било која кожна чизма од типот на планика - нај веке пазете ја од одење по високи треви нај често во пролетните месеци или замрзнат длабок снег
- смрт за сите чизми - јас за нецели 4 месеци распаднав еден таков пар на планика,
прво им се изгреба емаилот и почнаа интензивно да ја упиваат влагата, росата така да кога ке ја извадев една чизма имаше скоро дупло тежина од кога би била истата сува
па екстра сушење на парно - мачкање со боја и маст и пак на нога и така цела пролет, кога ке ги исушев изгледаа како да се направени од превртена кожа светло сива боја
- им падна целиот емаил
-нај прво попуштија каде се прекршуваат кај прстите а потоа и почнаа да се параат конците назад кај петата и почнаа веке да прошуштаат вода и толку беше од тие чизми
значи сакам само да ви потенцирам како да си ги зачувате чизмите - далеку од тоа дека не чинат
ако имате можност за вакви услови да си купите од оние гумении ловџиски чизми кои се обложени со синтетичко крзно доста ке се спасите и вие и чизмите гузерици
инаку имам и алпина кои се доста по квалитетни и подобри од планиката, значи е по јака теренска чизма и во ѓонот и во изработката и нив доста ги тестирам (со нив си влегувам во вода до каде што фаќа самата чизма и не ми пропуштиле ) еве едно 4 зими нив ги малтретирам
соломон ги користев едно 5 год и добро се покажаа иако не беа кожни - пукнаа само на местото на прекршување - таму попуште платното - можам да кажам одлична чизма со модерен лик и добри издржливи карактеристики за сите времиња
за војнички чизми од типот на арм нема што да кажам - ако времето се заоблачи тие веке се водени
- бегајте од оваа чизма не е за носење во влажани денови а и лошо ја бандажират ногата, кога е суво ке ви бркаат работа
вака нешто од прва што ми дојде за темата чизми