И додека си седам раат со чајче во Македонски брод, еден ден пред големата сесија на Козјак, со сознанието дека крајот е тука некаде блиску, си велам:
Каде оди крапскиот риболов, мојата најголема љубов.
Голем дел од мојот живот помина со Вас крапџии. Контрадикторни, НО најубави луѓе во мојот свет. Ви благодарам за насмевките, љубовта кон рибите и кон мене. Фала му на Васко Костов за се што стори оваа работа пак да заживее. Фала му на Рибар 2011, на Диме, Тафта, на Здравче звани Џемс Дин т.е. бунтовник без причина, на Сашо, на Борис и Крсте и милиот ми Мишо, фала му на Предраг, на Јоцо, на Раде и Мики срциња од луѓе, на мојот бивши партнер (за кого искрено жалам) Кајстор, на Зоки Пакунг за минатото, на Оливер и Марјан во оваа лига. Фала им на Сергеј, Тони, Мечо, Кокан, на починатиот Игор, фала ти голем човеку Милчо Иванов, јас и ти не ја најдовме оазата, но поминав убави времиња со тебе, фала ти. Луѓе како Флоре и Ристето не еден саг, два, се ќе им дадам, зошто се луѓе со срце и само за пријатели да ги имам. Поклон кон Арнаудови, особено кон Дарко како синот де го гледам, полн со љубов и ентузијазам, луѓето со големо срце и знаење. Даниел Наумовски и приказната за бунтовникот за крапски права, а секогаш е во врвот и Тони солар, фала ти Јанко, легендо и белегу на еден период на развој и најмногу фала за анатемата велешка, со која 100 пати се скаравме, а останавме пријатели, за рибарот пар екселанс, за карактерот без компас, но најголемиот пријател кога ви треба помош, за најдобриот меѓу нас, капа долу, се му е простено и конечно, на крајот, му признавам... дај поучи ме, да се тргнам од шумските јаготки и да почнам да фаќам риби. Не смеам да не ги споменам милите луѓе од МАК Крап, на чело со Зоки Смилчевски-легенда.
Најдобриот, искуствено меѓу нас, задоволство ми е да го наречам дека ми е личен пријател. Перо Стефков е мој пријател и јас учам од него. И го сакам како и Мики и сите Вас заедно.
Хвала и мојим пријатељима Цапану и Болдину, Чичи и покојном Паји, хвала Домазу, хвала Матиолију и Барбари на личној коресподенцији, највише хвала Браци и Миши Мајкичу, Љуби, Мелегу и Кирају и Бојану и Мудринском, Боби Шампањцу, Радосављевичу и Мичи и Декију.
На крајот од овој натпреварувачки пат барав, а барајте и Вие радости и смеа, а не невалидни риби и караници, не трња и кактуси.
Навистина сте подобар дел од мојот живот и Ве сакам сите до еден,
Со искрена почит кон сите, искрено, од се срце Ве сакам сите.
МАРКС
Е па редовен, иако си во моментов одсатен, со овој пост што потсеќа како на додела на Оскарите, уште малку ќе ме расплачеше. И ние те сакаме тебе!!! Поздрав редован још једном