www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Maр 29, 2024 9:45 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Внимателно во вода
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 05, 2012 5:41 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Еве еден постар текст од сајтот, кој одговара доста на овој период лето - кога има доста бањање, па споделете искуства

Рибарското хоби е најтесно врзано со езерата, реките и останатите води. Посебно овој летен период голем број рибари се наоѓаат пред предизвикот да се избањаат, да се освежат, да скокаат од некоја карпа и сл. Во тој дух ви пренесуваме неколку извиднички совети поврзани со водата и однесувањето во неа.

1.Ако си загреан од сонцето, во вода влегувај полека со мокрење на сите делови на телото. Доколку наеднаш влезеш во водата, а телото ти е премногу загреано, ладната вода може да те пресече. На многу луѓе во ваква ситуација им се случиле разни незгоди и проблеми. Не влегувај во вода ако си испотен!
2. Не влегувај во вода после ручекот, со полн желудник.

3. Од вода излези пред да ти стане ладно!

4. Никогаш не скокај во место кое ти е непознато! Најпрво провери колку е длабоко и дали на местото на кое ќе скокаш има некоја подводна карпа, дрво, или нешто друго на што можеш да удриш ! Запомни, има многу случаи кога луѓе скокале на непроверено место и тоа им бил последниот скок во животот.

5. Не оддалечувај се премногу од брегот. Во случај да добиеш грч, или ако ти се случи векоја друга незгода ќе ти треба многу за да се вратиш!

6. Не туркај никого во вода !.....

7. Чамците во најголем број случаи не тонат при превртување. Токму затоа, ако си се нашол во чамец кој се превртел, немој да пробуваш со пливање да излезеш на брег, туку држи се за чамецот и чекај некој да ти помогне. Чамецот е повидлив од твојата глава, па затоа ќе привлече внимание кај луѓето и спасувачите, ако воопшто има луѓе во твоја близина.

8. При некој поголем бран, или во моментот кога ќе го изгубиш дното под нозете, нека не те фаќа паника. Остани смирен и запамти - Било кое тело кое во себе има воздух НЕ ПРОПАЃА. Така и човечкото тело. Просторот во кој се складира воздухот е нашата плуќа. Смири се, испружи се, направи "даска" и вдиши што вовеќе воздух, никогаш нема да пропаднеш. Набрзинка испуштај го воздухот и повторно удишувај. Прави мали завеслаи со рацете и ќе стигнеш до копното.

9. Ако при бањањето во реката те зафати матицата, пливај дијагонално во однос на правецот на струјата - така најбрзо ќе стигнеш до брегот.

10. На давеник кој се дави и е подалеку од брегот, помогни му единствено во случај ако си добар пливач. Запомни дека многупати се случило и давеникот и спасителот да се удават.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Внимателно во вода
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 05, 2012 5:44 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
ubavo ....za decava... da znaaat :D :D bravo borce ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Внимателно во вода
ТемаИспратеноCOLONПет Jул 06, 2012 11:23 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
ајде ти зајко кажи некоја случка за памет на други, 2/3-тини од животот си на вода, сигурно си видел многу случки


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Внимателно во вода
ТемаИспратеноCOLONПет Jул 06, 2012 11:45 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
sto da kazam , se pazam i pocituvam nekoi pravila, sekoj sam si e kriv za svoite posledici,, imam videno kako ja raspuka eden glavata na babuna , se [pravese stik ripase lasta u plitko do kolenici,, virot crven stana od krv,, toa e eden pr,,

samo pamet u glava, so voda i ogan nema igranje ,treba postuvanje,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Внимателно во вода
ТемаИспратеноCOLONПет Jул 06, 2012 1:50 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Odam po riba nit plivam nit nurkam :D So trska vo raka najveke do kolena vo voda miren si sedam :oops: :lol: :lol:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum