абе јас навистина не ве разбирам,ова било добро ова било копија ,ова било вака ова било онака.
Па земете параболици SPORTEX, машинки BBLC, сигнализатори DELKIM ,свингери FOX ...и завршена работа ама треба 2500-3000 евра па да не му ја мислиш.
Ај да го видиме тој што може да го купи тоа одеднаш, не верувам дека 2посто од форумов не можеме да си го дозволиме тоа.
Мислам дека кога некој ќе побара совет или мислење за одреден производ за одредена сума на пари, да му се даде на човекот образложение дали е добро, дали вреди за парите а не одма напад.
Сите знаеме што е добро што е убаво, а сепак само убедувања дека ова не чини ова било ѓубре-а зошто затоа што тоа е ефтино и дека не е реномирана фирма ,дека е некаква си копија итд.
Овдека испаѓа работава да човек нешто што го купил и сака да го сподели на форумов ......страв да го фати.
Сепак на крај останува секогаш познатата стара,добра и за жал вистинита поговорка.......колку пари толку музика
Сале, никој никого не нападна и никој овде не прашае за мислење за некој прозивод туку затоа што некој пробуваше да не убеди дека копијата е исто толку добра или пак во најмала рака скоро иста со оригиналот за 10 пати помала цена нели.
Никој никого не осудува со каква опрема лови.
Моментално поседувам опрема од средна класа која супер ми служи за Вардар и за пократки излети, што не значи дека треба некој да ме осуди за тоа.
Но ако кажам дека моте сигнализатори на пример кои се копија на FOX се исто толку добри колку и оригиналните а коштаат 5 пати помалку, тогаш се разбора дека ширам дезинформации.
Копијата никогаш не може да биде добра колку и оригиналот и тоа сите го знаеме, па ни приближно.
Кога ја прифатив модератосрската функција на крапскиот дел од форумот си ветив самиот на себе дека нема да дозволам да се случуваат нешта што порано им се случувале на напи форуми, од одредени и овде присутни членови, со ширење на дезинформации и стварање на зајадлива и неподнослива атмосфера со тролање и пишување на наерагументорани глупости се со цел да се заработи на неукоста и незнаењето на неискусните колеги.
Во моментот кога ќе се дозволи овде на форумов да се шират дезинформации заради остварување на лична добит овде на форумот, ќе си заминам без поговор и објаснување.
90% од старите крапџии се познаваме меѓу себе и знаем кој сме , што сме и какви сме.
Нема потреба од фарбање фасади и мавање четки, не сме вчерашни.