www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Aпр 29, 2024 5:03 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ]  Оди на страна «1234
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 13, 2014 7:14 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Rade Rusevski НапишиCOLON
гоце НапишиCOLON
Колега,според напишаното стануваш сериозен конкурент за министер за надворешни работи,многу напишано од околу па на ќоше,од твоето кажување нема ништо во пракса.Времето се разубавува,излезете покрај кејот на Вардар прошетајте и ќе ви стане јасно дека вашето излагање не се совпаѓа со реалноста,на терен е жалосно,се повеќе рибокрадци,се повеќе сепарации,загадувачи,водата мириса на сапуница од ЈСП кој ги пере новите автобуси речиси во Лепенец секојдневно после работно време, кога не можеш да се јавиш на безплатниот телефон кој сте го навеле во дозволите , можеш само од фиксен телефон,значи за да пријавиш треба да ловиш риба во леген во двор.Најнова мода на трокукашите е лов со празна јадица,значи швркање со една јадица наместо трокука,си швркаат до безсвест,замисли да риболовиш во негова близина,летаат риби искинати на сите страни.Излезете од канцелариите на чист воздух,можеби ќе ви се избистрат мислитЕ и ќе се соочите со реалноста која не се совпаѓа со вашето излагање,џабе ви е утопија од канцеларија која не функционира во реалноста.Се надевам следнит текст ќе ви биде поконструктивен затоа сте во МРФ,а не да сеете магла.
Колега Гоце, најпрво, иако ми личи дека има доза на иронија, навистина немам ама баш никакви политички амбиции. Критиките кон МРФ, мислам треба да ги реадресирате, во смисла што МРФ не е концесионер на ниедна вода. За потсетување, обврските кон соодветните ревири се на концесионерите, а онаму каде нема концесионер, тоа е обврска на државата. Кои се обврские на МРФ, како и на секоја спортска федерација, можете да ги видите во Статутот на МРФ кој е јавен и е на веб страната на МРФ. Јас ја разбирам потребата да горливите прашања во риболовот се центализираат кон МРФ. Таму, во управниот одбор на МРФ членуваат претсавници на клубовите, и ние за таквите прашања разговараме. Но, колега, повторно, најголеми обврски кон ревирите имаат концесионерите и државата. МРФ, помага, Ви тврдам, на здруженијата колку може, односно колку законските прописи тоа и го дозволуваат. Затоа МРФ неможе да биде генерален виновник за сите негативни појави во риболовот. И на крајот, бидејќи состаноците на управниот одбор на МРФ, колку јас знам се јавни, можеби е добро да присуствувате на некој од нив и да видите како оваа организација, која ги обединува спортските и рекреативните риболовци, функционира.
Бистро!
Колега,едно прашање до тебе како волонтер на МРФ.Кој треба да поведе иницијатива за забрана на сепарациите да испуштаат тони тиња во речните корита,да се донесе закон во собрание со строга забрана на испуштање на загадена вода во речно корито од сите загадувачи кои се поставени токму покрај речните корита,да нема повеќе сапуници високи 1 метар на каскада канал 5.Тоа кажи ми, не ми објаснувај за такмичење и останати порибувања без краен ефект,да не речам промашени,колку да се сликаме за момент а потоа да не знаеме каде е таа риба која се изловува во моментот на пуштањето.Те молам колега објасни ни бидејќи не можеме сите да учествуваме на такви плодоносни состаноци на МРФ,на кои учествуваш како волонтер.Да има малку совест МРФ,како што ја нема,досега требаше во коритото на Вардар да тече бистра вода,а не твојата македонска пастрмка да се бања во сапуница,сигурно тоа не го заслужува,верувам дека странците не се запознаени дека пастрмката се порибува во екстремно загадена вода,инаку верувам дака МРФ не да добие награда ,туку ќе добиеше тешка казна за поука на сите федерации во цел свет.Тоа е еден мал сегмент од реалноста на терен,која МРФ не сака или не може да ја види од удобни канцеларии за состаноци на кои учествуваат разни професори и стручњаци од различни области,па и по некој волонтер,. кои расправаат како да се потрошат парите собрани од риболовците.Благодарам за поканата за ваков состанок,јас ситуацијата добро ја следам на терен и гледам дека на се менува на подобро,напротив оди на полошо,водите се повеќе се загадуваат,порано по Лепенец течеше нафта сега тече сапуница,тоа е разликата и водата е се поматна секој ден,порано беше матна само во работни денови.Тоа дека МРФ не го тангираат овие теми,во голема заблуда сте,како може да не ве интересира водата во која порибувате,тоа е животна средина на рибата,тоа покажува дека покрај толку експерти,вие тотално не сте заинтересирани за основната работа,чиста животна средина за рибата,не знам зошто воопшто постоите.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ]  Оди на страна «1234

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 18 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum