www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Aпр 26, 2024 6:36 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Благодети на Природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 11:44 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Заради поволните климатски услови и распространетоста на шумски површини, регионот на Малешевијата е доста богат со печурки , шумски плодови и лековити билки.
Значењето на овие природни ресурси е се поголемо, и со современите начини на истражување се повеќе се навлегува во нивните тајни и се повеќе се користат нивните благодети
ПЕЧУРКИ
ВРГАЊОТ
[ img ]
(Boletus edulis) со сигурност буди најмногу интерес кај љубителите и собирачите на печурки. Има посебен вкус, извонреден квалитет и хранливост. Местото на растење е во мешаните листопадни шуми, почесто и во иглолисните, од почетокот на јуни до крајот на јули и од септември па се до крајот на октомври. Вргањот слободно може да се нарече КРАЛ на печурките.
ЛИСИЧАРКА
[ img ]
(Cantharellus cibarius) личи на паткина нога, со боја како жолчката од јајцето или малку црвено-жолта во средината. Јадлива печурка со врвен квалитет, и разновидна употреба. Расте во листопадните и во иглолисните шуми , по правило во колонии, поретко поединечно. Времето на растење е во јуни , меѓутоа бара доста дождови кои ако ги нема, може воопшто и да не се појави, или само во мали количини.
СМРЧАК
[ img ]
(Morchella conica) Во неверојатниот свет на печурките, смрчакот е една од најнеобичните. Има необични фигури и мириси и се појавува на места на кои другите печурки не сакаат или привидно нема од што да живеат- на песок, на изгниени крпи и весници, на опожарени места...Сепак најчесто го наоѓаме низ јасикови шуми, во раната пролет.Смрчакот е особено вкусна, ценета и скапа габа. Сурова не треба да се јаде, бидејќи предизвикува стомачни болки.
СОНЧАРКА
[ img ]
(СРНДАК)(Macrolepiota procera)овие печурки се препознатливи по својот чадорест изглед, лушпите на шапката и прстенчето во горниот дел од стеблото. Расте по ливади, пасишта, стрништа, шумски чистини, по меѓи, од првата половина на септември , па се до крајот на октомври. Исклучително вкусна печурка , најчесто употребувана во Малешевијата како печена, а може да се суши и да се прави ароматично брашно за чорби.
ЈАЈЧАРКА
[ img ]
(Amanita caesarea) Карактеристична по портокаловата боја, убавината и вкусот, со право е наречена ЦАРИЦА на печурките. Позната е уште од римско време каде била гозба за царевите. Може да се најде од јуни до октомври , на отворени и топли места, светли шуми и ливади. Јајчарката има смротоносен двојник Amanita muscaria , која се разликува од неа по изразената кармин-црвена боја на шапката, по која има бели снегулки. Мухарата е една од најубавите печурки , симбол и илустрација на многу цртежи, но колку убава , толку и опасна.
РУЈНИЦА
[ img ]
(БРИКОВКА) (Lactarius deliciosus ) По боја е бледо жолта до портокалова со бројни потемни дамки кои се во вид на концентрични кругови и често позеленуваат.Површината и е мазна и сува , а работ прво правилен и свиткан, а потоа брановиден. Оваа печурка на притисот позеленува. Расте во мешовити и иглолисни шуми, особено под борови, во период од октомври до ноември.Особено е добра за конзервирање и за салати.
ЃУРЃЕВКА
[ img ]
(Calocube gambosa) Печурка која расте во ливади и пасишта, рабови на шуми , особено во непосредна близина на диви сливи, во високиа трева, се јавува во големи колонии во форма на кругови или полукругови. Највеќе ја има околу Ѓурѓовден , по што го добила и името.
ОВЧА НОГА
[ img ]
(Hydnum repandum ) Многу релјефна печурка која на прв поглед многу потсеќа на лисичарката , поради сличноста во бојата и градбата, меѓутоа за разлика од лисичарката, овчата нога на долниот крај од шапката има иглички кои се доста ронливи. Расте и во иглолисните и во листопадните шуми, во големи колонии.
ЦРНА ТРУБА
[ img ]
(Craterellus cornucopioides ) Името го добила поради тоа што личи на труба. По боја е темнокафеава до црна. Дршката и е кратка, и полека кон врвот се шири како инка. Сака влажни места и расте во групи од август до ноевмври но, може и да не се роди. Најчесто се употребува сува, како зачин за чорби и супи.

НАПОМЕНА: Нема ниту едно општо правило со кое отровните габи би се разликувале од оние што се јадат. Не се јадат сите габи кои растат на дрво , ниту сите оние кои ги јадат разни животни , ниту пак се отровни сите оние кои ја менуваат бојата на месото.

ШУМСКИ ПЛОДОВИ

ШИПКА
[ img ]
(Rosa canina) Шипката е висока грмушка , со цврсто стебло и гранки обраснати со трње. Плодот однадвор е црвен а внатрешноста му е бела и полна со тврди влакна и тврди семки. Чајот од шипка во народната медицина е доста застапен поради неговата ароматичност и лековитост. Составот на витамините што ги содржи едноставно го освежува организмот и му дава отпорност против многу болести.
БОРОВИНКА
[ img ]
(Vaccinium myrtillus ) Расте како грмушка со разгрането стебло, на повисоки планински места. Плодот на боровинката е во вид на бобинка со црно-сина боја и со кисел вкус. Поради богатиот витамински состав боровинката се употребува како лек против воспаление на слузниците, шеќерна болест, за подобрување на видот и при пролив.
ШУМСКА ЈАГОДА
[ img ]
( Fragaria vesca ) Повеќегодишно мало зелјесто растение. Плодот на шумската јагода е неправилна бупка со црвена боја, составена од плодови кои се суви и не пукаат, а месниот дел е црвен и сладок. Расте на повисоки места , планини, на работ на шумите и сончеви места. Плодот ја подобрува крвната слика, се користи против склероза на крвните жили и покачен крвен притисок, го спречува згрутчувањето и лепливоста на крвта.
ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

АЈДУЧКА ТРЕВА
[ img ]
(БЕЛА РАДА) (Achillea millefolium ) Ајдучката трева има широка примена. Поради нејзиниот состав се употребува за лечење на болести на желудникот и дебелото црево, жолчката и црниот дроб, го регулира шеќерот во крвта и одличо делува против крварење од хемороиди.
БОЗЕЛ
[ img ]
(Sambikus nigra ) Грмушка или дрво со многу разгрането стебло. На врвот на гранките цветот е собран во вид на чадор со бела или жолто-бела боја и има специфичен мирис. Чајот од цветот предизвикува потење и затоа се употребува против настинка , грип, воспаление на белите дробови и дишните органи, реума.
ГЛОГ
( Crataegus ohyscantha) Средно висока грмушка со разгрането стебло. Гранките се жилави и тврди и полни со трње. Цветовите се со бела или розова боја собрани во метличесто соѕвездие. Глогот лечи од срцеви заболувања, болести на аортата, го регулира крвниот притисок, го јакне срцето, помага при нервна напнатост, несоница, потење, зуење во ушите, страв, вртоглавица, влијае и на попуштање на грчот на крвните садови.
КАНТАРИОН
[ img ]
(ЗВОНИКА) (Hypericum perforatum ) Кантарионот е билка со ситни ливчиња и развиен цвет со златножолта боја. Се употребува за внатрешно и надворешно лекување. Старите Грци и Римјани го употребувале како средство за прочистување на крвта и за лекување рани. Денес чајот се употребува за подобрување на работата на желудникот и цревата, заболениот црн дроб, за подобрување на мокрењето, бесоница, за регулирање на мензисот, нервната напнатост, камен и воспаленија на бубрези, за ублажување на ишијасот.
МАЈЧИНА ДУШИЦА
[ img ]
( Thymus serpyllum ) Надземно полегнато растение со тенко стебло, зелени лени ливчиња и цвет со бело-розева или светло-црвенкаста боја. Има јак и пријатен мирис кој оддалеку се чувствува. Мајчината душица влегува во состав на средства против кашлица, а исто така за правење на забни води и пасти. Лекува од бронхијални грчеви и кашлица, воспаленија на дишните органи, вртоглавица.
КОПРИВА
[ img ]
( Urtica dioica L. ) Повеќегодишна билка која расте по напуштени места , крај патишта, огради, потоци, на пониски и повисоки места. За лекување се користи кај следните болести: крварење од внатрешни органи, реума, алергија, намалување на холестеролот. Едно од најважните лекарски дејства на копривата е што стимулира создавање на црвени крвни зрнца и заедно со високата содржина на железо ја подобрува крвната слика.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Последна промена од 1 на Илчо, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Благодети на Природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 11:49 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 05, 2011 11:14 pm
МислењаCOLON247
ЛокацијаCOLONBitola
Super si gi sredil tekstovite Volcko bravo za trudot , ubavi i korisni informacii ;)

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Благодети на Природата
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 11:52 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Фала :D Најтешко беше да пронајдам слики некои од информациите ги преведов од други страни,а повеќето што го напишав е што ми има објаснувано татко ми што како да се снајдам за кога одам по риба или воглавно шетам во природа.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Благодети на Природата
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 24, 2012 12:17 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Super korisno.Bravo za trudot

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Благодети на Природата
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 24, 2012 12:33 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Горе ,кај шо имаш поставено слика за јајчарка,да не те дупне ѓавол да пробаш од таа на сликите.И Гаргамел во цртаниот ја одбегнуваше таа :lol: :lol:
Сликата ти е од Мухарка-најотровното нешто заедно со Пупавката на нашите простори.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Благодети на Природата
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 24, 2012 12:54 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Poliz НапишиCOLON
Горе ,кај шо имаш поставено слика за јајчарка,да не те дупне ѓавол да пробаш од таа на сликите.И Гаргамел во цртаниот ја одбегнуваше таа :lol: :lol:
Сликата ти е од Мухарка-најотровното нешто заедно со Пупавката на нашите простори.
Погрешна слика сега ќе средам благодарам што ми посочи.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Благодети на Природата
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 24, 2012 1:55 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONНед Aвг 07, 2011 8:13 pm
МислењаCOLON245
Jas poznavam samo dve vrsti na pecurki
1-Ednas gi jades vo zivotot
2-Povecepati gi jades :lol: :lol:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Благодети на Природата
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 24, 2012 1:59 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aвг 31, 2011 11:10 pm
МислењаCOLON916
koj gi razbira neka gi zbira koj ne gi razbira neka ne se orientira po slika za da ne ostane posle od nego samo slika


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Благодети на Природата
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 25, 2012 7:49 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Јас габите не ги чепкам правам разлика од едно до друга али јок...можда некоја е слична на некоја друга оставам тоа на експертите :lol: :lol:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum