Јане не се разбираме братко.. или нејкеш да се разбираме или незнам што е..
Разбери - зборам дека дистанцата е само голем плус не е пресудна дали се разбираме сега или пак имаме некое недоразбирање..
Ти оди и на 1001 куп ама ако неможеш да стигнеш таму каде е рибата џабе ти е се.. тргни од оној муабет „незнаев дека Шекерко може да мава 130м+“ тоа јас никогаш не би си го дозволил.. да незнам до кај му се можностите на мојот партнер.. или па јас се да правам пошто не верувам во некој и неговите можности.. ова укажува дека сме его манијаци
извини ама така е..
Упорно го ставаш искуството како број еден а во ниеден момент не сум видел јас да делиш некој интересен совет на помладите (овде не сум јас и не сум помлад во оваа лакрдија наречена крап) за разлика повеќето нема ден да не подучам некој помлад колега..
Упорно тврдиш дека дистанцата не е битна.. Јас тврдам дека е битна и дека тоа е еден плус голем.. затоа што ако ти застанеш на 120м јас на 150м сум пред тебе и сум ти отварач.. јас тогаш го поставувам темпото во случај да рибите доаѓаат од внатрешнината на езерото..
Критиките знам дека ти се добронамерни но и во ист момент одбивни и негативни.. Не треба да одам на сериозен куп за да го видам сето она кое го напишав горе затоа што на најсериозната работа во овој наш свет наречен крапски риболов, а тоа е светското првенство се потфрла и тоа дебело од сите.. Знаеме дека не сме спремни и дека касниме.. но поентата на мојата реченица околу инстинктот е да доколку се споделуваат информации доколку има повеќе вакви работилници, доколку секој еден некој стари цаки фори и тајни ги пренесе на некој кој ќе му користат нема да се наоѓаме во сра*ево..
--
Пошто еве јас зборам на памет (а не од лична анализа) која е просечната дистанца во овие 3 светски а која е максималната дистанца која некој ја ловел?
Просек 130 максимум 150/160.. значи многу е проста работата
- или ке работиш на тие дистанци.. или ке си чекаш па ке се занесуваш со златни топчиња.. особено ако ти се погодат некој кој фрлаат подалеку од тебе.. и се увежбана машинерија која има по 250 дена на вода..
Ме праша дали нешто сум применил од муабетите на крапска работилница - да не бидам лошо сфатен доаѓам таму за дружба.. сето она кое се збори таму јас не само што го знам(теоретски) него го владеам(практично).. најмаклу тебе треба да ти објаснувам затоа што ме знаеш каков човек сум..
Не се спорни твоите успеси и знаење.. спорно е тоа што секогаш велиш дека
фрлање се учи на куп, на куп се учат тактики се учат многу други работи и се освен
фрлање.. ама се освен фрлање да повторам.. таму се стекнува со натпреварувачки инстинкт, искуство, знаење.. и пак да повторам се освен
фрлање.. затоа што ако е така ти сега ке фрлаше 255м.. логично нели имаш еден тон купови а ние кој фрламе снајпер на 150м немаме ниеден
Одговорите мои се многу реални и на место, јас не живеам во заблуда дека јас сум МекЛеод Хајлендер и дека сум со соломоновото знаење.. И дека сум имал 1001 куп.. апсолутно ништо од тоа не е битно.. ако сите ние не придонесуваме за општото добро за натпреварувачкиот дел во крапскиот риболов..
Ете затоа пишав дека е добро да се споделуваат искуства..
Затоа пишав дека ако знаеш нешто како тоа се прави покажи го и научи ги тие што сакаат да учат.. а како ке го применат тоа.. тоа е нивно..
_________________
ЗСРРК Мак Дам
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport