www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Aпр 23, 2024 10:33 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS135136137138139140»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 11:17 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Предраг НапишиCOLON
Ајде најпрвин да се извинам на Јане и на Филип од Куманово за нашиот овогодишен крапски неуспех. Момци :NotWorthy: наклон до земја и сите неуспеси се моја вина и на никој друг ни на натпреварувач ни на селектор или трет капитен. :shake_hand: а одговорност може да ми побара Сергеј кој ме предложи за негов помошник и се разбира УО на МРФ.

п.с. во следниот пост за сите останати
Niti baram odgovornost niti ispovest niti uspeh niti nisto,samo osvrt sto i kako se slucuvalo i sto ponatamu,jas sum svesen deka realno sme tamo kaj sto sme.
Me nervira sto nema pari za pripremni turniri,nema pari za trening na ezerot a ima za pola upraven odbor ta se tagira deka momentalno e vo Pariz kaj ajfelova kula.
P.s samo nemoj so prikaski deka sami si placaat....

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 11:19 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Не верувам на никого што било клучно! Тамба Ламба муабети сеа.

Пиша капитенот и тука завршува муабетот!

Може само да даваме предлози како да се подобриме, се друго приказни за мали деца. :saso:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 11:26 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Чудни сте ми, сите очекуваат резултати а никој не тренира ниту кастинг ниту пак зиг-риг.
Пари, нема. Пари има само за учество и патни трошкови што е повеќе од доволно.

Виновникот барајте го во спонзорството и економската состојба на Македонија.

Убаво е да има човек, достоен како Сергеј кој си ја знае работата и ќе даде јасна слика до кај сме.

Туристи имало и ќе има, таков ни е менталитетот.

Толку.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 11:29 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONВто Дек 22, 2015 8:37 pm
МислењаCOLON26
Spaiva НапишиCOLON
Не верувам на никого што било клучно! Тамба Ламба муабети сеа.

Пиша капитенот и тука завршува муабетот!

Може само да даваме предлози како да се подобриме, се друго приказни за мали деца. :saso:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 11:31 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONВто Дек 22, 2015 8:37 pm
МислењаCOLON26
filip030682 НапишиCOLON
Предраг НапишиCOLON
Ајде најпрвин да се извинам на Јане и на Филип од Куманово за нашиот овогодишен крапски неуспех. Момци :NotWorthy: наклон до земја и сите неуспеси се моја вина и на никој друг ни на натпреварувач ни на селектор или трет капитен. :shake_hand: а одговорност може да ми побара Сергеј кој ме предложи за негов помошник и се разбира УО на МРФ.

п.с. во следниот пост за сите останати
Niti baram odgovornost niti ispovest niti uspeh niti nisto,samo osvrt sto i kako se slucuvalo i sto ponatamu,jas sum svesen deka realno sme tamo kaj sto sme.
Me nervira sto nema pari za pripremni turniri,nema pari za trening na ezerot a ima za pola upraven odbor ta se tagira deka momentalno e vo Pariz kaj ajfelova kula.
P.s samo nemoj so prikaski deka sami si placaat....
бар на човек по една риба да беа фанале ќе бевме каде каде подобри :)))


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 11:32 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Било како било и ова светско помина како помина.Напредок има во однос на другите.Риба во сите сектори,да не имаше губење на риба веројатно ќе сме биле повисоко.Промената во бодувањето исто не кошташе позиција на табелата.
Сеа вака не сакам да навредам или омаловажам некој,напоменувам пред некој да ми скокне без веза.
Бев еден од противниците за кастингот и уште сум против,и исто во неколку поста напишав зошто сум и као според мене треба да се направи.И да не биде само кастинг туку работа на таа далечина.Екипите кои обезбедиле пласман по договор,каков и што сеа имале со МРФ,да мораат барем 3 тренинга по 3-4 дена со капитените на некое езеро да работат на таа далечина+трски на зиг,на различни езера.Езера има! Трите екипи плус резервата,па после тоа капитенот да одлучи кој ке оди. А ова со олово на ливада и како да не било.
Коментирате овде Дени/Роби фрлиле со спод со 130гр! Ок. Зошто тогаш не се реагирало туку сеа се правиме паметни.Ако бил толку битен кастингот требало тогаш да се реагира.Затоа викам дека нема врска кастингот како што е сега.УСЛОВ ТРЕБА ДА БИДЕ РАБОТА НА 140.Искрено и јас да сум бил на кастинг и да си бидам сигурен дека ќе поминам после сите трошоци нервози во лига,ќе сум земал спод,олово поголемо и 160 ќе фрлам(така е зборот)
Друга работа за во Ц.За да некој испадне во право и коментира во стилот „еве ви сега кој бевте против„дека кога влегол Кременадла и само затоа што фрла далеку се извадија риби колку се извадија и излегува дека Роби и Дени претходно табла играле во бокс,дека они претходно немаа удар.Сериозни ли сте што пишувате.Секоја чест на Кременадла,но и Дени/Роби имаат голем удел во тој резултат. Со ова пак ќе напоменам дека неги кревам во облаци Дени/Роби или го омаловажувам Кременадла,само реално гледам на работите.
Уствари и овде натпреварувачите и капитените,селекторот еве нека кажат дали кај нас општо има некој што може да РАБОТИ на 140?НЕ да фрли туку да работи.
Мое мислење за наредното светско.Еве уште сега се знае каде ќе биде.Мислам дека уште сега треба да се собира информации,да се пратат форуми,пишување за езерото и се што се случува таму.Да се посети неколку пати. Кога ќе се соберат потребни информации за езерото и тогаш да се вметне во правилник кои ќе бидат условите за одење на светско,дали ќе биде дистанци,зиг итн итн... После договор со МРФ за неколку ЗАДОЛЖИТЕЛНИ тренинга,каде ќе се лови зиг,на 150 м. итн итн и на крај селекторот да даде мислење дали има спремни или не.
Ако немаме комплет репрезентација,тогаш подобро да паузираме тие пари да се собираат,вложуваат итн.
Исто сум против за тоа што викате туристи што одат по светски.Според мене треба да одат крапџии кои натпреваруваат или кои натпреварувале и знаат што се случува на натпревари,за да бидат од корист.Секој крапџија знае да зготви нешто,за да не се носи кувар и повеќето возат па така да и шофер ќе се најде.

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 11:42 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Dimitar НапишиCOLON
Коментирате овде Дени/Роби фрлиле со спод со 130гр! Ок. Зошто тогаш не се реагирало туку сеа се правиме паметни.
Не фрлаа само они со спод, сите фрлаа со спод.
Сите знаеме како да импровизираме дома, но надвор нема импровизации. СКАПО НЕ ЧИНИ и сите свесно така одиме и се надеваме на среќа.
На сите им е јасно зошто се фрла со спод на кастингот после лига!
Dimitar НапишиCOLON
Друга работа за во Ц.За да некој испадне во право и коментира во стилот „еве ви сега кој бевте против„дека кога влегол Кременадла и само затоа што фрла далеку се извадија риби колку се извадија и излегува дека Роби и Дени претходно табла играле во бокс,дека они претходно немаа удар.Сериозни ли сте што пишувате.Секоја чест на Кременадла,но и Дени/Роби имаат голем удел во тој резултат. Со ова пак ќе напоменам дека неги кревам во облаци Дени/Роби или го омаловажувам Кременадла,само реално гледам на работите.
За Ц никој никого не нападна лично, ниту имал намера.
Јас лично сум еден од тие што тврди (тоа и капитенот го призна како грешка) дека во Ц можевме многу повеќе.
Луѓето (Дени и Роби) ги почитувам екстремно многу, и апсолутно немам замерка за нивниот настап.
Сигурен сум дека дале максимум!!

Но целта е друга, не да омалаважуваме или кажеме дека не сработиле...едноставно, треба да се гледа големата слика - РЕЗУЛТАТ и РИБИ!
Немаш ти тамо време за трпение, и не е ова Мавровица или Крушево па ќе помине риба и кога тогаш па ќе земе од боилата!

Незнам како не сфаќате...МАКЕДОНИЈА и резултатот е битен!!!!

Нема емоции, нема пријатели, нема внимавам да не повредам нечиви чувства, нема другари!
Професионалноста се бара, и за жал и таа скапо ја плаќаме сеуште.

Ниту јас, ниту Сергеј, ниту Дени и Роби, ниту Кременадла...НИКОЈ!
Единствено и само Репрезентација на МАКЕДОНИЈА!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 12:12 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Предраг НапишиCOLON
Ајде најпрвин да се извинам на Јане и на Филип од Куманово за нашиот овогодишен крапски неуспех. Момци :NotWorthy: наклон до земја и сите неуспеси се моја вина и на никој друг ни на натпреварувач ни на селектор или трет капитен. :shake_hand: а одговорност може да ми побара Сергеј кој ме предложи за негов помошник и се разбира УО на МРФ.

п.с. во следниот пост за сите останати
Видете вака дечки ! И јас некои луге не ги бендисувам или имам лични несогласувања по некои теми со нив ама тоа не значи дека треба да ги ставам на тапет. Конструктивна дискусија дава резултат и плод а препукувањата само нетрпеливост и омраза. Утре треба да седнете заедно да ловите во некој лига или на свтеско, затоа смирете страсти и оладете малку.

Да бидеме едно на јасно ! Проблемите што се натпрупаа од минатото никој не може да ги реши за една година. Треба време и работа. Пак ќе повторам, почнавме од нула, успеваме да надминеме некои дечји болести кои упорно се провлекуваа со години низ репрезентацијата, као немање на логистика, немање на информации и сл. Оваа година сите бевме 72 часа на патеката, што колку што видов не го направи ниеден тим на селектори од другите репрезентации. Сите си одеа некаде кај полноки доагјаа наутро. Предраг, Пепи како и резервите што ги носевме, сите си ја завршија својата работа и помагаа максимално во рамките на своите можности и овластувања. За прв пат некој од логистика побара да реагирам кај Матиоли да му дозволи да седи со нашата екипа во Бокс.
Едно по едно, полека но сигурно. Ете проблемот со логистика оваа година беше решен. Видовме дека можеме и ние да имаме улови во сите секотри без озбир што ни манјка знаење во одредени техники.

Но исто, Видовме и по не знам кој пат дека Натпреварите на светско ниво во Крапски риболов немаат ама апсолутно ништо заедничко со она што кај нас се нарекува Крапски риболов и Лига натпревари. Професионализам VS Аматеризам. Резултаот е таков каков што е, битно е дека има напредок каков таков, макар и минимален но има. Пред се ќе треба да се работи на создавање на поквалитетна лига со позахтевни води, каде ќе треба многу работа за да се победи. Не дека немаме такви води, смао треба многу работа и финансии за да среди една таква патека, ќе треба многу кнедли да се изголтаат и многу убедуванје со кенцесионерите за да се направи една кавлитетна лига за почеток која ќе ги даде основите за понатамошна успешна работа. Квалитетна лига сама по себе ќе направи селекција низ неколку кола. Не може тие што не знаат да измракираат, не можат да дрват спомб нон стоп и што спијат навечер да победат. Крапскот риболов е 70% работа, 20 посто знаење и 10 посто среќа.

Значи не требаше воопшто француските тимови да знаат нешто посебно да ловат. Земи двајца што можат да пукаат голем спомб на 120 по цел ден, врзи им зигови на разни должини и кажувај им што треба да прават и како да работат, обезбеди им 100 кила пелети и 100 кг боили и удри. Ова не е класичен крапски роболов, за оние што не сваќаат и што немаат представа што се случува на овие натпревари. Трендот го почна Јужна африка и продоли до ден денес иако со одредени ограничувања на прихраната на 200 кг. Ние можеме да имаме некаква шанса во сегашнава состојба само доколку се ограничи количината на храна на 50 кг максимум и далечината на 120. За се друго треба многу многу да работиме доколку сакаме да се замешаме таму каде што сакаме да бидеме а релано во моментов не можеме.

Умре тоа време со две риби се освојуваше секторки медал. Тогаш се одеше на светско со 10 кила боили и 20 кила спод. Зигот беше мисловна именка а смрдливите папучи се користеа само во купатило. Се хранеше со Кобра а ракета се користеше само доколку требаше да се лови на повеќе од 100 метри, каде кобрата не вршеше работа.

Ќе мораме да ги прифатиме новите трендови без разлика што сите осеќаме одбивност кон нив. Се сложувам дека и двете техники се сквернавење на она што се нарекува риблов на крап со олово на дно но Мораме да практикуваме ЗИГ РИГ и Кастинг ако сакаме да се натпреваруваме, во спротивно не треба да одиме повеќе на светско.

Во оваа пригода сакам да им изразам голема благодарност на сите што помогнаа на било кој начин на ова свтеско првенство. На Предраг со кој окапавме 72 часа на патека, на Пепи кој се лутеше што неможе да остане и навечер во бокс бидејќи не беше дозволено, На Крсте кој исто така по цел ден акаше по езерото и плус успешно го замени Куварот кој оваа година не не удостои со своето присуство :) , На Филип кој додека не влезе како замена беше рамо до рамо со Крсте, на Кајстор кој вредно како мравка без разлика на годините што ги има, чистеше по нас и не бодреше во текот на натпреварот, на Радован за информациите што усшеваше да ни ги обезбеди од понедостапните делови на езерото, На Васил Костов за подршката што ни ја даде и голготата што ја преживеа во Германија само за да стигне на време со опремата, на натпреварувачите кои машки издражаа 72 часа напорна работа и нервоза, како и на сите кои не бодреа и срдечно навиваа за Македонија на ова свтеско првенство.

Ни престои многу работа во наредните години. Ако го сватиме ова ќе напредуваме, во спротивно ќе се препукуваме овде на форум кој е поголем мајстор на Црна или на Вардар, чии боили се подобри, кој подалеку фрлал и колкави крапови фатил а на Светско ќе бидеме само неми посматрачи и бледа сенка на репрезентацијата која сакаме да ја имаме.

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 12:21 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Годинава се разговараше со Сергеј да биде главен капитен и самиот да одбере негов помошник (еден или двајца) да одбере резерва од два натпреварувачи, да одбере храна и прихрана, да појде на езерото каде ќе се лови и да одреди стратегија и тактика-техника. Сергеј прифати и на сите ни кажа како на мене, Васко и Сашо така и на сите овде на форумов дека неочекувајте дека ќе се вратиме со пехар туку се поаѓа од доле нагоре и има многу работа да се качиш што погоре. За да се случи ова треба многу енергија (позитивна), треба време, треба пари и се разбира треба да има луѓе со кој ќе работиш. Нашиот правилник е таков и легитимно право е на оној кој ќе биде во првите три екипи и исполни норма од 140+ кастинг да оди на светско, па така и беше без некој на некого да попушта или да прогледува низ прсти СЕ беше регуларно. Сергеј ме одбра за негов помошник и заднички го побаравме Пепи за трет капитен (а за него јас би го предложил за почесен претставник за секоја година, најпозитивниот и неуморен наш Перо). При нашата посета на езерото во Август знаевме дека е со високо ниво и дека ќе го симанат за некој 1,5-2 метри во висина за да има капацитет да се направат потребниот број на боксови. Ловевме на една позиција која случајно ја избравме а јас случајно ја извлеков на влечењето на позиции тоа беше А16. Тестиравме СЕ и боили и прихрана и зиг-риг ...... а одлуката падна за онаа храна која ја имаа нашите натпревараувачи. ( за ова може Сергеј да каже)
Е сега клучниот момент беше кога разговаравме со нашите репрезентативци дали се спремни да ловат зиг-риг (значи да работиш по цел ден зиг а ноќе да се спуштаат на дно) или да се лови на нашиот добро познат начин, да добиеме риба во сите сектори а потоа секоја екипа да се пласира што повисоко, а ако мора и нема друго тогаш да се проба да се фати нешто на зиг-риг.
Храната која ја имавме годинава беше првокласна и беше специално направена и со неа немаме никаков проблем, екипите беа опремени со она што се побара од нив и беа спремни за натпревар. Јас влечев годинава и мислев дека ни се паднаа добри позиции ( и сеуште мислам ) и дека се разбира има подобри но има и полоши.
Натпреварот стартуваше со тактика која ја одбра Сергеј и како секоја екипа да почне а јас одам во сектор А со Милчо и Жиле, во Б оди Сергеј со Ицо и Даниел и во Ц оди Пепи кај Роби и Дени. Набрзо на почетокот во сектор А Жиле имаше риба на дно и само што почна ја да пумпа таа се откачи. Небитно одиме понатака има време не се секирајте, дечките работеа под полна пара секоја чест :NotWorthy: и сега јавно им се извинувам што бев напорен и постојано ломотев (префрли, храни, дипувај, врзувај ПВА,...) (како онаа на навигацијата во кола) но се со цел за подобар успех. Ги мотивирав и им велев сега ќе удри, до сабајле ќе имаме риба во сите сектори како кај овие во А така и на токи-воки кај останатите репрезенативци.
Со Сергеј и Пепи свесни бевме дека ќе правиме замена само не се знае каде ќе треба, во Б немаме риба а немаме ни во Ц. На екипата во Ц сектор дечките се искусни и одлични работници но далечината им беше проблем си хранеа на 120м ловеа над хранилиште но недоволно за постојани удари. Едноставно рибата беше од спротивната страна. Најпрвин на екипата во Ц им пративме тенки конци 0,20 да пробаат и одма потоа следеше замената на кременадла. Замената се покажа дека е правилана со ударците кои зачестиаја.
За жал работа со зиг-риг техника ни е слаба или никаква и среќа што репрезентативците не се нафатија на состанокот да ловата на оваа техника туку само како алтернатива доколку мора. Во А сектор за да се добие риба на зиг-риг (зборам за А16, А15 и А14) требаше да се фрли некој си 200 метри кои се апсурд и за хрватите и за бугарските репрезентативци.
Страшно е да си на позиција А24 (шпанските репрезентативци) и да немаш ни една риба а до теба на А25 домаќинот растура, неможе да седне од риба. Овдека сите кои дошле знаат да се натпреваруваат, да фрлаат, да ловат и нормално е некој дека ќе биде прв а некој последен. Не е во ред дека сме ние на дното од табелата и нема оправдување за оваа позиција НО фактот е дека мора да се работи и тоа здраво.

Кога ќе заврши светското првенство постојат два вида на натпреварувачи едните се од типот на Ицо ( овде јас завршувам, за ова треба врема, пари и врема да се работи напорно за да успееш а јас немам) и вторите од типот на Милчо ( од утре кога ќе се вратам секој ден ќе одам на Треска и ќе тренирам фрлање, хранење со ракета за што поголема далечина) :shake_hand:

Што се однесува за и околу логистиката неможе никој да замери за било какви неправилности или пак злоупотреби, (две возила на рента кар беа исклучиво каој натпреварувачите и капитените и НИКОЈ друг не ги користеше). Едната беше 72 саат на стаза а другата одеа резервите и се враќаа од куќата заедно со Пепи (Пепи не ни дозволија да останува ноќе на стаза, додека јас и Сергеј бевме 72 саата со нашите во боксови и на стаза), куќата во која бевме сместени беше прекрасна и одлична за сите нас а имаше и езеро пред куќа (следуваат слики и репортажа), имавме токи-воки на трите сектори и покриеност 72саата (благодарност до Жиле), интернет како и картички немаше (тоа се мали места), вода и јадење постојано присутна по боксовите и на крај позитива кас сите од прв до последен.

п.с. немојте да го испуштате Сергеј како капитен сериозно е БРОЈ 1. :thumbs_up:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 2016 World Carpfishing Championship - Lаc du Bourdon, Fr
ТемаИспратеноCOLONСре Сеп 28, 2016 12:36 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Знам дека не е за во оваа тема НО овде се чита во моментов -
овде на форумов се полемизира, се критикува, се предлага но правото место каде што треба да се бара промена е МРФ. Значи сите засегнати крапџии (нови и стари ) треба преку матичното здружение или пак овде преку Рибар 2011 да побараме измени за подобар резулата и подобра репрезентација. Димитар, Диме, Мартин,....даваат предлози (4 кола од кој две ќе бидат ловење само со зиг-риг техника а две по слободен избор, лига на Преспа, кастинг на овој или оној начин,....) но немојте да застане овде па откако натпреварувачка комисија даде свој предлог а УО го прифати или измени да негодуваме. Има време до Декември мислете и предлагајте но нешто што е издржливо и прифатливо.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS135136137138139140»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 23 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum