Прво да предупредам дека со овој коментар не сакам никој да омаловажам,ниту пак самиот да си дадам на важност...!!!!Со боилата прв пат се сретнав ’98 год.,набавена од Србија,производство од Тома Карп,месна боила,биг блу мазел....успехот беше неминовен пошто немав никаква конкуренција...пошто беше тешко да се набави,ама и скапо,почнавме со експерименти,набавка на литература,среќа што сум у фирма која меѓу првите имаше интернет,штампање на ангро,трошење службени тонери...бркање на најразлични бучкуруши!!!Првите години бевме предмет на подсмев од останатите рибари....нема нешто што постои од домашна кујна а што немам пробано....нормално со доза на успех подобро отколку пченката и ноклата (качамакот)која претходно ја работев...првиот бум го доживеав дури 2000-01 год...кога со поголемо разбирање почнав да ги разработувам компонентите на михот кој го правев,нормално,поголем дел од хемијата,домашна...екстракти за сокови,пудинзи,прашоци за сладолед,слатко од домашно производство и што ли уште не,мал дел и запознавање со крапска хемија ми беше кога почнав да земам(толкав беше и изборот) од Горан,продавница ЛОМ бо ГТЦ,подоцна се пресели во Мавровка,претежно од Тома Карп и СБС...И се беше добро,дури и одлично,посетував две три води каде што имав ненормално добри улови.....ама....!!!!!
Ех да не бев толку голем ентузијаст
,желбата за самодокажување не однесе во спортскиот крапски риболов....И...!!!!...невиден крах...првото појавување на крапски куп ’05 год.ќе го доживеевме без ниедна риба и тоа на Аквариум,каде што останатите екипи фаќаа и по 200кг риби ако не дојдеше Ице Мамба и од дома не донесеше едно кесе боили..нормално со добро набилдана хемија..!!!!..и така започна се....добро беше да си останеше како порано,никој друг да не правеше боили,едноставно крапскиот риболов да застанеше а ние по старо да си бркавме по домашните кујни(со ситни кавги од жените)....да си тепавме крапови каде и да се појавевме....ама не беше така...крапскиот риболов се рашири,напредна,а со него и одреден круг на луѓе коишто веќе беа длабоко навлезени во крапската наука
....неминовно беше да се почне малку позрело....!!!!
Не сакам да ги негирам коментарите на Келтан,дека домашната кујна работи!!!!....Да,ама на води коишто помалку се нападнати од комерцијалната боила....Не го оспорувам и тврдењето на Јане,дека без хемија боилата е боса и гола....едно нешто треба да се разбере....КОГА и КАДЕ...!!!!
Постојат води каде што и мојата боила е скоро без хемија,па како таква и работи,зошто дозираната претходно само ја бркаше рибата...ама постојат води каде што без добро надрукана боила можеш да дремеш со денови како мисир...!!!!
Мислам дека со ова малку ке се смират тензиите околу самодокажување и омаловажување
....значи повеќето што пишуваме овде одамна сме згазнати во крапската машинерија,па треба малку да ја смириме топката...кој како мисли така нека си прави,а не од една страна држ од друга недај...секој имаме различни искуства од водите,подобро да ги коментираме неуспесите па да бараме чаре заеднички отколку да се навредуваме и препукуваме...јас веќе почнав еднаш од нула,од домашен џем од јагоди
....стигнав до џем од јагоди од Ричворт...видов која и каква е разликата...е сега повеќе не се враќам на домашниот џем пошто и шеќерот и јагодите се многу скапи,а тек па работата на домашните,бесценета,
....полесно ми е да дадам 5-6 фунти за 50мл готова арома,исто толку за засладувач а ќе ми зашпараат 10-тина тегли домашен џем
....па сега кој има калкулатор нека прави математика...значи секако се фрлаат пари во вода...останува изборот...само!!!...и домашното се купува нели?????