www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Aпр 27, 2024 9:49 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 18, 2015 12:47 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Гледам постои интерес и некои размислувања околу Капитенот на Репрезентацијата. Многумина гледаат клучна улога во него и еден од основните причинители за успех(неуспех) на Репрезентацијата. Бидејќи, по сплет на околностите сум бил на 2 пати во таа улога ќе се осмелам да дадам некои видувања, па Вие надоврзете се.
Работите се поставени на две основи, два капитена (капитен и тренер). Едниот е за состаноци, комуникација, информации од кај Матиоли и состаноците на Капитените. Другиот е за на стаза, снимање, шпиунирање, пренесување на она што другите го работат во другите боксови. Искуствата (како актер во таа улога) ми наметнуваат заклучоци дека улогата на Капитенот во изборот на ТАКТИКА како ќе лови секоја од трите екипи во Репрезентацијата НЕ Е И НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ КЛУЧНА. Тој е должен да пренесе сознанија од стазата, секторот и евентуално да упати на причините за успех на некој од соседите. Според она што досега го видов на 5 СП, ниту еден Капитен не им кажува КАКО да ловат. Тоа е избор на натпреварувачите, кој се непосредно во боксот и многу подобро ги знаат карактеристиките на самата позиција. Можат да се разменат мислења, информации и Капитенот (заради искуството кое е неопходно да го има) може да ПРЕДЛОЖИ одредени постапки. Сепак, натпреварувачите во боксот (и тие не се од господ паднати, кога се квалификувале) и се (за разлика од Капитенот) нон стоп на местото на злосторот".
Некои пропагираа и градење на тактика однапред (две хранилишта, едно блиску, едно подалеку, дење таму, ноќе ваму) што по мене е илузорно. Секоја вода, секој натпревар, е приказна за себе.
За да го поткрепам сето ова ќе Ви наведам два примери за ситуации кога сме постигнале најголем успех. Ицо и Јонче на СП во Франција и Пепи и Мики на СП во Португалија. Во случајот во Франција, се се одвиваше онака како Ицо со Јонче си изградија стратегија и останаа доследни на тоа, свесни за одговорноста која ја носат. Во случајот со Пепи и Мики во Португалија, сите околу нив "цепаа" на голема далечина, па дури и еден Бојан од комшилук, кога увиде што прават нашиве, се повлече на 70/80 метри.
Сакам да кажам дека и покрај силните желби за успех, не лежи паричката во умот на Капитенот или раководството. Во овој спорт, клучни се оние во боксот. Неколку пати сум се обидел да наметнам сознание дека во овој спорт има фактори кои не се под наша контрола. Ете Ви и за тоа пример во бронзениот медал на Тони Дуката и Сашо Атанасов во Италија. Две рипчиња и крај. Со некои работи мораме да се помириме, а не да удираме со дрва и камења по натпреварувачите и логистиката.
Секој натпреварувач е посебен свет. ТРЕБА да фрла и далеку, треба да знае да маркира, треба да биде прецизен и издржлив, но ако го нема инстинктот и ксметот џабе е. Искуството од доживени вакви ситуации, само по себе е најбитниот фактор.
НО, некогаш и тоа не помага. Некогаш не е ни до Капитенот, ни до натпреварувачите, ни до целата логистика.
И уште една работа оклу логистиката. Ниту Хрвати, ниту ЈАР-овци, ниту Срби, ниту Англичани, во преден план не се ангажираат за да уловат тактика и да ја пренесат и да ја применат кај своите момци. Не им е тоа примарно. Сите се доволно писмени и искусни самите да дојдат до заклучоци, посебно заради неидентичноста на позициите. Претежно, пазат некој да не украде излаже при мерење, риба да им се донесе, да не се прекршат правилата.Некои и на дрва дежураа (Франција), кога домаќините крапче од 900 грама го пишаа 9 кгр. :D

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 18, 2015 2:31 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Prvin ke mora da te demantiram...Vo Italija celo vreme lovevme vo dogovor so kapitenot i ostanatite takmicari po odnapred zamislena taktika.
A za mene kapiten e koj odnapred ke sobere informacii za vodata i napravi barem 3-4 treninzi zaedno so takmicarite na nekoja voda...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 18, 2015 3:43 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Според мене најбитните делови се:

Точни и свежи информации за случувањата на стаза. - Информацијата која е од пред 3 саати е веќе стара..

Второ.. Луѓето кој се лепенки и ранери по секторите мораат да имаат исто толкаво познавање колку и самите натпреварувачи..

Ова не е одговор кој треба да се даде кога некој од секторот твој ке те праша.. имено
- На што ловат..?
одг: на зиг
- Колкав.. ?
одг: па едно два три метри :confused: :confused: (2 или 3 метри е??) од 2 - 3 метри бок и шеширџија е муабетот..
- а која боја..
одг: е па незнам не видов

или

- Кој систем го ловат и која далечина?
одг: па на дно..
-а должина на предвез?
одг: е тоа незнам.. :confused: :confused:

Значи ѝ во двете ситуации кој ги опишав логистиката потфрлила комплетно.

Некој ранери/посматрачи одат до таму да бројат колку кругови на машинка намотал за да знае +/- 5 метри на која далечина да каже на своите.. Некој и со двогледи ке ги гледаат предвезите и системите.. и нормално е да имаат точни информации, и најбитно свежи информации да се дадат на натпреварувачите..

Е сега кога ке имаш свежи информации и точни.. ке имаш основа за да знаеш каде со дел од тактиката да се усмериш.. останатиот дел е онаа која си ја замислил па и даваш уште малку шанса за да видиш дали ке проработи или не.


Секое натпреварувачко дуо е посебен свет.. и да има премногу фактори за успех.. но сите тие фактори се намалуваат ако логистиката е безпрекорна и знае што прави и дреме 24 часа на стаза.. уште повеќе тие фактори ке се намалат доколку се пренесе точна тактика од околните.. и врз база на тоа натпреварувачите ке изработат подобро..

И да не навлегувам понатаму во што и како било во Италија, иако не сум бил дел, сите што беа ги распрашав за нивните импресии.. и ке ви кажам дека не се сјајни..

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 18, 2015 3:54 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
И уште нешто.. секогаш ке следиме некој кој направил тренинзи на таа вода..

Тоа значи дека следењето на тие кој направиле тренинзи е премногу битно.. Откриле и знаат што работи.. а пошто ние сме утепани и немаме пара за тренинзи на таа вода каде ке е СП.. ние ке копираме.. ОК е да отидеш со предефинирана тактика.. ама ако не упали.. мораш да копираш.. ке се шлепаш.. е за ова да функционира.. мора логистика..

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 18, 2015 4:03 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Капитен , тренер ... како сакаш крсти го :D
позадината и капитените треба да се тука за информација и логистика . Без добра позадина и квалитетна информација , џабе везеш ...
погледнете го клипот на романците кои беа позади боксот на хрватска во италија .
типот снима со камерче , зумира мамец и прихрана , не мрда од позади хрватска и пренесува точна и квалитетна информација .
првиот ден и ние имавме лепенка позади наш бокс ... типот стоеше и броеше колку мериме на колчиња , колку фрламе , што фрламе ...
позадината , како што рече Мартин е доста битна и мора да е спремна да му пренесе точна информација на капитенот кој треба да им даде точна информација на натпреварувачите .

Капитенот е најјака карика меѓу натпреварувачите и позадинците ... треба да ги координира , да ги постави на вистинско место и да им прибира навремени информации .
само од инает и суета нема да се има успех ако се почитуваат некои работи ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 18, 2015 5:13 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Можеби не се доискажав со правата реченица.. па затоа фрка трка

Според мене најбитните делови плус со на Макрс постот се:

Точни и свежи информации за случувањата на стаза. - Информацијата која е од пред 3 саати е веќе стара..

Второ.. Луѓето кој се лепенки и ранери по секторите мораат да имаат исто толкаво познавање колку и самите натпреварувачи..

Ова не е одговор кој треба да се даде кога некој од секторот твој ке те праша.. имено
- На што ловат..?
одг: на зиг
- Колкав.. ?
одг: па едно два три метри :confused: :confused: (2 или 3 метри е??) од 2 - 3 метри бок и шеширџија е муабетот..
- а која боја..
одг: е па незнам не видов

или

- Кој систем го ловат и која далечина?
одг: па на дно..
-а должина на предвез?
одг: е тоа незнам.. :confused: :confused:

Значи ѝ во двете ситуации кој ги опишав логистиката потфрлила комплетно.

Некој ранери/посматрачи одат до таму да бројат колку кругови на машинка намотал за да знае +/- 5 метри на која далечина да каже на своите.. Некој и со двогледи ке ги гледаат предвезите и системите.. и нормално е да имаат точни информации, и најбитно свежи информации да се дадат на натпреварувачите..

Е сега кога ке имаш свежи информации и точни.. ке имаш основа за да знаеш каде со дел од тактиката да се усмериш.. останатиот дел е онаа која си ја замислил па и даваш уште малку шанса за да видиш дали ке проработи или не.


Секое натпреварувачко дуо е посебен свет.. и да има премногу фактори за успех.. но сите тие фактори се намалуваат ако логистиката е безпрекорна и знае што прави и дреме 24 часа на стаза.. уште повеќе тие фактори ке се намалат доколку се пренесе точна тактика од околните.. и врз база на тоа натпреварувачите ке изработат подобро..

И да не навлегувам понатаму во што и како било во Италија, иако не сум бил дел, сите што беа ги распрашав за нивните импресии.. и ке ви кажам дека не се сјајни..

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 18, 2015 11:00 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 12, 2012 9:48 pm
МислењаCOLON496
ЛокацијаCOLONBitola
ТафТабиТ НапишиCOLON
Капитен , тренер ... како сакаш крсти го :D
позадината и капитените треба да се тука за информација и логистика . Без добра позадина и квалитетна информација , џабе везеш ...
погледнете го клипот на романците кои беа позади боксот на хрватска во италија .
типот снима со камерче , зумира мамец и прихрана , не мрда од позади хрватска и пренесува точна и квалитетна информација .
првиот ден и ние имавме лепенка позади наш бокс ... типот стоеше и броеше колку мериме на колчиња , колку фрламе , што фрламе ...
позадината , како што рече Мартин е доста битна и мора да е спремна да му пренесе точна информација на капитенот кој треба да им даде точна информација на натпреварувачите .

Капитенот е најјака карика меѓу натпреварувачите и позадинците ... треба да ги координира , да ги постави на вистинско место и да им прибира навремени информации .
само од инает и суета нема да се има успех ако се почитуваат некои работи ;)
Сакаш да кажиш дека логистиката со вас во Италија не го работеше погоре напишаното?
Па сигурно сеуште имам детални слики од предвезите на романците, португалците, хрватите итн. од светското 2013
Поентата ми е и шо фајде од сето тоа кога сите фаворити ловеа на различен начин, шо му сменаја на Јане и Оливер точните и навремени информации во сиромашен со риба сектор ,шо на Ицо и Даниел кога 2 дена ловеа со муфлосани боили и ги избркаа рибите од пола А сектор :D . Сепак би се сложил со Келтан , од кого гледаат шампионите, сигурно не од нас :oops:

_________________
Anyone who truly understands the passion for
angling knows, only true happiness exists by the
waterside. All other time is spent either thinking or
dreaming about it.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 18, 2015 11:10 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Момци со точна детерминација и инстинкт + тренинг и имаме резултат. Има ли такви момци????

Капитен ДА, ама ако му се даде право да биде селектор т.е одбере такви момци како погоре, спреми под негова супервизија, ги однесе на тренинг на истата вода и на светско да ги пушти да ораат 72 саата како оси.

Ни логистика ни треба, ни шпиуни, ни кувари, ни резерви, ни точаци ни бутур!!

Се додека е спротивно, нема резултати!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 19, 2015 12:51 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Maр 16, 2012 11:59 pm
МислењаCOLON487
I kevin nash i rod hutchinson da bidat kapiteni nema fajde daleku sme od vistinata :cray:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 19, 2015 12:53 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
I sto pati da povtoris toa ..dzabe e :D
toa e isto kako trenerot od Celzi da go doneses vo Malo Konjari ..prilepsko :D

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 34 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum