www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Aпр 25, 2024 12:12 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 3:51 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Храна во природата

-Собирање и подготовка
-Подготовка на одделни продукти
Поднебјето на Република Македонија изобилува со продукти од дивата флора и фауна кои можат да се послужат за исхрана во природа.Во понатамошниот тектс ќе се задржиме на продуктите кои се пронајдени и се користени за исхрана во природата.

1.ЕЖ
[ img ]
Сите ежови кои се наоѓаат на подрачјето можат да се користат за исхрана.Ежовите можат да се најдат во шума,во грмушки или во близина на вода.По пронаоѓање на ежот,тој се фаќа со заштитни средства заради заштита на рацете од неговата кожа која е покриена со бодликави иглички со коишто ежот се штити од неговите непријатели.
Начин на подготовка:
Ежот се превртува на грб и со нозете се гази од двете страни со цел да се отвори внатрешниот мек дел од неговото тело.По отварањето на мекиот дел,се утврдува каде се наоѓа главата и притоа со движење на ножот во правец од вратот кон врвот на главата (носот)се врши колење.По колењето ежот се остава да искрвари.Откако ќе искрвари ежот се фаќа за предните и за адните нозе и се развлекува за да се појави помекиот дел од кожата,односно делот каде што нема иглички.Потоа се засекува кожата од предните и од задните нозе по средината на стомакот,а потоа се започнува дерење, при што се одвојува кожата од телото.Откако ќе се одере ежот,од телото се вадат внатрешните органи и се фрлаат.Пред употреба на месото задолжително се вари,а потоа се подготвува по желба.
2.Желка
[ img ]
Сите сувоземни желки кои можат да се најдат на подрачјето на Република Македонија се користат за исхрана (водните желки не се користат за исхрана).Желките можат да се пронајдат во дабова шума,во грмушки или во близина на вода.
Начин на подготовкa:
Се повлекуват предните нозе од желката кон надворешната страна од оклопот со цел да се појави главата на желката која е скриена во оклопот.Се фаќа главата се истегнува надвор од оклопот и се сече.Се остава желката да искрвари.По искрварувањето желката се поставува на грб и со секирче се сече оклопот од двете страни помеѓу предните и задните нозеДолниот плочест дел од оклопот на желката се истргнува кон надворешната страна, се засекува со нож и се остранува од телот.Горниот дел од оклопот на желката останува на телото.Се одделуваат задните и предните копани од телото и од оклопот кои се употребуваат за исхрана.Црниот дроб се користи за исхрана ако неговата површина е рамна и мазна.Доколку на неговата површина или во внатрешноста има дамки или цисти не е за употреба.Пред употреба на месото задолжително се вари,при што првата вода се фрла,а потоа месото се подготвува по желба.Доколку желката е женка,од нејзиното тело се вадат и јајцата такашто и тие можат да се искористат за јадење.
3.Змија
[ img ]
Сите кои можат да се најдат на подрачјето на Република Македонија без оглед дали ти се отровни или неотровни можат да се користат за исхрана.При фаќањето на змиите потрено е да се внимава на мерките на безбедност поради можноста од каснување доколку змиајта е отровница.
Постапка при фаќање:
Кога ќе се најде змијата,внимателно се приближуваме до неа при што се нагазува со чизма непосредо позади главата и со нож се одсечува главата а телото за еден до два прса зад главата.Отсечената глава задолжително се закопува во земјата ил исе гори заради тоа што отровот е активен и до 6 месеци по нејзиното убивање и може да загорзи животот на луѓето ако се згазне.
Начин на подготовка:
Дерењето на кожата од телото започнува од вратот на змиајта,а потоа кожата се влече во правец на опашката.При влечењето на кожата заедно со неа излегуваат и внатрешните огани –цревата.Змијата се сече во близина нааналниот отвор,при што делот од опашката до аналниот отвор се отфрла.Одраното тело на змиајта се мие,а потоа месото се подготвува по желба.
4.Жаба
[ img ]
На подрачјето на Република Македонија за исхрана може да се користи таканаречената зелена жаба којашто живее во вода река,езеро,бара и слично.Зелената жаба може да се лови на повеќе начини,и тоа со помош на јадица на која е ставен мамец мушица или мало крпче,во вечерните часови со помош на буре кое има примитивна светилка ,при што жабите скокаат по мушичките кои се собраат на светлината и паѓаат во бурето.
Начин на подготовка:
По ловењето на жабата и се одсекуваат двете задни нозе кои се употребуваат за јадење,додека останатиот дел се фрла.Од нозете се оделува стапалото и се свлекува кожинката,а потоа тие делови се мијат и се подготвуваат по желба.
5.Зелен гуштер
[ img ]
За исхрана може да се користи и таканареченито зелен гуштер кој живее во пониските делови на дабовата шума и во грмушките.Сивиот (кафеавио)гуштер кој се наоѓа на истите места не се користи а исхрана зарари неговата недоволна содржина на место.
Начин на подготовка:
На предџотно уловениот гуштер му се отсекуваат глава,нозете и опашката.Му се засечува кожата од коренот на опашот кон вратот,а потоа се дере.Се вадат внатреште органи од телеото на гуштерот,а потоа се мие телото и се подготвува на ист начин како рибата.
6.Полжави
[ img ]
Полжавите можат да се најдат низ целата територија на РМ,најчесто на места во близина на водени текови или на влажни места,на површи обраснати со трева или подножјето на грмушките и на места каде што има коприви.Полжавот е најактивен и може лесно да се најде во рано напролет пред да почне да се исхранува и разможува.Во подоцнежниот период,со оглед на тоа дека тој еден од главните преносители на заразни болести,кога се користи за јадење треба задолжително термички да се обработи.
Начин на подготовка:
Собраните полжави се ставаат во сад со вода и се варат додека не се умрвтват и додека телото не излезе од оклопот.Потоа се вади делтото од оклопот и се одсрануваат внатрешните органи од полжавот.По чистењето полжавите се ставаат во сад со вода и се превриуваат додека не испадне сета нечистотија.По завршување на предходната оработка полжавите можат да се припремат со печени,варени или да се стават во чорба.Доколку немаме доволно време или немаме садови полжавот може да се приготви со печење,така што се крши неговиот оклоп и се става на жар.По печењето му се одстранува оклопот и може да се консумира.
Крупен и ситен дивеч
[ img ]
За исхрана во природа може да се користи месото на сите диви животни со исклучок на месото на волко,лисицата,дивата мачка,јазовецот,куната,ласицата.
Птици
[ img ]
Во нашата држава може се што лета да се јаде со исклучот на стрвинарите како на пример гавранот,страчката и слично.Дивите птици се приготвуваат на ист начин како и питомите птици само што за дивите птици е потребна долготрајна термичка обработка.
Скакулци
[ img ]
Се пронаоѓаат насекаде по нашите ливади.По нивното собирање се ставаат во сад и се подготвуваат со пржење во врела маснотија.
Речни школки
[ img ]
Ги има во сите наши води обично се скриени во калта или блиску до брегот закопани ако е бистра водата и дното песочно лесно се пронаоѓаат бидејќи се познаваат нивните траги каде имат одено.
Начин на подготовка:
Кога ќе ги фатиме школките следува да се отворат со нож или нешто слично потоа вадење на цревата и оделување од самата школка и ни останува едно мало парче месо.Ги ставаме во сад со вода и ги ставаме на огат убаво да се провријат бидејќи тие се речни филтери мора убаво да се сварат за сите нечистотии во нив да изумрат одкако убаво ќе се сварат ги пржиме на масло.
Речен рак
[ img ]
Лесно се пронаоѓаат во сите наши реки обично се скриени до или под камењата во водата.Кога ракуваме со ракот треба да сме предпазливи бидејќи има две канџи кои можат да донесат голема штета ако не фати за прст или слично затоа при ракување со ракот најдобро е го фатиме од грбот неколку прсти над опашот со тоа ќе бидеме сигурни и ќе избегнеме канџите.
Начин на подготовка
Кога ќе го фатиме ракот канџите ги кршиме доста лесно и ги оделуваме од ракот исто така на крајот на опашот се фаќа самиот крај и се завртува еднаш лево потоа десно потоа повлекуваме и излегуваат цревата во вид на една провидна цевка одкако ќе ги исчистиме ракот го ставаме во сад со вода и го оставаме убаво да се свари додека не добие убава црвена боја потоа месото го зачинуваме по своја желба.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Последна промена од 1 на Илчо, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 5:21 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Волчко, ти ко кинезиве, после скакулците, на ред се шкорпиите :D

Шала на страна, поучен текст, оди напред ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 5:37 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Обично кога ме зезат за овие работи ме викаат Беар Грилс кинез е ново :lol: :lol:
Спремам уште некој текст овој беше за храна од животинско потекло следно имам во план еден тектс за билки и се поврзано за нив кои се отровни кои се корисни каде можат да се пронајдат и каква функција вршат.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 9:18 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
поучен текст, волчко ти што од ова си пробал и што е највкусно ?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 9:20 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Не сум пробал змија и гуштер , жабите ми се највкусни :roll:

А може по овие Кинески ресторани овде и тоа да ми пробутале :shock:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 9:34 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Желката е заштитен вид ;) на ежот шо ке му апнеш :D а за жабите-еден од моите омилени деликатеси ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 9:45 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 05, 2011 11:14 pm
МислењаCOLON247
ЛокацијаCOLONBitola
A ribite se jadat vo prirodata ??? :lol: se zezam , gledam si gi zaborajl da gi navedis :shock:

Jas bi dodal i plodovi kruski, jabolka, sumski jagotki , malinki sekako se vbrojuva se toa vo hrana

:D

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 10:14 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Aпр 10, 2012 5:45 pm
МислењаCOLON38
ЛокацијаCOLONSkopje
Super info
i rakovite se mnogu vkusni :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 10:17 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
поучен текст, волчко ти што од ова си пробал и што е највкусно ?
Се имам пробано освен скакулците :lol: :lol: :lol: Највкусно би биле жабите или од дивечот бишката :D

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Храна во природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 10:18 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
petarkarma НапишиCOLON
A ribite se jadat vo prirodata ??? :lol: se zezam , gledam si gi zaborajl da gi navedis :shock:

Jas bi dodal i plodovi kruski, jabolka, sumski jagotki , malinki sekako se vbrojuva se toa vo hrana

:D
Не заборавив да ги наведам него намерно не ги пишав бидејќи тоа е секојдневно нејзината подготовка и како истата да се фати овие ѓи наведив бидејќи не се секојдневни и мора да се има одредено знаење и вештина за да се припремат.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum