www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 10:59 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS404142434445»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 01, 2018 12:40 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
По задни податоци, по моја математика и ЕЛИТ и МС имаат по 18 поена

второ место ке го одлучи кој има повеќе уловена риба
ИНТЕРЕСЕН финиш


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 01, 2018 1:06 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Конечна листа после 3-то коло и конечен пласман после 3 одржани кола. ЧЕСТИТКИ ЗА ПОБЕДНИКОТ и ЧЕСТИТКИ за СИТЕ!


[ img ]

[ img ]

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 01, 2018 8:36 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 12:47 am
МислењаCOLON1119
ЛокацијаCOLONАеродром
Črstitki do pobednicite i do site natprevaruvači. Ribar 2011 rastura.

_________________
Podobro da si malku lud, otkolku da si malku pameten
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 01, 2018 8:55 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
Cestitki za Vipovci i za site ucesnici!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 02, 2018 10:07 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Што ти значи една риба.
Преспав (Рибар 2011) да не ја извадеше последната риба во 3-то коло или истата да беше за 400 гр. полесна од уловената, Елите (Рибар 2011) ќе беа Втори наместо Свето и Маки и ќе беа во состав на Репрезентацијата. Па кажете овие од Рибар нешто праат.
ВИП сите три кола топ. Заслужено и честитки за титулата.
МС - Вардар се втори иако со мали варијации во Второ и Трето коло, но извадија максимум и заслужено се Втори. Подобро проаѓаат на дно, но почнаа да го цепаат и зигот. Полни со мотивација и чуства импонираат во желбата да се победи, пласира. И успееја, заслужено.
Елите, Дени и Роби покажаа дека и старата школа сеуште вреди и дека се конкурентни и во модерниов крапски риболов. Честитки.
Преспав. Иако интимно посакував да бидат во првите две екипи, последното коло одлучи времето и околностите. На единица (однапред фаворизирана) се покажа дека времето и околностите влијаат повеќе од желбите, знаењето и амбициите. Да победеа последното коло, да беа бар Втори ја имаа шансата но виша сила не им дозволи. Чесно и поштено до крај. Респект.
Најмногу од сите изненадија CO2. Стартуваа топ, но ................
Честитки до сите останати учесници. Навистина ми беше жал и мислам дека многу пропуштив што не бев дел од оваа интересна, динамична и до крај неизвесна лига.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 02, 2018 10:47 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Секоја лига си има свој специфичност и по нешто се памети па така и ова лига 2018 ќе остане во паметење како лига во која клучниот момент е зиг-риг техниката и тоа на риби во просек 7-8кг. Пазете најголемиот крап од 18,550 го фатив на зиг со должина од 5 метри, кордин зиг најлон од 0,28 со јадичјка 8-ца и со сунгерче црно-бело на авид 10-ка.

Ајде вака нема дилеми дека се ама баш се течеше во најдобар ред. Организаторот крапската секција чиста петка за осмислувањето на позициите и секторското ловење. Фактот среќа или несреќа за и околу временските услови никогаш неможе да се предвиди. Тоа е божја воља. Во ова трето коло најпосле ни се погоди позиција со дрва и сенка и нормално два дена дожд и два дена ветер не однесе ефект од сенка нула. Ова беше прв натпревар на кој не се испотив но затоа бевме водени цели два дена.

Она што е за одбележување е секако фер плеј натпреварот кој помина старрно фер. Немаше ниакви моменти за сомнеж дека еве овие на оние им попуштаат или некој се фаворизира, напротив секој си работеше за себе и сакаше да изработи максимално. Имаше доделено жолти картони во прво и трето коло, имаше опомени но имаше и толеранции нели сепак сме ние колеги и пред и после натпревар седнуваме заедно.
Најмногу го сакам оној момент кога сите (до еден) по завршувањето на лигата (трите кола) ќе добиеш искрени честитеки дека заслужено победивте и одработевте максимално.

Лига која ќе се памети за многумина баш поради оваа зиг техника како и со што да се храни, во кој интензитет со што, како да се контрира, како да се извади добиената риба,......искуство кое верувајте не се учи од компјутер туки со пракса. Исфрлени незнам колкав број на ракети, искршени спомбови, искинати спомбови, замрсени зигови, заплаткани конци, ....
Баш во вој контекст како и со што да се храни се случи и ова трето коло (покрај тоа што рибата не беше активна) да уловот биде значително намален. Ветерот кој дуваше со голема сила направи да добар дел од екипите кое хранеа само со чорба-супа неможат да добијат риба. Ветерот и брановите те прават непрецизен па така онаму каде што ќе падне спомбот не е над вашиот зиг или одма го носи бранот така да неможеш да храниш на тој начин.
И на крај ќе кажам благодарност на сите екипи кој дојдоа на последното коло иако знаеа две од нив дека немаат можност за пласман. На овој начин немаше празна позиција а на тој начин и фаворизирање на некоја екипа. Сите девет екипи заедно го издржавме по мене еден од налошите временски неприлики на еден натпревар и замислете како беше во четвртокот истура дожд како со кофи врне а сите надвор кој по маица кој по кабаница и се фрлаат ли фрлаат спомбови. Сварно секоја чест на сите екипи :NotWorthy: И да не го заборавиме и селекторот Сергеј кој дојде на сите три кола и ги пратеше работат на екипите кој и како работи. Сепак ќе мора да одбере уште четери натпреваши по негово видување, така да сите заедно ја завршивме оваа успешна приказна за крапската лига 2018 на Суки.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 02, 2018 10:59 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Интересена и до крај неизвесна лига. Борбата за воторото место кое директно обезбедува учество во репрезентацијата беше за инфаркт.
За Свето и Марјан последните неколку часа беа цела вечност, поготово што не зависеше апсолутно ништо од нив, за Виничани пак тие неколку часа до крајот поминаа како 2 секунди.

Се покажа уште еднаш дека најголемо прваило е дека Нема правила. Времето замеша прсти во крајниот палсман на учесниците, но тоа е веќе божја работа.

Честитки до сите учесници во оваа крапска лига и капата доле на сите. Машка и фер Борба до самиот крај, изгинаа на терен посебно ова трето коло под страшно неповолни временски услови, Бури, дожд, кал, парчосани тенди, мокри и валкани, но никој не се предаде и не се откажа, сите изработија до последниот свиреж на судијата.

Буквално сите учесници во лигата потврдија дека победата на ВИП Рибар 2011 е повеќе од заслужена и во оваа прилика им честитам уште еднаш.

Покажавме дека со добра организација и повеќе работа, можеме да направиме една лига, без кавги, без расправии, без омаловажувања на победниците заради барање изговор за сопствениот неуспех. Една лига каде треба да се работи 72 часа за да се направи резултат, лига која во потполност одговара на трендовите во модерниот крапски риболов. Лига која и те како помогна во акумулирање на толку потребното искуство во техника на риболов која е една од нашите најголеми слабости.
На многу натпреварувачи им се смени погледот кон крапскиот риболов, самите го потврдија истото во неврзан разговор. Она што до вчера за нас беше баук и нешто кон кое сите гледаа со презир и скепса, сега стана нормална работа.
Ни треба уште многу вакви натпревари за да акумулираме потребно искуство. Имаше грешки, имаше утки,имаше равенки со една и повеќе непознати. Но на грешките се учи, не постои друг начин.
Им благодарам на сите учесници на беспоштедната и Фер борба, за упорноста и истрајноста. Голема благодарност до Гоце, Диме и Мартин, за подршката во намерите да направиме една интересна и квалитетна лига и за укажаната помош. Голема Благодарност до Пламен кој буквално ни го остави езерото во термините на одржување на трите кола, како да е наша сопственост. Не можам да не ги спомнам и судиите кој одлично се прилагодија на изменетите правила околу судењето оваа година и одработија пред се фер и спортски.
Од денес ќе почнеме да мислиме на фаза два :) , па нека ние Бистро во Октомври.

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Последна промена од 1 на Sportex, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 02, 2018 11:12 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Вака изгледаа боксовите после два дена дожд,

[ img ]

По кал на влечки :)

[ img ]


Последни 5 минути од натпреварот во Боксот на Виничани, :D

[ img ]


Овака беше кога беше "Мирно" времето

[ img ]

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 02, 2018 1:20 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Си сменил потпис Капитену. Остај тоа будалите, ќе те тепаат на искуство. :D
Првите две пласирани екипи се одлична основа за Репрезентацијата. На слатки маки си сеа да одбереш уште четворица. Не се сомневам дека целата подготовка ќе биде ОК. Не чека нова приказна, нова авантура.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 02, 2018 1:44 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Ако не те тепаат нема да научиш како треба за да ги тепаш следниот пат,

Искуство профа се стекнува на захтевни натпревари, не пред компјутер :)

На слатки маки е селекторот на Хрватска, да бидеме ајде искрени малку, моите маки не се толку слатки :D

Како и да е, приказната годинава оди во добра насока, со добри луѓе, спремни да помогнат и да се вложат себеси, се е можно,

Ние нашето ќе го направиме најдобро што знаеме и умеееме, се разбира во рамки на нашите можности и способности, тое е единстеното што можам да го ветам, другото ќе си дојде само по себе,

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS404142434445»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum