Во компјутер најдов еден куп слики и потикнат од репортажите на Тапа за конзервирање на чамец и мотор,па и ја да дадам свој допринос.
Пред три години се одлучив да земам приколка.Ми требаше исклучиво за риба па затоа не ги гледав оние големите.Многу ми е важно да биде лесна,мала на габарит и да биде лесна за одржување.Одлуката падна на Полските камп приколки баш од овие причини.Нето тежина е околу 500 кг,долга 2,7м,направена од полиестер.Вака можам лесно да ја спуштам до сама вода,лесно да ја управувам по кривините на тесните рибарски патишта а полиестерот е вековит материјал.Иначе концепциски многу добро осмислена.Ја најдов на оглас за 450 евра.ВНИМАВАЈТЕ ЗАТОА ШТО ОВИЕ ПРИКОЛКИ СЕ ОБИЧНО БЕЗ ДОКУМЕНТИ.
Состојба катастрофа,но не ми беше толку важно затоа што секако почнував се одново.
Вадење на тапацири и подови и оголување до коска.Најдов полски парички во неа од 1970 година и неколку презервативи
Одвојување на кабината од шасијата.
Кабината е крпена со полиестерски кит кој може да се најде во секоја подоброснабдена продавница за бои и лакови.Цената е околу 600 денари и може да се закрпи околу 1/4 м2.
Старите прозори се од плексиглас кој после некое време изложеност на сонце ја менува пропустливоста и добива млечна боја.Кедерите исто во канта.Порачав сигурносни стакла ПАНФЛЕКС кој се направени од две стакла залепени меѓу себе.Кедери исто нови.
Шасијата беше исчистена од корозија,исконтролирани беа сите заварени места и доколу беше потребно беше појачана.
Шасијата беше заштитена со основна боја од Mobihel која се користи за недоброисчистени места,поцинкуван лим,алуминиум...Не е ни приближно иста со миниум и има одлични врзувачки карактеристики.Јака хемија,многу токсична.Цена 500 денари за конзерва.
Следно беше формирање на подот.Најпрвина залепив трака која ја користат гипс-картонџиите и во отворите поставив полиуретанска пена.ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ КОРИСТИТЕ ПЕНА КОЈА ЕКСПАНДИРА.ОВАА ПЕНА Е НАМЕНЕТА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА СТИРОПОР НА ФАСАДИ И ВООПШТО НЕ ГО МЕНУВА ВОЛУМЕНОТ.Пената и траката се поставени за да нема тропање на подот.
На подот поставив ОСБ плочи врз кој ставив филц и на крај наредив ламинат.За жал од оваа фаза немам слики.
Следно беше правење на дрвена решеткаста конструкција за да може да се залепат завршните шпер плочи.Помеѓу решетката беше поставена изолација од стиродур кој има најдобри термокарактеристики.Лепен е со неекспандирачка пур пена.Двата прозори ги затворив затоа што имаше превише прозори и преставуваат термички џепови.
Дрвената подконструкција е лепена за полиестерот со еластични лепаци од Ceresit.Цена 300 денари за туба.НИКАКО НЕМОЈТЕ ДА КОРИСТИТЕ ТВРДИ ЛЕПАЦИ И ВРЗИВНИ СПОЕВИ ЗАТОА ШТО ДОДЕКА СЕ ТРАНСПОРТИРА ПРИКОЛКАТА ДОДЛЕЖИ НА ГОЛЕМИ ДИНАМИЧКИ ОПТЕРЕТУВАЊА И ТВРДИТЕ ЛЕПАЦИ БИ СЕ "СКИНАЛЕ".Користењето на стеги и помошни средства е неопходно.
Следно е кроење на шпер плочата пред да биде бајцувана и лакирана.
Шпер-плочите беа завршно обработени со воден бајц и полиуретански лак.
Штраф нема никаде.Се е лепено со Дрвофикс.
Потоа дојде на ред и законската регулатива.Штопови,триаголници,табличка...
На црв пазар најдов некој штопови кој 95 % одговараа на дупката. Малку го зголемив отворот кој покасно го искитирав со полиестерски кид BODY.
Оргинално приколката имаше полиестерски капак.Сакав малку да го променам тоа па направив метална подконструкција на која поставив капак од плексигас.Лимот го сечев на ласер за да ја добијам кривината.За плексигласот платив 50 евра + еден тон пари за лепаци кој може да го спои плексито за металот.Безуспешно,нит WURTH,Bizon.... немаа таков лепак.На крај се одлучив да му ставам штрафови.Со движењето на приколката дупките на плексито од штрафовите почнаа да прават пукнатини.Како и да е и покрај тоа што изгледаше симпатично воопшто не беше практично.Летно време ме уби топлината од кровот.Ставав и фолии ама џабе.
Го баталив кровот и се вратив на оргиналниот полиестерски.
Приколката ја офарбав со боја која е на водена база затоа што има UV заштита.
Во внатрешноста направив клупи во П форма кој се подигаат и во нив можат да се складираат постелнина,перници и многу други дрангулии.На средината направив маса која се спушта и се формира голем кревет 170Х190 см.Над масата се поставуваат сунгери.
Еве како тоа изгледа кога бев на кампување со мојата керка во Маврово.
А еве како изгледа кога ќе си ја паркирам покрај Радика кај Јанче
На крај али не и неважно да спомнам дека без Даниел(кој е член на Форумов под незнам кој НИК) и без мојот вработен Ирфан ова никогаш немаше да го реализираме.Даниел ги сликаше овие слики и затоа немам ниту една негова слика во акција.
Бистро