Точно е Јане оној првиот на сликата го добив од тебе но со времето се покажуваат добрите и лошите страни на секој производ.
- Оној првиот како и оној Кординиот се добри но секогаш фрлаш со претпазливост затоа што многу лесно се извлекува од прстот и можеш да го изгубиш како што отиде во Италија оној мојот. (не би го препорачал)
- Chub-от го имав и мана му беше што откако ќе се натопи испаѓа од нитната па останува само напрсток кој неможе да се користи. ( не би го препорачал )
- Gardner-от го купив од Даниел кумановец и мана е што доколку треба да се фрла подолго ќе се остетиш како да носиш гипс. По вадењето на ракавицата долго остануваат жлебови од пресвиткувањето.( не би го препорачал)
- Gamakatsu-то е одличен
нема никакви забаелешки. Одлична кожа, убаво лежи на рака, не се осеќа дека го носиш и по подолго време. (повторно ќе набавам оваков)
-Fox- не сум користел и неможам да дадам забелешки.