Еве дел од една приказна од Дебарско
.....
И така се стемни. Време во кое се вадат фосфорните стапчиња, кои за вечерта да ни биде поинтересна, ние ги бевме заборавиле во кола, на другата страна на езерото. На никој не му се одеше со чамецот, затоа што веќе беше црна темница, затоа што чамецот беше цел мокар од дождот, затоа што пентата правеше проблеми. Меѓутоа немавме избор. Сакавме да ловиме, а фосфорни немавме. И како што би се рекло “Од рибар побудала нема“, двајца влеговме во чамецот и тргнавме по фосфорните стапчиња. Проблемите како да ги претчуствувавме. Пентата несакаше да запали, а при одбутнувањето од обалата се скрши и едно од веслата. Додека колегата упорно се обидуваше да ја запали пенатата, јас со едно весло мавтав од лева и од десна. Поминаа 10-тина минути, а пентата не запали. Сепак ние веќе бевме на пола езеро, во сред никде и во црна темница. Нервозата беше голема но некако стигнавме до другата страна. Ги земавме фосфорните и повторно назад. Веќе температурите беа многу опаднати, а ние со триста алишта и монтки веславме со едно весло. Се направивме “жива вода“ но некако успеавме да догуркаме до кампот. А таму било уште поинтересно. Едниот колега веќе си легнал да отспие во шатор, а другиот кој што бил сам (Кременадла
)му се појавиле две очички од некое животно во шумата. Беше поприлично исплашен кога ни кажуваше. Навистина бевме четворица, (од кој еден веќе спиеше) , ама планината и шумата која се издигаше во нашата позадина почна да станува хорор.
Сепак ние се фокусиравме на риболовот. Стигнаа фосрофните и ние веќе фрлавме во мракот. Сепак залудни беа обидите. Рибата ја немаше, или не јадеше. Дека рибата беше тука, не потсети еден поприлично сериозен удар на една од трските кои беа зафрлени на дубинско на некои 40-тина метри во езерото. Наеднаш сигнализаторот почна да пишти, а нешто да го влече конецот. За несреќа, малку како да подзаборавивме на тие трски, а трската на која имаше удар беше и најодалечената од сите. Контрата стигна, но се чини беше касно. Риба на јадицата немаше и остана дилемата дали беше крап или клен. Овој удар малку не подразбуди, по што вложивме дополнителни напори, повторно закримивме и продолживме да ловиме. Помина еден сат, поминаа два сата, немаше апсолутно ништо за потенцирање. Температурата сигурно веќе беше околу нулата, а огинчето што го запаливме беше се понемоќно, затоа што веќе ни снемуваше залиха од суви дрва.
После извесно време и третиот колега отиде да одмори во шаторот, по што останавме двајца. Времето беше се поладно, а огинот се помал. Направивме неколку обиди да најдеме посуви дрва, но тешко ни одеше, затоа што попладневниот дожд се измокри. Полусуви дрва правеа само чад и тешко гореа. Губевме и на осветленост на местото, што ни беше особено потребно во моменти кога како целата шума позади нас да беше разбудена. Не поминуваа 10 минути да не се штрекнеме од некое шушкање во наша близина. Рибата не јадеше, а веќе и нас почна да не совладува сонот. Некаде околу 11.00 часот на нашите батерии повтоно се појавија очички во шумата
. Двајца спиеа, а ние останатите бевме вооружени единствено со рибарски ножиња и став дека ќе пливаме како Јан Торп ако искочи некоја мечка
. Продолживме да се трудиме околу огинот, за малку повеќе да ја осветли околината, но тоа идеше многу тешко. Повторно шушкање. Таму нешто сериозно се движеше и тоа веќе беше евидентно и доволен сигнал нешто да се превземе. Веднаш ги разбудивме другите двајца и се собравме на итен колегиум. Утврдивме дека рибата не јаде, дека оганот неможеме веќе да го издржуваме, дека немаме оружје, дека во шумата околу нас се движат животни и дека можеби е паметно да се качиме во чамец и “фитиљ да не нема“. Со оглед на тоа што немавме огнено оружје, не мислевме многу, се договоривме све да оставиме, да го земеме само шаторот и “џом“ да не нема, па сабајле да се вратиме по останатите ствари, а мечките нека фаќаат риба
Така и направивме го оставивме цел камп, сосе трски и опрема и се останато. За наша среќа овој пат пентата запали и за кратко бевме од другата страна и за уште пократко веќе спиевме во кола и во шаторот.