Миксот е тој што е храната, хемијата е само хемија.. најбитно од хемијата се аминокиселините, затоа што крапот има дури 9 вида рецептори за аминокиселини а само 2 са арома т.е. мирис, и 4 за вкус.
за мики дј,
како прво, во ловењето крап доаѓа местото, второ е тактиката а трето е мамецот.
имено за мамец можам да ти кажам основни миксови кој ке бидат како добра основа а понатаму треба твоја креативност.
250 гр соино брашно
250 гр пченкарно брашно
300 гр пелети за пастрмка
100 гр тип 400 брашно
100 гр семиња за канаринци ( пола крупно мелени пола ситно)
на ова 10 јајца С класа или СС.
20 - 40 мл Рибино масло
1 голема лажица сол.
можеш да додадеш арома од ЦЦмооре сквид есенс или краба.
=====
250 гр соино брашно
250 гр пченкарно брашно
150 гр млеко во прав или соино млеко во прав или од ццмооре витамело
100 гр тип 400 брашно
50 гр пивски квасец од виталија
100 гр јачменово брашно
100гр семе за канаринци мелено пола крупно пола ситно.
од ароми можеш било која овошна, cranberry essence од ccmoore како пример
ако имаш пари купи си засладувач од ццмооре а ако не дијамант или хуксол за дијабетичари
10 јајца с или сс.
=====
во миксовите за амино киселини ке си додадеш некоја течна храна од ццмооре или аминокиселини посебно исто од ццмооре.
како што реков предходно ова ти се основни Веро или Тинекс миксови кој ке ти фаќаат, само треба да се потрудиш околу местото и да прихраниваш. Јас до ден денес на инстант риболов користам вакви миксови затоа што се ефтини.
сите состојки ке ги најдеш во веро на штандот на виталија за здрава храна.
за тие што бараат домача кујна, може да ги сварите бојлите, па од после да ги дипувате со арома, затоа што домачите ароми се термо лабилни и ке испарат во варењето. инаку ако ви е
инаку секако дека оваа цела хемија не е стартно потребна, можеш и со бланко бојли да фаќаш, како совет.. дип од меласа, со цимет, и бојли со цимет во нив
имено .. сакам да кажам бидете инвентивни и не мислете дека род хатчинсон мулбери флорентајн или сквид енд октопус е тоа што фаќа... тоа е само сигнал да го донесе до храниличтето.. фака местото и тактиката...
п.с. за засладуваш можеш и да користиш и мед и или дарк мусковадо односно меласа од виталија, која се дозира по две големи лажици на 10 јајца.
Поздрав,
Мартин.
_________________
ЗСРРК Мак Дам
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport