www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Риболов со харпун
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=8&t=855
Страна 57

АвторCOLON  MaximJaki [Нед Aвг 05, 2012 9:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

sasoj НапишиCOLON
ilija НапишиCOLON
sasoj НапишиCOLON
nekoj ne gleda bas dobro...jas vidov...32 pa duri i ,8 m :lol: :lol: :lol:
Dobro gledam,ama gledam kako sto mi odgovara 8-)
Да де....рибарска работа ;)
штета што немам Go Pro HD камерче, али ќе биде наскоро па нема да е рибарската... знам дека вака на муабети личи на детски и рибарски лжги али тоа е тоа немам друг вид на докази освен на збор да кажам... како и да е јас сум тука, прва прилика дај боже со некој од вас да имам можност да се сретнам по морињава па ќе можам и да демонстрирам, како што и демонстрирав пред околу 200 сведоци ;) , 2 брода полни луѓе.

АвторCOLON  vasil [Нед Aвг 05, 2012 10:08 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

MaximJaki НапишиCOLON
брод полни луѓе.
Максимчо на Титаник да не беше :mrgreen:
ПС. Јас ти верувам , опремата ти е супер. На времето имав опрема на Марес Суб , ама се со свое време

АвторCOLON  Филип [Нед Aвг 05, 2012 10:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

Лесно е да стигнеш и до 50 метри длабина со еден здив, проблем е враќањето. Јас би земал еден тег од 200 кг и ќе ме одвлече одма надолу, ама после за нагоре не знам шо ќе правам. Илија, идеа? :mrgreen:

АвторCOLON  martinMK [Нед Aвг 05, 2012 10:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

Пред кој гњуреше.. бродовите у префкохори ли.. тој капидан шо ти вадеше боцките од ежот?

АвторCOLON  vasil [Нед Aвг 05, 2012 10:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

Не е баш така лесно Филипе, така како си напишал само ако сакаш да се удавиш. Иначе со постигање на длабочина треба да го регулираш притисокот кој се јавува на ушните тапанчиња , во спротивно настануваат големи проблеми !
Има една техника "голтање на воздух" со неа токму тоа се преовладува , притисокот над тапанцињата

АвторCOLON  Филип [Нед Aвг 05, 2012 10:22 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

Се шалев, знам дека не е така како што напишав :) Малку се потсетив на мафијашки филмови :D

АвторCOLON  vasil [Нед Aвг 05, 2012 10:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

Ааааа тогаш се користи кофа и малку бетон :mrgreen:

АвторCOLON  MaximJaki [Нед Aвг 05, 2012 10:34 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

Како што и кажав во погорните постови, еве ја опремата која ја поседувам јас и начинот на кој ја користам... Листата е голема но кога нешто во животот ти претставува опсесија, и кога знаеш дека опремата има голема улога во твојата безбедност пред се, средствава се најмалиот проблем... сум се откажувал од доста работи за да ја комплетирам опремава

Маска: Tusa Liberator Plus, маскава ја имам и ја користам веќе 7 години, и само можам да кажам дека е перфектна во секој смисол на зборот... никогаш ама никогаш не сум имал било какви проблеми со неа. Сум користел доста маски од реномирани фирми но како оваа маска не сум сретнал.

[ img ]

Црево: Mares Riviera, предпочитам да користам што по обични црева, без многу многу додатоци на нив како самоиспусни вентили и остали дрндупки, зашто со тек на време солената вода ја разјадува гумата/силиконот што се користи во самоиспусните вентили и почнуваат да се полнат со вода

[ img ]

Нож: Tramontina Ocean, многу важен дел од опремата во подводниот риболов. Ножот во подводниот риболов има 2 функции, едната е уловениот плен да го умртвиш брзо за да не се мачи ( едно од основните правила во подводниот риболов ), а втората е за лична заштита, како од животни така и од уплеткувања во јажиња, мрежи... ( доста често се дешава и ова )

[ img ]
Ракавици: Tusa, моделот не го знам точно, горна страна 4мм дебел неопрен долна страна 2,5 мм дебела превртена кожа. Ракавиците играат голема улога,прво поради термо заштита на рацете ( ако тие ладно на рацете т.е. воопшто екстремитетите ќе тие ладно на целото тело ) а второ поради заштита од гризнувања, боцкање на отровни створења :lol: , боцкање ежови и слично.

[ img ]

Чорапи: Mares - SporaSub 3mm, 3мм дебел неопрен камуфлажен од горната страна, одлична термо заштита, и одлична заштита од плускавци, жуљови кои ги предизвикуваат кондурите од пераите затоа што се од доста крута гума за да го издржат притисокот од листовите ( подоле објаснување за кондури и листови )

[ img ]

Одело: Mares Camo Instinct Brown 3mm, исто како чорапите и ракавиците, првата функција му е термо заштита, втората заштита на телото од гребење и исекотини, и третата камуфлажна... Иначе има повеке видови на одела, јас користам Open Cell вид на одело

[ img ]

[ img ]

Листови ( Пераи ): Mares Razor Pro Camo Brown, бидејќи овој риболов бара и нуркање во поголеми длабочини, пераите се малце по различни од обичните односно се состојат од 2 дела кои што се спојуваат со штрафови и мали пластични делови. Овој вид на пераи е првично измислен за Free Diving, а потоа наоѓа примена и во подводниот риболов затоа што основата на подводниот риболов е free diving.

[ img ]

Кондури ( Пераи ): Mares Razor Pro

[ img ]

споена пераја: [ img ]

Нишка за редење на уловот: Нишката за редење на уловот се состои од едно иноксно шипче и конец ( плетеница, монофил, дакрон... )

[ img ]

Маркер: X-Dive - Omer, маркерот е можда најбитната работа за лична безбедност во подводниот риболот, главна функција му е маркирање-обележување на местоположбата на самиот нуркач, сите бродови, чамци кои ќе го видат маркерот МОРААТ да поминат на минимум 50 метри близина од него... втората работа е кери ( носалка ) за додатна опрема, втора пушка, ластици, и слично..

[ img ]

Каиш за олова: SeacSub Quick Release, на каишот за олова освен оловата најчесто се закачуваат нишката за улов и канапот од маркерот. Има повеќе видови на каиши но најдобри и најбезбедни се оние со quick release систем. Во случај да се наида на некоја потешка ситуација и настане проблем со излегувањето на површина само се отвара токата од каишот и цел каиш испаѓа, со што овозможува нуркачот без проблеми и додатни тежини да исплува на површина.

[ img ]

Олова: Повеќе фирми произведуваат различни типови на олова, од најобични до некој нови ванземаљски, јас ги користам оние обичните... Оловата во подводниот риболов наоѓаат голема примена не само за побрзо постигнување на посакуваната длабочина, туку најбитната работа е за да нуркачот кога ќе нурне да биде во неутрална положба т.е. пример, нурнуваш на 4 метри длабочина и тука остануваш, ако не пливаш стоиш во место, нит тонеш надоле, нит се качуваш нагоре.

[ img ]

Пушка - Харпун: Mares Phantom FV 95, моја основна пушка без која ниедно нуркање неможе да ми се замисли. Пушката фабрички доаѓа со 1 циркуларен ластик 19мм S-Power, но добрата работа и огромната предност на ластикарите пушки во однос на пнеуматските е тоа што ластикарите можеш да ги надоградуваш и преправаш по твој мерак. Јас лично користам 2 циркуларни ластика 16мм Cressi-Sub X-Power со динема wishbone кој што ги кратам на 3.4 коефициент ( овој сетап ми е за deep dive наменет ), вториот сетап ми е со 2 паралелни 19мм Riffe Black Slings кратени на 3 коефициент ( овој сетап е послаб од првиот, поспоро излетува шипката и го користам за плитки води ). Инаку шипката на пушката е 6мм, 17-4PH stainless steel, хаваи модел ( во превод, нема менување на шилото - забците, едно шило е со 1 контра која што се отвара кога ќе го погодиш пленот )

[ img ]

Машинка за пушка: Mares Spiro 87, основната улога на машинката е ако погодиш
поголема риба да не ти ја однесе пушката :lol: , на неа имам намотано 1.2мм дебел дакрон

[ img ]

- Mares Cyrano 700, пнеуматска пушка која што ја користам како бек уп пушка, т.е. ми стои закачена на маркерот за секој случај, до душа ни 2 пати не сум ја пукнал зашто сум страшно против пнеуматски пушки... Доаѓа со 7мм шипка и тоа е тоа, неможеш ништо да и мењаш, неможеш да ја праиш по твој тертип

[ img ]

АвторCOLON  MaximJaki [Нед Aвг 05, 2012 10:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

vasil НапишиCOLON
Не е баш така лесно Филипе, така како си напишал само ако сакаш да се удавиш. Иначе со постигање на длабочина треба да го регулираш притисокот кој се јавува на ушните тапанчиња , во спротивно настануваат големи проблеми !
Има една техника "голтање на воздух" со неа токму тоа се преовладува , притисокот над тапанцињата
има повеќе техники за декомпресирање, од основната, затварање на носот и нагло дување во него, голтање воздух, па се до голтање и вода :lol:

АвторCOLON  MaximJaki [Нед Aвг 05, 2012 10:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со харпун

Филип НапишиCOLON
Лесно е да стигнеш и до 50 метри длабина со еден здив, проблем е враќањето. Јас би земал еден тег од 200 кг и ќе ме одвлече одма надолу, ама после за нагоре не знам шо ќе правам. Илија, идеа? :mrgreen:
најлесниот начин да скинеш конци по брза постапка :lol: ако ништо друго барем 2-3 саати ќе се врти риба на местото... :lol: :lol: :lol:

Страна 57 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/