Ова може да е и во направи сам но мое мислење е дека е за кампинг бидејќи повеќе се совпаѓаат тука и не е баш некоја наука туку повеќе фитни,цаки да ви го олеснат животот
Прво нешто што јас од кога знам за мене се мачам во животот односно риболовот е кога носам црви со мене особено црни црви што 100% се на дното залепени едно корисно решение без да копате до дното
Многу е просто зимате лименка или цилиндар од по тврда пластика го отварате од доле и горе и ставате пластичен капак од јогурт,кисело млеко и од 2те страни и не се замарате само си ја отварате страната и вози Мишко
Ова е мала варијација но доста компактна и ефикасна,а тоа е за чување на бели црви во кутија од тик так бомбони си наполниш кутијата со црвчиња и со отварање баш излегува црвче или 2 еее сега за жал неможам ваква кутија да ви помажам бидејќки ниту можев да пронајдм на интернет ниту имам бели црви прва прилика покажувам
Сега втората цака е за спинерџиите посебно за Спиро бидејќи лови со спинер-баитови,а секако дека има приметено како сукните на спинерите му бегаат нагоре надоле не на мест,а ластикот не помага
не плаши се има решение зимаме обичен монофиламент и на средината мотаме едно 10-15 пути и си неаме више проблем
Ова другото е за крапџии,сомџии што ве знам на што све се делите е интересен начин за чување и сортирање на јадичките ако случајно ја изгубите кутијката зимата онаа сигурноста игла како ли се вика и ги наденувате јадиците
За општа помош на сите уште малку иновативност од мечката ко што ме вика SantaFe со малку плута
Значи ни се има десено кога сме на вода и наочарите ни паднат во вода и избегаа на дното и рибите после ке се кул
или пак ножот ни е во рака ни се лизне и избега одрака
Едно доста едноставно решение и за ножот и за наочарите е што ставаме парче плута (кога ќе пиете вино зачувајте ја плутата) така што правиме дупка и врвката ја ставаме низ него,а зборувам за врвката што е на дршката на ножот или на наочарите и сето тоа ко ќе го завршите би требало вака некако да изгледа
Само пазете да ставите доволно големо паче плута за тежината од предметот да не го потоне
Последниот е јас што не го практикувам бидејќи сакам све убаво на око да ми излгеда е ставање флуроцентна трака,селотејпт како сакате кажете го на разни предмети што ни се важни клучеви,ножеви,телефони што ти знам кога сме во шума по риба за ако ни паднат случајно полесно да можеме да ги воочиме на земјата.
Не се некои "хај-тек" финти али мислам дека доста многу помагаат искрено мене највеќе она со црвите и кутивчињата и она за наочарите
Поздрав
ПС Утре ако најдам добри слики ќе ви склопам уште едно вакво ду ит јорселв темиче