www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Кастинг Куп Македонија 2018
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=97&t=6912
Страна 11

АвторCOLON  ТафТабиТ [Вто Феб 13, 2018 1:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Кастинг Куп Македонија 2018

Пријавувањето за “Кастинг” купот е поединечно. Секој поединец треба да е член на РЗК кое е членка на МРФ, односно здружението во кое се регистрирани како спортски риболовци ја уплати годишната членарината на МРФ за 2018 година во висина од 3000 денари.
Учеството во “Кастинг” купот е без котизација, доколку секој поединечно поседува спортска легитимација.

1. ПАТЕКА – ПОЗАДИ “АЛЕКСАНДАР ПАЛАС” - СКОПЈЕ 06.05.2018

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ 01.05.2018 год .

Правила и Бодување на натпревар во кастинг

Во кастинг натпреварот учествуваат поединци пријавени за натпреварот во кастинг. Секој од натпреварувачите има право на 5 (пет) кастинг зафрлувања (во случај на кинење на систем при зафрлување, првото кинење на системот со олово се презафрлува, додека второто и сите евентуални останати кинења веќе се рачунаат како искористено зафрлување, без можност за повторување на обидот).

Зафрлувањата се вршат со риболовни трски не подолги од 4 метри, со конец не потенок од 0,25мм, без систем со боила. Забрането е зафрлување со спод трска. Секое зафрлување уредно се запишува во натпреварувачкиот дневник кој го водат судиите. На крај се зема просекот од трите најдолги зафрлувања, однсоно се собираат трите најдолги зафрлувања, се делат со три и се добива просечно најдолго зафрлување.

Зафрлените системи мораат да бидат прецизни, односно системот мора да падне во 20-сет метарското обележено поле (Црвена Зона -10 метри лево, 10 метри десно). Ќе биде поставено паралелно внатрешно поле во полето од 20 метри, со ширина од 10 метри таканаречена Сина Зона (5 метри лево, 5 метри десно) која што ќе носи дополнителни 5 метри (5 бодови) во случај да зафрлениот систем заврши во рамките на ова поле (Зона).

Пример – имаме две зафрлувања во сина зона и едно зафрлување во црвена зона. Зафрлувањата во сина зона се 120 и 130 метри а во црвената 140 метри.
На зафрлувањата во сина зона им се додаваат по 5 метрси плус како бонус за прецизност и практички, должината на зафрлувањата кои ќе биде запишани во дневникот на судиите изнесуваат, 120 + 5 = 125 м и 130 + 5 = 135 метри за зафрлувањата во Сината зона и 140 метра за зафрлувањето во црвена зона.
Резултатот од коннкретните зафрлувања би бил (125 + 135 + 140) / 3 = 133.33 метри.


Куп натпреварот во кастинг не влегува во конечното бодување на учесниците во лигата и нема директно влијание на бодовното салдо на учесниците во лигата. Тој е посебен натпревар каде се пријавуваат и натпреваруваат поединци и не е во директна врска со натпреварите во дисциплина крап, но придонесува во целосната слика за комплетноста на натпреварувачите при изборот на остатокот од репрезентацијата, па е пожелно сите пријавени во Лигата 2018 година, да земат свое учество на натпреварот во кастинг.

Победник на натпреварот е оној кој има најголем просек од трите најдобри зафрлувања (најголем број поени по принципот еден метар еден поен). Доколку на крајот од натпреварот двајца или повеќе натпреварувачи имаат ист резултат на просечна зафрлена далечина, предност има натпреварувачот кој има поголема должина на поединечно зафрлување. Во случај и на ваква еднаквост предност ќе има дуото со втора најголема должина на поединечно зафрлување.

Победникот се стекнува со титула “Државен првак на Р. Македонија во Кастинг”.

АвторCOLON  Sportex [Чет Феб 15, 2018 2:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кастинг Куп Македонија 2018

Ne go procitav nigde a mislam ke e vazno za tie sto sakaat da ucestvuvaat.

Prvoto (eventualno) kinenje na sistemot pri zafrluvanje nema da smeta kako neuspesen obid. Ke ima pravo natprevaruvacot da zafrli uste ednas.
Sekoe naredno kinenje veke ke se smeta za neuspesen obid i ke bide registrirano so nula poeni.

АвторCOLON  kladofora [Сре Maј 30, 2018 3:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кастинг Куп Македонија 2018

Neznam dali nekoj proveril no pozadi hotelot a.palas kade sto I predhodno se odrza kastingot ima napraveno pateka so kandelabri mislam deka ne e izvodlivo sega tamu pak da se odrzi kastingot,proverete.

АвторCOLON  ТафТабиТ [Чет Maј 31, 2018 7:37 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кастинг Куп Македонија 2018

Проверено и одложено на неодредено време ;)

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/