РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am МислењаCOLON10473
emil.matoski НапишиCOLON
Ај полека со Државните дозволи.
Како е тргната работата сите ќе извадат Државни дозволи.
Изгледа ќе мора да почнам да се дружам со искусни концесионери што знаат како да се справат со риболовците што имаат Државни дозволи Како што читам овде имало и такви концесионери
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
ico baits НапишиCOLON
emil kolku cklenovi imas u vaseto zdruzenie
Кај нас сеуште не е почната сезоната. Од март очекувам да почне да качува риба во Црн Дрим, а со тоа и да се зголемува членството.
До сега сме околу 30 членови, а почнавме со дозволи пред околу 10 дена.
Јас сум задоволен од тоа како се одвиваат работите сега за сега.
Би требало да стигнеме до цифра од 250-300 за оваа година.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
На 31.03.2013 година ЗРСК Пастрмка - Струга одржа редовно изборно Собрание.
Покрај тоа што беше избран нов Управен и Надзорен Одбор, на ова Собрание се додели и едно несекојдневно признание.
Како претседател на ЗРСК Пастрмка-Струга имав чест и задоволство да му доделам ПРИЗНАНИЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на ИЛИЈА БАЛОСКИ.
Имав чест и задоволство да му го доделам тоа признание на човекот кој е еден од основачите на ЗРСК Пастрмка - Струга.
Човекот кој бил вклучен во активностите за основање на МРФ.
Човекот кој ја градел и ја гради ЗРСК Пастрмка-Струга повеќе од шест децении.
Човекот кој е АКТИВЕН член на ЗРСК Пастрмка-Струга почнуваќи од 1952 год. до денес.
Човекот кој е присутен на сите, без исклучок на сите состаноци на ЗРСК Пастрмка-Струга и активно учествува во истите со свои совети, идеи и предлози.
Човекот кој бил со ЗРСК Пастрмка - Струга и тогаш кога здружението бележело подеми и успеси, но и тогаш кога здружението бележело падови и неуспеси.
Човекот кој и ден денес, и покрај годините што ги има, е спремен да понесе огромен товар на своите плеќи само да може да ја види ЗРСК Пастрмка - Струга на здрави нозе и да даде свој допринос во развојот на спортскиот и рекреативниот риболов.
Еве некоја слика од настанот:
Доделувањето на ова Признание беше изненадување, но човек со толку големо искуство зад себе никогаш не може да остане без збор.
Еве го и видеото од овој настан. Вистина е со слаб квалитет, но ...
Горд сум што Илија Балоски е член на ЗРСК Пастрмка-Струга.
Горд сум што имам прилика да ја научам историјата на моето здружение и историјата на риболовот во Струга и Струшко лично од човекот кој повеќе од шест децении е дел од таа историја.
Посакувам сите ние да можиме да се пофалиме со толку ентузијазам и љубов кон риболовот како нашиот Илија Балоски.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am МислењаCOLON1322 ЛокацијаCOLONПрилеп
Браво Емил, РЕСПЕКТ за потегов, а чичко Илија се гледа дека иако има доста години, во умот е младич! Одличен говор, одличен речник и вокабулар, секоја чест !
_________________ --->ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА<--- Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Од седум члена на Управниот одбор, четворица останаа од стариот состав, а останатите тројца се свежа крв.
Претседател останувам јас со мандат во наредни 4 години, а секретар е Flayer од форумов.
Се избра подмладен состав на УО, па се надевам дека ќе продолжиме со нови сили во поголеми успеси.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 9 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум