www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Jул 01, 2022 1:26 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 »
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Обраќање во врска со Крапска лига 2018
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 21, 2018 12:07 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Пет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON 306
Се обраќам до “неутралните” читатели со цел да ја дознаат вистината и реалните случувања во крапскиот риболов во РМ. Секој си има свои видувања, но добро е да се знае вистината. А вистината е многу поразлична од онаа која одредени ликови се обидуваат да ја пласираат и да ги “трујат” недоволно упатените, а заинтересирани риболовци.

Почитувани пријатели риболовци (спортски и рекреативни) обрнувам внимание на пишувањата по социјалните мрежи, читам што се пишува, но многу ретко сам пишувам и одговарам, а уште помалку се впуштам во некаква дискусија или расправија. Меѓутоа во оваа прилика не можам да останам нем на пишувањата и ширењето на лаги, клевети и говорот на омраза кои се шират од личност која од многумина е опишана и дефинирана со многу имиња, голем дел од нив поприлично во негативна конотација. Човекот кој пишува и се обидува да го оцрнува моето име немам намера да го вреѓам, ниту сакам името да му го споменувам, веќе повеќе години тој лик не постои за мене. Тој си е таков каков што е и тие што го познаваат знаат за каков лик станува збор. За оние кои не го познаваат, а ги читаат неговите постови, доволно е да кажам дека е само голем лажго и човек кој заразно шири говор на омраза и невистини во етерот.

Една од темите кои деновиве се врти по социјалните мрежи е крапскиот риболов и лигата во 2018 година. Се пишува дека е тоа желба на Васил Костов. Дека тој сам ја има избрано натпреварувачката патека во Бугарија, дека сам ги избира луѓето кои ќе се натпреваруваат, дека сам ја избрал натпреварувачка комисија, дека ги избира судиите и ......уште многу дубиози и ноторни лаги.

Ќе се обидам да ве запознам со случувањата од пред извесно време и како впрочем е дојдено до одлуката да се одржува натпревар во Бугарија.

Пред донесувањето на конечна одлука за организација на “крапската лига 2018”, во два наврати се организирани средби со сите крапски риболовци. Беа поканети СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ крапски риболовци (независно што се подразбира под овој термин). Една средба е организирана во градскиот парк во ресторанчето кај езерцата во парк. На таа средба присуствуваа одреден број на крапски риболовци. Се зборуваше за проблемите, меѓу кои беа потенцирани: адекватна патека за натпреварување, односот на судиите, работата на натпреварувачката комисија и тн. Се донесоа одредени заклучоци кои требаше да бидат спроведени во дело. По однос на таа средба имаше реакција од така наречените “дивите”, кои се декларираат како своевидна опозиција на крапџиите кои се натпреваруваат. Па по однос на тие рекации Васил Костов имаше доволно доблест да прифати и одржување на уште една средба на која беа поканети СИТЕ КРАПСКИ РИБОЛОВЦИ. Во организација на таа средба значајна улога одигра Богољуб Јанчевски – Мечо, еден од доајените и основоположниците на крапскиот риболов во РМ, почитуван меѓу крапџиите од РМ. На средбата присуствуваа прилично голем број крапски риболовци, членови на УО на МРФ, претседателот на МРФ, веќе споменатиот Мечо, кој патем ја презеде и улогата на претседател па го водеше состанокот, како и дел од “дивите” па и оние казнетите. Не би можел да ги набројам сите присутни но еве некои познати имиња: профа Душко, Сашо Рибар 2011, Раде Русевски, Мики, Велијан, Предраг, Спаива, Тафта, Сергеј, Ицо, Јане, Пепи, Даниел, Мац...... На таа средба не само што се разговараше за проблемите, беа предложени и конкретни решенија и беа донесени конкретни одлуки.

ДОНЕСЕНИ ОДЛУКИ
Прво – беше донесена одлука на УО на МРФ да му се предложи да направи промени во натпреварувачката комисија и да се формира посебна комисија за крапски риболов во која ќе влезат само крапчии. Беше организирано гласање и на таа средба беше избрана Натпреварувачка комисија за крапски риболов од пет члена.

Второ – Беше организирано гласање и беше избран СЕЛЕКТОР или КАПИТЕН на репрезентацијата на РМ во крапски риболов. Беше избран Сергеј Бангиевски

Трето – Беше донесена одлука и за изборот на репрезентативци. Сето тоа со гласање, во демократска атмосвера и прилично конструктивно.

Четврто – Со образложение дека има поединци кои сакаат да се натпреваруваат во државното првенство, но се свесни дека не можат да одговорат на барањата на модерниот крапски риболов и да постигнат резултати на кастинг натпреварувањето, беше предложено кастингот да не влегува во бодување за државно првенство. Предложено е кастингот да не се бодува во рамките на државното првенство, но да се одржи како посебен куп натпревар.

Петто – По однос на избор на патека за натпреварување беа понудени повеќе решенија. Имаше предлози првенството да се одржи на езерото “Градче “во Кочани, на “Црничани”, беше повторно предложено Преспанско Езеро, потоа езерото “Паљурци” и како последна опција се предложи езерото “Суки Лејк” во Бугарија. За секоја предложена патека се водеше дискусија па во потесен избор останаа езерото “Паљурци” и “Суки Лејк” во Бугарија. На средбата беше донесена одлука со која се дефинира местото на одржување на лигата. Беше одлучено дека лигата ќе се одржи на езерото ПАЉУРЦИ ДОКОЛКУ БИДАТ ПРИЈАВЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 10 ЕКИПИ. Во случај да бидат пријавени 10 или помалку од 10 екипи лигата да се одржи на езерото СУКИ ЛЕЈК во Бугарија. На средбата беше потенцирано дека во Македонија немаме соодветна патека каде би можело да се практицира ловење со “зиг риг”. Тоа беше дефинирано како хендикеп и голем недостаток. Беше потенцирано дека “Суки Лејк” е идеална локација каде може да се практицира ловење со “ЗИГ” - начин на ловење кој го одбележува модерниот крапски риболов во изминатите десетина години. Одржувањето на лигата на ова езеро беше образложена од страна на селекторот и повеќе натпреварувачи како идеално место каде ќе се лови на ЗИГ, но само под услов бројот на пријавени натпреварувачки екипи да ne биде повеќе од 10.

Шесто – Меѓу останатото на средбата беше дискутирано и за можноста од помилување на Ицо И Даниел и за намалување на казната од три години за непочитувањето на потпишаниот Договор при учеството како репрезентативци на Светското првенство во Франција во 2016 година. За запознавање на јавноста Ицо и Даниел направија грубо кршење на потпишаниот договор согласно кој по завршување на натпреварот прихраната, мамците, диповите, боилите и се останато што беше набавено од страна на МРФ натпреварувачите требаше да го пријават и да го вратат пред тргнувањето од Франција. Поголемиот дел од репрезентативците го испочитуваат договореното. Меѓутоа во торбите на Ицо беа пронајдени значителни количини на боили, дипови, прашкаста, пелети, секако добро скриени во личниот багаж. Прихрана која требаше да биде или искористена на Светското првенство или вратена во МРФ.

Седмо – во неколку наврати беа потенцирани одредени пропусти при судењето при крапските натпревари. Од повеќемина присутни децидно беше барано ригорозно да се почитуваат правилата и при официјалните натпревари во организација на МРФ да се изрекуваат казнените одредби.

Пред завршувањето на средбата, обраќајќи се кон присутните се изјаснив дека како претседател на МРФ ќе ги пренесам ставовите и одлуките од овој состанок на Управниот одбор на МРФ и дека ќе настојувам истите да бидат официјално усвоени. И присутните членови на УО на МРФ Сашо Васков, Предраг Стојчиќ и Раде Русевски се изјаснија дека ќе ги поддржат овие ставови на УО на МРФ.

Одговорно тврдам дека сето она што беше договорено на средбата со присутните крапски риболовци од РМ, на двете средби, беше пренесено на УО на МРФ и речиси се беше официјално верифицирано со соодветни одлуки на УО.

На седниците на УО на МРФ:
- беше формирана СЕКЦИЈА ЗА КРАПСКИ РИБОЛОВ во која влегоа лицата кои беа предложени од страна на крапчиите на состанокот;
- беше избран модел за избор на репрезентација предложен на состанокот;
- беше избран СЕЛЕКТОР – КАПИТЕН на репрезентацијата на МРФ предложен на состанокот;
- беше избрана патека и резервна патека за одржување на “крапска лига 2018” согласно договореното на состанокот (над 10 пријавени екипи – ПАЉУРЦИ, 10 и помалку од 10 “Суки Лејк” Бугарија);
- беа дефинирани и термините за пријавување на екипите;
- беше разговарано со претседателот на судиска комисија во врска со критериумите при судење и нивно заострување и децидно почидување;
- беше разговарано за помилување на Ицо и Даниел, доколку од нивна страна биде доставено официјално барање за помилување.

После сето ова јас лично бев убеден дека крапската лига во 2018 година ќе се одржи на езерото Паљурци и дека во неа учество ќе земат сите оние кои сериозно имаат намера да се натпреваруваат и да се борат за место во репрезентацијата на РМ, но и оние кои немаат аспирации сериозно да се натпреваруваат, но сакаат да учествуваат во државното првенство без аспирации да бидат репрезентативци.

По завршување на рокот за пријавување за учество на државното првенство во крапски риболов беа пријавени само 9 екипи. Оставам на размислување и донесување на соодветен суд на читателите за тоа кој и како одреди или одлучи лигата да се одржува на езерото СУКИ ЛЕЈК во Бугарија. Прашањето е зошто оние кои беа најгласни при одбирањето на патека за државно првенство, а сега се најгласни критизери не се пријавија да учествуваат во натпреварите. Доколку се пријавеа уште само две дуа-екипи државното првенство ќе се одржуваше во Република Македонија на езерото ПАЉУРЦИ.

Наместо тоа дел од присутните на состанокот (Ицо, Мечо, ....) пристапија кон организација на “КРАПСКО ДРУЖЕЊЕ” токму на езерото Паљурци, прво скриено, а потоа и отворено бојкотирајќи ја крапската лига 2018. Факт е дека спортското натпреварување во модерен крапски риболов, учеството на три натпревари по 72 часа, бара време, физичка спремност, подготвеност, но и значителни финансиски средства за сериозен пристап кон натпреварот. Нешто што не може да си го дозволи секој.

Од тие причини во ниту еден момент не го критикувам изборот на повеќемина крапчии наместо сериозно да се натпреваруваат да “се дружат” на акумулацијата Паљурци. Тоа е легитимно право на секој кој го сака крапскиот риболов и секако лично го поддржувам. Доколку имам повеќе слободно време и доколку не ми се поклопува со други лични и професионални обврски секако би бил пријавен и би се “дружел” на акумулацијата Паљурци. Секако приоритет давам на сериозното крапско натпреварување.

Од друга страна не ми е јасен поривот, не ми е разбирлив внатрешниот мотив и впрочем се прашувам каков е менталниот склоп и какви фрустрации носи во себе човекот кој критикува и плука по одлука во чие донесување учествувал сам. Дури можел сам, лично да даде придонес и да ги насочи работите во соодветен правец. Едноставно кажано доколку ликот кој ги пишува негативните текстови и шири лаги и клевети инсинуирајќи дека одржувањето на крапската лига во 2018 година во Република Бугарија е моја лична желба можел едноставно да се пријави во лигата и да го зголеми бројот на пријавени до 11. Така лигата ќе се одржуваше на акумулационото езеро ПАЉУРЦИ во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА па наводно ќе беше остварена “неговата” желба.

Мотивите на момците кои се вклучија во сериозно натпреварување се силни. Нивната одлука да се борат за место во репрезентацијата на РМ и да ја претставуваат земјата на меѓународен натпревар од највисок ранг е секако за поздравување. А спортската желба и поривот да се борат за место во екипа која ќе се спротивстави и бори рамо до рамо со најдобрите во светот секако заслужува силна поддршка.

По однос на потрошените средства за одржување на натпреварот во Бугарија мора да се потенцира дека средства од МРФ не се потрошени. Имено секоја екипа има платено котизација од 100 евра. Со средстбата од котизација е платен закупот на езерото. Секоја екипа сама, ОД СВОЈ ЏЕБ го плаќа патот до патеката во Бугарија и сама си ги обезбедува потребните мамци, примами, боили, опрема ........ Потенцирам уште еднаш дека ниту еден денар од МРФ не е потрошен во Бугарија. Судиите добиваат дневници исто како да судат во Македонија.

Во оваа прилика морам да ги споменам момците кои оваа година учествуваат во државното првенство и по одржаното прво коло да им честитам за постигнатите резултати.
• Екипите на ЦО2 (Александар, Јово и Мичо – првопласирани по првото коло) и “децата” од Крушево (Благојче Илиевски и Николче Петрески) под водство на Нико (третопласирани) со голема сигурност може да кажам дека се надежта на крапскиот риболов во РМ. Млади, мотивирани и во тренажен процес кој секако отвара перспектива за идни успеси.
• Дени и Роби искусните волци од Виница (второпласирани) момци од кои може многу да се учи и кои имаат уште многу да понудат во спортот,
• ентузијазмот на Велијан, Мац, Свето и Сашо не може да се опише со зборови,
• Докторот Панов и Аце се освежување за околината, лица кои зрачат со огромни количини позитивна енергија која плени;
• Мартин и Милчо дуо кое прв пат настапува заедно, но е многу сериозен противник за сите во околината и секогаш може да изненадат со одличен пласман
• Сашој, Аце и Сашо (МИА) момци кои допрва ќе покажат што знаат и умеат, кога сето практикувано по “дивите” води во Македонија ќе го применат на официјален натпревар;
• Јас и Предраг едноставно сакаме да се натпреваруваме. На терен да покажеме што и колку знаеме и колку можеме. Полека годините не газат, но не им се даваме ниту на помладите, а овие “стариве” ќе ги “мачкаме на леб”.

Од мене во овој момент толку. Крапскиот натпреварувачи риболов има перспективи и треба да оди напред. А опашките од минатото и “доајените” на крапскиот риболов треба да останат во историјата и да ги остават младите и перспективните да одат напред и да се натпреваруваат со срце и дух.

Проф. д-р Васил Костов


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 21, 2018 12:23 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON 1142
:NotWorthy: :NotWorthy: :~~ :~~

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 21, 2018 2:14 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON 3008
Вистината е како шило. :D

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 21, 2018 2:15 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLON Нед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON 3505
Од кал да е Васил да е
Василчооо ова требаше порано да го напишеш, ама нека, никогаш не е касно
Се гледаме во второто коло, ќе навивам за вас :fishing:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 21, 2018 2:29 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Јан 20, 2012 1:45 am
МислењаCOLON 1507
Почитуван проф. д-р Васил Костов
Секоја чест за вашиот труд за обемноста на објаснувањето во горенаведениот текст,за кој ке потврдам дека е 90% вистинит,затоа што присуствував и на двата состанока,но прашањето е зошто 90%.

-Мислам дека треба да објасните на поширокиот аудиториум,зошто ме прозивате во вашата точка под реден број 6
-И покрај тоа што сите вие кои ја донесовте таа одлука,длабоко во себе ја знаеете вистината,но изгледа немате доблест да ја порезентирате овде пред сите нас.
-Точка 6,е една голема лага или местенка ,затоа што на некого бевме трн во око,па немавте друга алатка да не оттргнете од крапската лига ,туку го употребивте најдрскиот и најнечовечкиот начин за процесуирање на казната.
-За обвинувањата во точка 6 ,и ден денес не дадовте докази кои ке ги потврдат вашите обвинувања,како на нас овде ,така и на адвокатите кои го бараа тоа од вас по службена должност.
-Во врска со точка 6,Илија Радевски јасно и гласно стана на последниот состанок и кажа пред сите вас дека чинот е тотална местенка,но никој од вас не противречеше на неговата изјава.Зошто??
-Барањето за помилување и намалување на ''казната'',веднаш ви кажав дека нема да го добиете,затоа што со самото барање ,ке ја потврдам мојата инволвираност во настанот и потврдата за виновност (за која одговорно тврдам дека е една голема лага и манипулација со лугето кои не биле присутни на лице место), а вие како институција ,докажете го овде спротивното.

Ве сметам за паметен човек ,па сватете дека со одредени ваши и постапки и постапките на лугето околу вас,ја доведовте лигата на ова ниво.Кривицата е лично ваша и на вашиот тим и имајте доблест да го признаете тоа.Човечки е да се признаат грешките што се направени и редно време е вие,како долгогодишен претседател на МРФ,да побарате мислење на вашите состаноци и од членовите кои не се дел од управните одбори на МРФ.

Немојте да се доведуваме во ситуација,овде јавно да форум,сите ние кои сме биле дел од репрезентација,да изнесуваме чинови и факти дел вистинити дел лажни.Па да се докажуваме кој ја кажува вистинита кој не.

Со почит

_________________
[ img ]
www.octopus.rs


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 21, 2018 3:04 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON 3008
Vasil Kostov НапишиCOLON
• Јас и Предраг едноставно сакаме да се натпреваруваме. На терен да покажеме што и колку знаеме и колку можеме. Полека годините не газат, но не им се даваме ниту на помладите, а овие “стариве” ќе ги “мачкаме на леб”.
Проф. д-р Васил Костов
Во некој друг живот, можеби?
Впрочем, како на првиот заеднички натпревар во 2018-та на Бистрица во Безден. :D :yahoo:

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 21, 2018 5:58 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON 8360
ЛокацијаCOLON Skopje
Se potrudil Vasil da napise ubav tekst.
So mnogu od napisanoto se slozuvam.
Veke 5-ta godina sum vo UO na MRF i ponekogas se cudam samiot na sebe zosto mi e toa potrebno.
Izminative godini se trudime da napravime nesto so ribolovot i mislam deka mnogu sme napravile...
Finansirame krapski, plivkarski, spin, fly Ligi i Kupovi, se odi na svetski i balkanski prvenstva, se plakaat kotizacii no i smestuvanjei patni trooci no i mamci na sportistite, Iako Zakonot ne e na nasa strana oformivme grupa za kontrola na ribolovnite vodi kojasto godisno ima okolu 30-tina izleduvanja na teren, so finansiite se raboti domakinski ( ne velam deka ne moze podobro ).... da ne dolzam mozebi najdobro e da se stavi ovde prezentacijata za srabotenoto koja, del od nas, imavme moznost da ja vdime na Izbornoto Sobranie.
Eden golem nedostatok e mozebi sto za mnogu raboti ne se informiralo, pogolemiot broj od ribolovcite ne znaat sto ima sraboteno ovaa MRF.
No ima luge na koj sreduvanje na nekoj sostojbi ne im odi vo prilog, podobro ,,ribolovat,, vo matno.
Da ne ja sirime temava i da se zadrzam na naslovot.
Dolgo vreme ne mi e jasno sto e toa sto ne cini vo krapskiot ribolov.
Ako MRF organizira liga, ako se plateni kotizacii, pat, smestuvanje, mamci zosto ima mal broj na prijaveni ekipi ...
Za da se ,,sredat ,, rabotite vo krapskiot ribolov se organiziraa dva sostanoka. Ajde prviot imase relativno mala posetenost no na vtoriot bea prisutni pogolem del od luge na koj vo krapskiot ribolov im se slusa zborot. Jas stvarno ne mozam da se setam na edna tocka, na nitu edno baranje koe ostana neprocesuirano. Od site tie luge so glasanje se izbraa krapdzii koj ke vlezat vo krapska komisija i ke ja pripremaat ligata. Istite tie i ja pripremija ligata.
I povtorno nesto ne cini. A se e dobro ???!!!???
Zosto ne Paljurci zosto Suki ?
Pa Vie taka odlucivte, i Jane i Ico i Mecho i Sergej i Daniel i Ace i Predrag i Vasil .... i site sto bea na toj sostanok. Izbravte krapska komisija koja ja organizirase ligata.
I pak nesto ne cini...
Nemojte pogresno da me sfatite, i jas sum poveke za Paljurci ili Mavrovica, ama da ima riba, poziciite da se ravnopravni, ribata so koja ke se poribi da ostane i posle prvoto kolo vo ezero a ne vo frizider, da ima ulov i za vreme na mrestot, da nema favoritski pozicii.
Mozebi ke ima sansa narednata godina noviot sostav na UO na MRF da resi da ne se odi na svetsko prvenstvo i so parite da se poribi ili zapocne poribuvanje na nekoja voda koja ke se koristi za natprevari vo krap i plivka ili samo vo plivka ...
Moe licno mislenje e deka e propustena ubava i golema sansa za krapskiot ribolov vo Makedonija, da se etablira i da se postavat temeli za sto poveke mladi natprevaruacki da se priklucat vo ovoj ribolov.
Mislam deka tuka MRF ne e kriv. Krivi se nekoj poedinci koj ili ne razmisluvaat so svoja glava ili ne im odgovara.
Za kraj, MRF ili UO na MRF ili krapskata komisija ni na kraj na pamet ne i bilo da raboti protiv krapskiot ribolov ili ribolovot voopsto.
Ako na nekoj toa taka mu izgledalo mozel vo sekoe vreme da se javi, da dojde ili pak da sedne na kafe muabet i da mu se razjasnat nekoj negovi nedoumici. Veruvajte mi deka poveke bi sakal da bistram vakvi temi na masa otkolku da citam se sto se pisuva na facebook.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 21, 2018 7:50 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON 1142
Koj nedoumici da im gi razjansis Saso? Tie poedinci ne znaat sto pravat a najstrasnoto od se e sto ne znaat zosto go pravat toa? Ne postoi druga pricina osven licna sueta. Im bese ponudeno da bidat del od sekcijata i samiot si svedok. Odbija. Ako prifatat ke bidat meta na kritiki a nema da mozat da kritikuvaat. Toa ednoatavno ne odgovara na nivniot mentalen sklop, pa normalno e da se odnesuvaat taka. Gledaj seir od strana, sirinegativna energija, i teshi se so toa deka ti si golema
licnost. Im seknuvaat izvorite za hranenje na suetata poleka. Gi naucija pa gi baniraa od forumi, od grupi na facebook, lugeto vidoa kolku e casot pa pocnaa da si pravat majtap na nivna smetka. Toa neminovno im stvara frustracii pa moraat nekade da gi lecat.
Jas mozam samo da kazam deka se sramam sto mi se kolegi po
sportot. Tolku!

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 21, 2018 11:48 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON 6956
Седам раат, знам дека сета бука е толку патетична...но ај чим претседателов се јави еве и и мој став и гледиште.

Видете, Васил во текстот добро ги срочил хронолошки настаните со цел да биде темелен и концизен за да прати културна порака - ОСТАЈ НЕ НА РААТ, ТВОИТЕ ХИРОВИ СЕ ВИДЛИВИ.
ТЕ ИГНОРИРАМЕ И ПРАВИМЕ СЕ ШТО МОЖЕМЕ ДА СЕ КРЕНЕМЕ ВО ОВОЈ СПОРТ!

Еве вака јас лично сакам да гледам на текстот.

Но, ако гледаш обратно, ДА. Му се обраќа на лице кое за жал сеуште е без дијагноза.

Вака лаички мислам дека станува збор за опсесивно компулсивно нарушување, но треба специјалист да потврди.
Тоа е првиот стадиум ........ - Изгуглајте за повеќе.

Инаку, јас ниту сум во крапска секција на свое инсистирање, ниту сакав, а богами ниту знаев дека ќе бидам.
Некој ме изгласал. А кој? - Незнам ни самиот. Ете Васил пишал кој се беше на состанокот.

Значи, крапското вокс попули. Хахах.Но така е изгласан и Сергеј и Гоце и Мартиновците.

После ова, се поубеден сум дека ќе успееме.

Нема ништо лошо да лигата е надвор од МК.
Јас 2 год. на наша вода трска немам фрлено. Видов колку е саат и НАЈОДГОВОРНО ВИ ТВРДАМ ..- НЕМАМЕ ВОДА за УСПЕСИ!
Тоа и ластовичките на пролет коа ќе дојдат го знаат и си викаат....АХ, еве ги крапџииве пак порибуваат и спремаат лига.

Имаме вода, ама за претпоследно место 25-то. Пред Босна стандард.

Ами обаче ФИШ? - АХ, но ФИШ?

8 год НО ФИШ!

Се поредија сите. И "дивите" и "питомите" (популарно е сеа ова)!
Исход=25-ти, НО ФИШ!

Толку години овој "ДИВИОТ" пецал надвор на светски и на купови и наместо да се освести да рече - НЕ БИВА МОМЦИ, ДАЈТЕ ЧАРЕ....ТОЈ КРАПЏИЈА ПАРЕКСЕЛАНС!
Си го искористи своето искуство од надвор за СЕБЕПРОМОВИРАЊЕ ДОМААА!

И не само што ја крие својата неспособност, него мандрак - кај него било КРАПСКОТО KNOW HOW? - Искривена слика - ГРОТЕСКА!

Е затоа сеа ќе страда спортоооооввввв, затоа сме НО ФИШ Репрезентација 10 год.

И на првиот момент за отскок, првиот момент за да барем тие 9 екипи ВИДАТ КОЛКУ Е СААТ - ОДМА ДА ТИ ГО ВРЗЕ ТЕГОТ и ДА ПОТОНЕШ СО НЕГО и пар ФАЦИ на кој им наметнува мислење.

Е овој пат НЕ!

Умре тоа! Ќе се борам со колегиве од секција до последно.
Ќе се бориме за спортов, за негов напредок и еволуција.
Не ме интересираат ни здруженија, ни поединци, ни МРФ - АПСОЛУТНО НИШТО!

ОВДЕ ПОВЛЕКУВАМЕ ________________________________________ !

Јас немам фејсбук профил, не го почитувам нецензурираното излагање.
Овде е мојот домен - кој сака, нека повели на мегдан!

пс. Не пробувам да го бранам Васил, но теговите за да потонеме не се кај него - Кај овие со КРАПСКОТО КNOW HOW e!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Maј 23, 2018 10:54 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Jул 31, 2012 1:28 pm
МислењаCOLON 276
Spaiva НапишиCOLON

.......теговите за да потонеме не се кај него - Кај овие со КРАПСКОТО КNOW HOW e!
Е многу во завиткана форма ви се постовиве...и твојот и на сите погоре во темава. Вие што сте дирекно инволвирани во настаните си ги знаете лицата кој според вас ја кочат работава....но и ние останатите од форумов имаме ваљда право да знаеме кој се тие. Или не сакате или (за да зачувате можеби каков-таков однос меѓу Вас и тие лица) не смеете да излезете со имиња. Кога веќе сакате да се отворат картите...отворете се до крај

_________________
Иф ју континју ту рајт маседониан јуит латин лет`рс, ај вил рајт инглиш јуит сирилик, то шоу ју хау стјупид ит ис!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum