www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Лов на октопод
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=8&t=6871
Страна 22

АвторCOLON  borce [Пет Ное 22, 2019 1:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Лов на октопод

Здраво Дечки.
Оваа година со Фиќо,во средината на месец Октомври,направивме една кампања на лов на Октоподи.
Фаќавме на горенаведениот мамец на Борис(вештачка краба) и со харпун.
Октоподите се наоѓаа на некои два - три метра од обалата и ловот беше релативно успешен.
Беа уловени четири октоподи околу еден килограм и осум октоподи околу половина килограм(плус-минус),некои и не беа во мера за земање,бидејќи мислам дека под половина килограм е забрането да се земаат и мислам дека е забрането и со харпун да се фаќа,ама.... :head_bang: :kompir: :howitz: :lol: :lol: :lol:
За чистење,јас прво им го вадам мастрафот од главата,па потоа очите и за спремање невестата е задолжена.
Знам дека ги вари едно два до три часа и потоа ако се има можност ги ставаме на скара едно две три минути или ако се нема можност ги запржува со или без презла,една или две минути.

Страна 22 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/