Интересена и до крај неизвесна лига. Борбата за воторото место кое директно обезбедува учество во репрезентацијата беше за инфаркт.
За Свето и Марјан последните неколку часа беа цела вечност, поготово што не зависеше апсолутно ништо од нив, за Виничани пак тие неколку часа до крајот поминаа како 2 секунди.
Се покажа уште еднаш дека најголемо прваило е дека Нема правила. Времето замеша прсти во крајниот палсман на учесниците, но тоа е веќе божја работа.
Честитки до сите учесници во оваа крапска лига и капата доле на сите. Машка и фер Борба до самиот крај, изгинаа на терен посебно ова трето коло под страшно неповолни временски услови, Бури, дожд, кал, парчосани тенди, мокри и валкани, но никој не се предаде и не се откажа, сите изработија до последниот свиреж на судијата.
Буквално сите учесници во лигата потврдија дека победата на ВИП Рибар 2011 е повеќе од заслужена и во оваа прилика им честитам уште еднаш.
Покажавме дека со добра организација и повеќе работа, можеме да направиме една лига, без кавги, без расправии, без омаловажувања на победниците заради барање изговор за сопствениот неуспех. Една лига каде треба да се работи 72 часа за да се направи резултат, лига која во потполност одговара на трендовите во модерниот крапски риболов. Лига која и те како помогна во акумулирање на толку потребното искуство во техника на риболов која е една од нашите најголеми слабости.
На многу натпреварувачи им се смени погледот кон крапскиот риболов, самите го потврдија истото во неврзан разговор. Она што до вчера за нас беше баук и нешто кон кое сите гледаа со презир и скепса, сега стана нормална работа.
Ни треба уште многу вакви натпревари за да акумулираме потребно искуство. Имаше грешки, имаше утки,имаше равенки со една и повеќе непознати. Но на грешките се учи, не постои друг начин.
Им благодарам на сите учесници на беспоштедната и Фер борба, за упорноста и истрајноста. Голема благодарност до Гоце, Диме и Мартин, за подршката во намерите да направиме една интересна и квалитетна лига и за укажаната помош. Голема Благодарност до Пламен кој буквално ни го остави езерото во термините на одржување на трите кола, како да е наша сопственост. Не можам да не ги спомнам и судиите кој одлично се прилагодија на изменетите правила околу судењето оваа година и одработија пред се фер и спортски.
Од денес ќе почнеме да мислиме на фаза два
, па нека ние Бистро во Октомври.