А може некој да ми објасни како може Државата да ми додели на концесија одредена вода, за таа вода да бара од мене да исполнам некои обврски кои чинат во најмала рака 5-6000 евра, а од друга страна таа да одредува цена на Државна дозвола која важи за сите води. Ејјјјјј па ова мислам дека во најмала рака е неуставно и се коси со еден куп закони.
Еве еден прост пример. Ако јас ви издадам под кирија дуќан и сме се договориле да ми плаќате кирија во одреден износ, кој редовно ми го плаќате. Дали тоа ми дава за право јас да си доаѓам во тој дуќан кој сум го издал и да си земам од вашата роба без да платам? Дали јас имам право да ви одредувам цена на производите што ги продавате? Дали јас имам право да застанам пред врата и да им наплаќам на муштериите пари, а производите да ги земаат од дуќанот кој вие рботите. Нормално дека не, јас сум го издал дуќанот и за тоа барам и добивам кирија, барам да си ги подмирувате сметките за комуналии, барам да ги одржувате просториите, и тоа е што барам, и немам право да ви се мешам во финансиската политика.
Државна дозвола ..... поголема глупост, според дефиницијата од сегашниот Закон, не може да постои. На кого му одговара оваа дозвола? На Државата за да полни буџет и одговара сигурно. На риболовците од Скопје им одговара затоа што одат на повеќе различни ревири, а тоа ќе ги чини скапо ако вадат секаде посебно дозвола. А што од тоа добиваат концесионерите од внатрешноста? НИШТО !!!! Риболовците од внатрешноста си ловат на одредени ревири, 99% од нив се локал риболовци и не ги интересира Државна дозвола. И овде доаѓаме до уште еден апсурд, Државни дозволи најчесто имаат Скопјани кои многу ретко или воопшто не ловат на скопските ревири, ловат на ревирите во внатрешноста на Македонија, а плаќаат пари на Скопски здруженија и во буџет на РМ.
И сега ќе прашам, дали ова е фер политика спрема концесионерите? Дали има некоја логика во дефинирањето на Државната дозвола?
Seto ova go znese pred da konkuriras za toj vas revir ...ZOSTO konkurirase ??
Еве Емил јас ке пробам да ти одговорам од моја гледна точка .
Вадењето дневна дозвола го направивте како да вадам зелен картон за кола или незнам што ...
ЈАс за да одам на некој ревир по риба , треба да ја најдам нивната жиро сметка , па да најдам колку кошта дневна или 7 дневна дозвола , па да идам у банка да уплатам за да имам заверена уплатница или да уплатам преку електронско банкарство па да се убедувам со некој чувар дека тоа е нормална уплатница која сум ја уплатил преку интернет.
ако вадам на лице место треба да барам кај ви е пунктот , дали воопшто го има и дали ке работу и 4 сабајле кога рецимо би стигнал на вода .
вака со државна не ме боли глава каде ке ми текне сабајле да идам по риба . палам кола и идам ...
не викам дека е фер распределбата на средства од страна на министерство но тоа е од моја гледна точка
Pobrgu ce smenam hobito ili ce krivolovam nego ovaa FISKULTURA da ja napravam ..