www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

253 КРАПСКИ КУП ЕЗЕРО СУКИ- БУГАРИЈА 21-24.06.2018
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=97&t=6958
Страна 11

АвторCOLON  Krki [Чет Maј 24, 2018 11:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  253 КРАПСКИ КУП ЕЗЕРО СУКИ- БУГАРИЈА 21-24.06.2018

Како и минатата година на кој колегата од Бугарија Слави 253 направи два купа со помош на рибар 2011 , од кој едниот беше во заедничка организација , така и оваа на езерото суки во Бугарија ке се спроведе уште еден во организација на Слави 253.
Како учесници на овој куп се пријавија 9 Бугарски екипи и 3 од Македонија.
Од македонија пријавени екипи се:

Дрим тим рибар 2011
Хокај рибар 2011
Астерикс и Oбеликс рибар 2011

Останати екипи од Бугарија се:

ASI
Горнобанците
fish bg + Бижу карп
Carp Team Септември
Максим и Митко
253 karp
Дако карп
Огин карп
Banana carp

АвторCOLON  Spaiva [Пет Jун 22, 2018 7:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 253 КРАПСКИ КУП ЕЗЕРО СУКИ- БУГАРИЈА 21-24.06.2018

[ img ]

АвторCOLON  ТафТабиТ [Нед Jун 24, 2018 8:21 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 253 КРАПСКИ КУП ЕЗЕРО СУКИ- БУГАРИЈА 21-24.06.2018

[ img ]

[ img ]
[ img ]

АвторCOLON  Предраг [Нед Jун 24, 2018 10:30 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 253 КРАПСКИ КУП ЕЗЕРО СУКИ- БУГАРИЈА 21-24.06.2018

А резултати или судиите не ви носат?

АвторCOLON  marks [Пон Jун 25, 2018 10:03 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 253 КРАПСКИ КУП ЕЗЕРО СУКИ- БУГАРИЈА 21-24.06.2018

Суки е прекрасно езеро. Како измислено за натпревари за помал број на екипи. Одлична конфигурација и карактеристики за натпреварување, а топ среденост на боксови и стаза. Секоја чест за Пламен и Слави. Интернет фршти на секоја позиција, љубезни домаќини и најважното, полно е со риба (сочувано). Општо гледано, подобар избор за Лигата, здравје.
Секоја позиција е приказна за себе и нуди можности за ловење и на дно, но особено и со zig-rig техника. Според она што се најавува и надзира за СП на Ада Циганлија, подобар избор - амин.
Послабо до сега (резултатски) не сум поминал, но ова ми беше едно од подобрите натпреварувања, благодарение пред се на Бамсе, Spaiva и Tafta, Кременадла и Крки и секако на домаќините.
Први беа на поз. 1 Слави, Втори беа дечките на улив на поз. 6. и трети завршија машиниве до мене десно на поз. 10 (исто од БГ). Уловот кумулативно беше слаб заради големата промена на временските прилики.
Како напомена само дека позициите и ловните сектори на овој куп не се исти со оние од нашата Лига. Рибата претежно се движи на средината од езерото кое во најширокиот дел е околу 230 м. Некои пробаа да ловат и на 120 м. но најуспешните дистанци се движеа од 60 до 80 м. заради конфигурацијата на дното и движењето на рибата. Се ловеше на најразлични должини на зиг-ригови од 3 - 3,5 до 6 - 6,50 м.
Уште еднаш голема благодарност за гостопримството и со нетрпение ќе ја чекам следната прилика да го посетам ова езеро

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/