можност да ги види боите и најмалите детали на потенцијалниот плен многу подобро од луѓето, а исто така се способни да гледаат блиски и подалечни објекти во исто време, способни да прават јасна разлика во боите од различна далечина.
Затоа, како што риболовците на овие риби знаат, тие се многу тешки противници. Препорачливо е да се камуфлирате колку што е можно подобро. Секое невнимателно движење на брегот обично влијае негативно на уловот на тоа место.
Едноставни експерименти во пракса покажуваат дека рибите брзо можат да научат основни геометриски фигури. Покрај тоа, предаторите покажаа особен интерес кон некои графички дезени. Тоа се два концентрични круга на контрастни бои.

Најголемата активност, па дури и агресивност била предизвикана од моделот направен од два кругови, со внатрешниот потемен во контраст на надворешниот.Ова секако е еден типичен графички приказ на око! Се испоставило дека, за време на последниот момент пред нападот на предаторот, тој “цели” кон окото на жртвата. Тоа е обично поврзано со мало водење на нападот во правецот на окото на жртвата. Со други зборови предаторот предвидува во последните милисекунди дека жртвата ке се движи на страната каде се наоѓа окото. Некои риби ова го користат за да ги збунат напаѓачите со креирање на темна точка , во облик на “додатно око” на страните кај опашот . Затоа боењето на големи очи на вештачките мамки е дефинитивно оправдано.

Се разбира, ноќните риби - на пример сомот - немаат вакви способности.

Сепак вреди да се помачиме окулу боите и дезените на вештачките мамки-

Продолжува... ама утре, доста ми беше за денес :)

Кога се ке стане сиво

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Дали боите се важни?
ТемаИспратеноCOLON Сре Maр 07, 2012 3:22 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON 2186
ЛокацијаCOLON Скопје
Кога се ке стане сиво

Вкупниот интензитет на светлина во даден момент секако е многу важен. Боите избледуваат многу побрзо на облачен ден отколку на сончев. Во самракот, кога интензитетот на светлина рапидно опаѓа очите на рибите кои се хранат во тоа време се “префрлаат” на гледање со стапчињата. Боите ги гледаат како бледи сенки помеѓу бело и црно. Со цел да го привлечеме вниманието на предаторот најдобро е да се користи боја со најголема разлика во однос на површината на водата. Ако ние ловиме во самрак во бистра вода, црвената боја е одличен избор.

Пред шест години бев на риболов на штука со еден пријател во Шведска на Балтичко Море. Денот беше прекрасен и сончев. Во кристално бистрата вода ударите беа совршено видливи
Рибата јадеше добро. Предаторите ги напаѓаа нашите џеркови од голема далечина. Пријателот учеше да лови со Salmo Slider во тоа време, и често ги менуваше џерковите. Како резултат на тоа, на крајот на денот, јас имав многу повејке уловени риби.
Пред вечерта одлучивме да посетиме еден мал залив лоциран помеѓу три мали острови покриени со високи борови.Штуките беа тука, за кратко време уловив три со тежина помеѓу 2-3 кг.

Како и претходно ловев со Salmo Slider во Real Perch (Костреж) боја. Сонцето се сокри зад врвовите на високите борови кои растат на островот на крајот на денот и ударите престанаа. Пријателот во тој момент реши да користи црвен Slider (Red Tiger). Го водеше веднаш под површината на водата, усовршувајки ја техниката. За време на зајдисонцето само оваа боја беше видлива од далеку и дозволуваше на рибата да ја следи нејзината вибрација. Да не бев присатен како сведок веројатно немаше да поверувам што се случи тогаш. Во следните петнаесет минути пријателот имаше дузина удари и успеа да реализира 7 од нив, риби со тежини до 5 кг!!! Во исто време кај мене, ловејки со природна боја на Костреж немаше ниту еден удар!!

Продолжува ...

_________________
[ img ]


Последна промена од 1 на VladoMKD, променето е 0 пати

Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 4 5 ELLIPSIS 10 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum