www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Jул 12, 2020 6:16 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Авто Камп на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Пон Aпр 07, 2014 12:37 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLON Саб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON 5850
ЛокацијаCOLON bitola
Пред некое време и на форумот беше објавена оваа вест, а сега веке и се прошири и во медиумите затоа и ја отвараме оваа тема поврзана со тоа

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ќе се отвори автокамп покрај езерото Козјак



За да се одговори на зголемените потреби за продолжен престој покрај езерото, се вршат подготовки за изградба на нов автокамп, каде што по многу поволни цени риболовците ќе можат да останат и подолг период

[ img ]

Риболовците ќе имаат можност да преспијат покрај езерото Козјак

Риболовци од соседните земји ги открија убавините на Поречето

Сѐ поголемиот интерес на спортските риболовци, како и на љубителите на планинскиот велосипедизам, регатите, параглајдерството и на планинарењето, ја наметна потребата од изградба на повеќе сместувачки капацитети на езерото Козјак. За да се одговори на зголемените потреби за продолжен престој покрај езерото, се вршат подготовки за изградба на нов автокамп, каде што по многу поволни цени риболовците ќе можат да останат и подолг период.

- Полека но сигурно акумулацијата Козјак ги надраснува локалните рамки, и покрај кај домашните, голем е интересот и на спортските риболовци од странство. Најдобар показател се издадените еднодневни дозволи, кои во изминатата година изнесуваа 8.000 дозволи, или од вкупниот број издадени еднодневни дозволи во земјава, дури 80 проценти ѝ припаѓаат на акумулацијата Козјак. Бројот е дури и поголем ако се имаат предвид и државните и специјалните дозволи - вели Михаил Малахов, генерален директор на ЈП „Јасен“, концесионер на најголемата акумулација во земјава.

Покрај интересот на домашните риболовци, сѐ поголем е фокусот кон езерото Козјак и на спортските риболовци од Грција, Србија, Бугарија и од Косово.

- Во соработка со општината Македонски Брод до почетокот на летото на езерото Козјак ќе биде изграден автокамп, кој по поволни цени ќе можат да го користат спортските риболовци, но и другите гости од регионот. До изградбата на автокампот риболовците и другите посетители ќе можат да преноќат во објектите кај селото Белица и конаците на манастирот „Света Богородица“. Разновидноста на рибното богатство во езерото во скоро време ќе го претвори Козјак во вистински епицентар за спортски риболов, каде што ќе можат да се уловат автохтони пастрмки тешки и 10 килограми и крапови со тежина од 10 до 15 килограми - додаде директорот Малахов.

Општината Македонски Брод ќе ја подготви теренската инфраструктура, ќе обезбеди електрична струја, водовод и канализација.

- Пред почетокот на летото на акумулацијата Козјак, кај селото Близанско, ќе биде изграден првиот автокамп. Нашата општина ќе обезбеди соодветна патна инфраструктура, ќе доведеме електрична струја и вода, додека ЈП „Јасен“ ќе обезбеди 30 нови камп-приколки. Нашата општина, покрај таксите од користењето на парцелата, ќе има дополнителна корист и од продажните објекти за прехрана и спортски риболов, кои ќе бидат отворени во близината на автокампот. Добивката од новиот автокамп ќе биде сестрана, бидејќи и туристите ќе имаат можност за мали пари да престојуваат подолг период, да ловат риба, да спортуваат и да уживаат во недопрената природа на Поречето - вели Милосим Војнески, градоначалник на општината.


Автор: Зоран Антоски



извор на веста - Нова Македонија http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=23143

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Авто Камп на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Пон Aпр 07, 2014 1:00 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Чет Феб 28, 2013 11:22 pm
МислењаCOLON 652
nie krapdziite ke si napravime SATOR CAMP ke ima konkurencija

_________________
Shimano tribal realtree


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Авто Камп на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Пон Aпр 07, 2014 1:06 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Саб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON 4780
ЛокацијаCOLON skopje
ova ke bide super

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum