www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Хелихоптер
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=93&t=6857
Страна 13

АвторCOLON  ТафТабиТ [Нед Oкт 29, 2017 6:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Хелихоптер

Поздрав колеги

Некако долго време бев во некоја заблуда дека хелихоптерот е забранет на натпревари па некако немав желба да го користам ни на слободен риболов . Постариве колеги ме исправија дека у ствари нема забрана за користење на овој систем на на натпревари па решив да почнам да го користам и благодарение на Рибоцентар ги купив првите Хелихоптер системи на Карп Систем .
Последнава кампања на Берсин одвоив 3 трски на кои го ставив хелихоптер системот и искрено ме изненади доста позитивно . Секој систем има свои добри и лоши страни , јас ги увидов добрите па да чуеме ако некој колега има повеке искуство со овој систем да сподели искуства ( позитивни и негативни )

Бистро ;)

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пон Oкт 30, 2017 1:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Хелихоптер

Неколку слики

1, Карп систем ... истиот кој го користев на Берсин


[ img ]



[ img ]


[ img ]

АвторCOLON  DavidRibar [Пон Oкт 30, 2017 1:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Хелихоптер

Дали може на овој систем наместо осмица да се користи Quick Change ?

АвторCOLON  DavidRibar [Пон Oкт 30, 2017 1:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Хелихоптер

И која е предноста со користенње на хеликоптер системот?

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пон Oкт 30, 2017 1:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Хелихоптер

DavidRibar НапишиCOLON
Дали може на овој систем наместо осмица да се користи Quick Change ?

Сигурно може ... јас користев веке готов систем и ја користев осмицата . Малку е попороблематично кога треба да се смени предвез но не гледам причина зошто не би се користел и Quick Change

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пон Oкт 30, 2017 1:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Хелихоптер

DavidRibar НапишиCOLON
И која е предноста со користенње на хеликоптер системот?
За мене лично предноста беше што на подалеките зафрлања , помала е вероватноста да се умрси предвезот .
доколку дбото е муљевито , оловото пропаѓа во муљта но предвезот останува горе над оловото .
многу подобро се детектира ударот на сигнализатор што од една страна е позитивно , но кога има голема популација на ситен крап тогаш е мана бидејки има многу титкања кои не се удари т.е. малиот крап или бела риба го мрда подвезот и го активира сигнализаторот

АвторCOLON  Boris [Пон Oкт 30, 2017 4:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Хелихоптер

Имаше ли случаи на замрсен систем на вадење ?

АвторCOLON  Dimitar [Пон Oкт 30, 2017 4:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Хелихоптер

Борис,јас лично порано кога го користев хелик. не се сеќавам да сум има замрсен подвез.. Инако многу го користев порано овој систем баш на карп системи,само му додавав плус уште една гумица (топче) од долната страна.

АвторCOLON  Spaiva [Пон Oкт 30, 2017 4:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Хелихоптер

Нема мрсење никакво, системот си ротира како сакаш врти го и влечи го.

Според мене, најдобро е цел систем да е поставен на лид кор. :ok_ok:

Мислам дека FOX имаше такви спремни тип/топ.

АвторCOLON  Dimitar [Пон Oкт 30, 2017 4:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Хелихоптер

Spaiva НапишиCOLON
Нема мрсење никакво, системот си ротира како сакаш врти го и влечи го.

Според мене, најдобро е цел систем да е поставен на лид кор. :ok_ok:

Мислам дека FOX имаше такви спремни тип/топ.
Супер е системот. Јас го сменив на времето кога одев скоро секој ден на риби,кратко по 5-6 саати,ме нервираше што требаше да го кинам оловото секој ден и да преврзувам систем,затоа преминав на сејфти. Планирам пак да го користам само со брза врска и на оловото.

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/