Пред некој ден случајно налетав на неколку постови во ХШР (хрватскаи шарански риболов)
Тоа што го прочитав е дека сакаат да имаат лига на која ќе се ловат количини крапови. 300-400кг. првите да имаат затоа што само така можело да се исфилтрираат оние кој се психички и физички спремни. Сепак нивните цели се многу по големи од нашите но морам да кажам дека се согласувам со тоа. НО сепак си имаат своја вода(и) на која ке натпреваруваат. Нас овде ни е болката дека ќе се одржело на странска вода, што и на мене не ми се допаѓа но сплетот на околностите во кој се наоѓаме ни диктира да нешто се превземе околу бирањето на водите.
Прво пшто ме загрижува а и сум го осетил на своја кожа е тоа што концесионерите кај нас баш им е гајле што некој би дошол да одржи некој натпревар на нивната вода.
На Мавровица имаше кинези, локалци, другари на локалците, работници на патот итн итн кој ловеа и ометаа на сред куп, и во лига истото се случуваше, ти се местат ти пецкаат. Истото и на Крушево, ти им викаш алоо овде натпреваруваме нив баш им е гајле.. Фрла те преклопува преку твоите трски..
Организаторите немоќни пошто тие што си ловат си имаат платено дозволи или си имаат годишни и не можеле да им забранат..
Второ што ме загрижува е донесената одлука од Костреж дека секој ќе може да си земе крапови во период кога некој друг ќе го пориби езерото со цел да се мрднеме од некоја си тмурна позиција да имаат барем пола од тимовите улов.
И јас сакам да фаќам крапови од 5-6-7-8кг за забава.. нели оние 2-5кг не се битни.. ама натпревар се добива со обрт. Според горе донесеното мислам дека тоа нема да се случи, и сакам да не сум во право и да некој ми докаже спротивно..
Дива вода за мене е вода која е тешка за ловење односно бара да се ангажираш многу за да имаш успех особено на натпревар
„ЗооВртич“ водите каде обично се мали и имаат голем фонд на риби бараат исто толку ангажман, кој не пробал нема потреба да коментира пред време, нека оди на нај блиската вода „ЗооВртич“ и нека лови 72 саати без престан..
Дива вода не значи вода во која има мал број на рибен фонд, демек краповите диви трт прц муабет, не јадат боили, вака било онака било.. Треба да разбереме дека дивите води кај нас се испразнети и уште толку се „подивени“.. кој од мрежари, кој од струјаџии, кој од струкови..
Како дивите води што се гледаат по светов има карпи крапови и огромен рибен фонд а е јавна вода??!! - едноставно - нема зимање риба, или се чуваат многу тие води..
Како и да е ако се падне да е Паљурци што исто така за мене е добро, добро би било да и концесионерот малце се ангажира и погрижи за зачувување на рибниот фонд - барем додека трае лигата..
п.с. еден зајак одамна имаше една добра изјава на форумов, ете го у потпис доле седи постот..
_________________
ЗСРРК Мак Дам
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport