www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Aпр 18, 2024 2:58 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS119»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 26, 2011 10:18 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Maј 18, 2011 11:08 pm
МислењаCOLON181
ЛокацијаCOLONСкопје
РЕВОЛУЦИЈА ЗА МРФ ! :D

_________________
Eee Бах, Бах.. еден ебах и тај умре..


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 26, 2011 10:26 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
kladofora НапишиCOLON
eve vi eden primer kade ribolovcite samoorganizirano si ja cuvaat vodata kade sto ribolovat. ezeroto kalimanci e cuvano od samite ribolovci koi za da gi namalat ribokradcite sorabotuvaat so policijata odnosno sekoj nedozvolen nacin na ribolov go prijavuvaat i so samoto nivno prisustvo na ezeroto e namalen brojot na mrezari i slicni, se grizat za samoto ezero baraat donacii za poribuvanje go poribuvaat .ne cekaat nekoj drug da im organizira ribocuvarska sluzba i slicno.a za mrf i ribolovno drustvo vardar moze samo da kazam deka itno im e potrebna reorganizacija svezi idei i poveke aktivnost na teren.na primer lani poveke pati se javuvav deka na sastav vardar treska ima sertmadjii nikoj na takvo ne go stavi prijavenoto i duri od generalniot sekretar kiril ivanovski bev ismean kako sum dosaden oni toa go znaele. pa togas sto ne prevzemat nesto da se spreci barem oci da zamackaat deka se raboti nesto.smetam deka treba da postoi makedonska ribolovna federacija no od koren da se izmeni nacinot na funkcioniranje
Tokmu toa i go mislev. Golemo bravo za Kalimacani

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 26, 2011 10:38 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Crucial НапишиCOLON
РЕВОЛУЦИЈА ЗА МРФ ! :D
РЕВОЛУЦИЈААААА :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maј 27, 2011 11:08 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
ЦитатCOLON
денес гледав на Телма емисија на Илија Бојаровски.....разговараа на моменталните теми со забрани и концесии.......по муабетот на Др. Костов.......тие имале доста добри предлози, но не им биле прифатени......
Др. Костов sum go slusal povece pati i sekogas mu e isti muabetotot "jas baram tie ne davat" za da si uspesen vo nekoja svera na biznis pa i vo ribolovna federacija treba da gi iznuduvas rabotite so pamet pa i so sila ako treba,a ne samo da baras toa go moze sekoja budala,nekoj treba da mu ja objasni silata na mediumite vrz vlasta i ludjeto i treba malce povece da gi koristi,ali ne za samo falenje na sebe i tie okolu nego

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 12:15 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Интервју со д-р Васил Костов - Претседател на Македонска Риболовна Федерација

[ img ]
1. Кој е Васил Костов ?

Да го прашате Васил Костов „кој е Васил Костов“ секако дека ви изгледа многу едноставно и разбирливо, меѓутоа како Васил сам да одговори кој е Васил? Малку незгодно. Да побаравте моја биографија, не е проблем, ќе ви ја испратев во целост. Да ме прашавте за мојата животна определба и професионална преокупација, секако дека ќе имам што да одговорам. Да ме прашавте за мојот приватен живот, брачна состојба, деца, хоби и слично дефинитивно ќе добиевте конкретен одговор. Меѓутоа прашањето „Које Васил Костов“ дефинитивно треба да го поставите на некој друг - неговите роднини, пријатели, познаници па и непријатели, колеги, соработници, потчинети и надредени. Нивните одговори секако во целост ќе го претстават Васил Костов онаков каков што е навистина, како човек, како стручњак, како пријател, како другар, како непријател, како раководител, како потчинет, како родител и сопруг.

Имајќи во предвид дека прашањето ми е поставено од Борис како личност која го води ова интервју, инаку страстен риболовец, член на форумот, односно еден од оние кои го создадоа и одржуваат во живот истиот и имајќи во предвид дека интервјуто ќе биде објавено на форум на кој повеќето од присутните се риболовци, ќе се фокусирам на аспектите од животот поврзани со рибите, риболовните води и риболовот.

Од тој аспект одговорот би бил.
Васил Костов е страствен рекреативен, а од неодамна и спортски риболовец, кој е и научен работник во областа рибарство, вработен во УКИМ Институт за сточарство (моментално е директор на истиот), избран во звањата „виш научен соработник по рибарство“ и „вонреден професор во областа рибарство“ и актуелен претседател на Македонската Риболовна Федерација.

Накратко може да се каже дека рибите ми се животна определба и од професионален аспект, но и од аспект на хоби, рекреација и задоволство. Голем дел од животот го имам поминато покрај вода (па и во вода) на риболовните ревири во Македонија.

Во продолжение ќе ви претставам дел од мојата биографија која се однесува на мојата професионална определба - рибите.

КУСА БИОГРАФИЈА
Роден сум во Скопје на 18.11.1969 година. Основно образование завршив во Скопје, како првенец на генерација. Средно образование, биотехнолошка струка, со континуиран одличен успех, завршив во 1988 година, во гимназијата “Никола Карев” во Скопје, по што се запишав на Земјоделскиот факултет, во Скопје (сега Факултет за земјоделски науки и храна), група Сточарство. Во учебната 1993/94 година се запишав и на Ветеринарниот факултет во Скопје, како редовен студент, и ги студирав двата факултети истовремено.
По дипломирањето на Земјоделскиот факултет (дипломирав на тема од рибарство) се вработив во ЈНУ Институт за сточарство, како помлад асистент.
Во учебната 1996/97 се запишав на последипломски студии, на групата Рибарство, на Факултетот за земјоделски науки и храна. Испитите ги положив во предвидениот рок со просечна оцена 10.
Магистерскиот труд под наслов “Репродуктивни карактеристики на рибите од реката Вардар” го одбранив на 03.12.1999 година, со што се стекнав со титула Магистер на земјоделски науки (потесна област рибарство).
Во 2000 година бев на студиски престој - специјализација во Истражувачкиот Институт за Рибарство во Република Кина – Тајван каде се здобив со диплома од областа “интензивна аквакултура”.
Во периодот од 2000 до 2010 година посетував практични обуки од областа рибарство, аквакултура и репродукција на риби во Србија, Хрватска, Италија, Норвешка, Египет и Холандија.
Докторската дисертација под наслов: “Примена натоп-доњн биоманипулација со рибни популации во решавање на проблемот со еутрофикација на стагнантни водени екосистеми” пријавена на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, ја одбранив на 15.02.2006 година. Со тоа се стекнав со титула Доктор по земјоделски науки(потесна област рибарство и екологија на риби).
Во 2008 година избран сум во звање виш научен соработник по рибарство.
Во 2010 година избран сум за професор по група предмети на последипломскиот студиум на Факултетот за земјоделски науки и храна.
Во 2011 година, со отварањето на втор циклус студии во УКИМ Институт за сточарство избран сум во наставно звање Вонреден професор на група предмети од областа Рибарство.
Во 2011 година избран сум за вонреден професор на предметот “Биологија и патологија на риби” на Ветеринарниот факултет во Битола.
Раководител на мрестилиштето „Топлец” во Дојран” и мрестилиштето „Шум” во Струга сум од 2004 година, а раководител на одделението за рибарство сум од 2006 година.
Имам учествувано во поголем број на работни групи и Комисии од областа на рибарството, при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а имам активно партиципирано во изработката на Законот за рибарство и аквакултура и подзаконските акти. Актуелен член сум на Советот за рибарство при МЗШВ.
Бев главен координатор и изготвувач на дваесет и една риболовна основа за риболовните води во Република Македонија.
Од март 2006 година сум избран за Претседател на Македонската Риболовна Федерација. Во 2010 година сум реизбран на истата функција за наредниот период од 4 години.
Во март 2010 година сум назначен за вд Директор на УКИМ Институт за сточарство – Скопје, а од август 2010 година сум избран за Директор на УКИМ Институт за стоарство – Скопје.
Инаку сум женет (сопруга Магдалена – риба во хороскоп) и сум татко на три ќерки (Марија, Ана и Ева).

Имам објавено над 40 научни трудови од областа на рибарството. Имам учествувано на над 20 научни собири од областа на рибарството во земјава и странство. Имам учествувано или сум бил раководител на 12 научни проекти. Имам напишано повеќе од 190 стрични трудови, елаборати, експертизи, технички проекти, рецензии, предлог проекти, мислења и толкувања од областа на рибарството.

2. Кои се основните надлежности на МРФ ?
Основните надлежности на МРФ се дефинирани во Статутот на МРФ, а дел од нив се пресликани и се наоѓаат и во Законот за рибарство и аквакултура. Истите може секој рекреативен риболовец да ги прочита во Статутот на МРФ кој се наоѓа објавен на интернет страната на Македонската Риболовна Федерација (http://www.mrf1952.mk).

Во продолжение ќе цитирам дел од Статутот на МРФ кој се однесува на ова прашање.

Член 2
Македонската Риболовна Федерација е федерација на здруженија на спортски риболовци, рекреативни риболовци и други здруженија на граѓани од Македонија, кои се здружуваат зарадиостварување и усогласување на свои и заеднички интереси и заради вршење на активности, кои се стремеж кон збогатување на облиците на организирање и дејствување од областа на спортскиот и рекреативниот риболов, регулирано со овој Статут.
Член 3
Македонската Риболовна Федерација, како федерација на здруженија на граѓани, своите права, должности и одговорности ги остварува согласно Уставот, Законите и овој Статут.
Член 10
Риболовните здруженија и клубови (РЗК) од Република Македонија се здружени во МРФ заради остварување на пошироки заеднички интереси.

Цели, задачи и дејности на МРФ се :
- организирање на рекреативниот риболов во Р.Македонија;
- организирање на спортскиот риболов во Р. Македонија;
- организирано јакнење на РЗК, нивна меѓусебна соработка и омасовување на спортскиот и рекреативниот риболов;
- насочување и координирање во работата на РЗК;
- развивање и унапредување на рекреативниот и спортскиот риболов;
- зголемување на рибниот фонд;
- заштита на водите и рибите во нив;
- заштита и унапредување на животната средина;
- дава помош, соработува и врши контрола на терен во организирањето на спортскиот и рекреативниот риболов на своите членки;
- порибување на водите во Р.Македонија;
- издавање легитимација за рекреативен риболов;
- издавање легитимација за спортски риболов;
- водење евиденција и статистика од областа на рекреативниот риболов;
- водење евиденција и статистика од областа на спортскиот риболов;
- соработка, помош и учество во производството на порибителен материјал со регистрирани репроцентри;
- соработка со други организации, органи и здруженија;
- едукација на младите во тајните на спортскиот и рекреативниот риболов;
- спроведување и остварување на политиката за развој на физичката култура и спортот воМакедонија;
- утврдување и реализирање на систем за натпревари во спортски риболов;
- стимулирање за постигнување на врвни спортски резултати;
- унапредување на врвното спортување во спортски риболов заради репрезентирање на спортски натпревари на домашен и меѓународен план;
- организирање обука и испити за спортско риболовни судии;
- редовно и детално информирање на членките на федерацијата;
- издавање брошури и други стручно-информативни матерјали;
- изготвување и организирање на разни облици на стручно усовршување на спортските и рекреативните риболовци (семинари, советувања и друго);
- подготвување на програм и спроведување на семинар и курсеви за стручно дооспособување на рибочуварите;
- извршува и други цели и задачи од областа на спортскиот и рекреативниот риболов.


3. Кои се раководните органи на МРФ и како се бираат истите ?

Согласно Статутот на МРФ (Член 30 и 31) органина МРФ се:
- Собрание
- Управенодбор (вопонатамошниоттекст УО) и
- Надзоренодбор

Највисок орган на МРФ е Собранието. Тоа се конституира врз демократски принцип од претставници на членките на МРФ.

Собранието избира УО од редовите на вкупното членство во МРФ.

Собранието избира Председател на МРФ кој е истовремено и претседател на УО.

Мандатот на членовите на УО и Претседателот трае 4 (четири) години.

УО на МРФ брои 13 (тринаесет) члена.

УО од своите редови избира Генерален секретар со мандат од 4 (четири) години.

УО за својата работа одговара пред Собранието.

УО се состанува по потреба, а најмалку шест пати во текот на една година.

Седница на УО ги свикува Претседателот, а во негово отсуство Генералниот секретар.

Заради извршување на статутарните и програмските задачи на МРФ, УО формира постојани комисии и тоа:
- Натпреварувачка комисија;
- Судиска комисија;
- Комисија за порибување;
- Комисија за заштита на рибниот фонд;
- Комисија за работа со кадети и јуниори;
- Комисија за доделување награди и признанија;
- Комисија за информирање;
- Дисциплинска комисија и
- Правна комисија.
Управниот одбор по потреба формира и времени комисии.

Комисиите се помошни тела на УО и одговараат пред УО.

Надзорен одбор е орган за надзор на МРФ. Тој врши надзор и контрола на законитото работење на органите и телата, како и материјално-финасиското работење на МРФ.Изборот и бројот на членови во Надзорниот одбор го врши и утврдува Собранието со посебна Одлука. Мандатот на членовите трае 4 (четири) години. Надзорниот одбор од своите членови избираПретседател со мандат од 4 (четири) години. Член на Надзорниот одбор не може да врши функција во друг орган на МРФ.


4. Кој може да биде делегат во Собранието на Македонската Риболовна Федерацијаи како се одредува кое здружение колку делегати го претставуваат ?

Бројот на претставници (делегати) од секоја членка на МРФ се одредува врз основа на бројотна членови во здружението заведени во единствениот регистер на рекреативните риболовци, одгодината што претходи на Собранието.

Секоја членка на МРФ, која има до 250 члена, има право на еден делегат.

Бројот на делегати на членките кои имаат повеќе од 250 члена се определува со делење на бројот на членовите со бројка 250. Секоја децимална бројка, над целиот број, определува уште еден делегат.


5. Како се финансира МРФ ?
Финансирањето на МРФ е дефинирано во Член 11 од Статутот на МРФ кој гласи:

МРФ за остварување на целите и задачите набележани во овој Статут се финансира од
следните извори:
- наплатен надомест од издадените легитимации за рекреативен риболов;
- членарини од РЗК
- котизација за спроведување на семинари, курсеви и оспособувања;
- котизација за учество во систем на спортски натпревари;
- од буџетот на Р. Македонија;
- од издавачка дејност;
- од донации, и други извори на средства.

6. Колку акции за порибување, кои риби, колкава количина и на кои води има направено МРФ за оваа 2011 година ?

Македонската Риболовна Федерација во текот на 2011 година нема извршено ниту едно официјално порибување, односно нема набавено подмладок за порибување од средствата кои ги уплаќаат рекреативните риболовци на име „легитимација за рекреативен риболов“.

Употребата на средствата од легитимациите за порибувањени е едноставно оневозможено, согласно последните измени и дополни на Законот за рибарство и аквакултура,.

Имено, во предлозите за измена и дополна на Законот за рибарство и аквакултура беше предложено да се дефинира дека 30% од вредноста на цената на легитимацијата МРФ треба да користи наменски и тоа за порибување и заштита на риболовните води. Тоа значеше дека секој риболовец во Македонија ќе учествуваше со приближно 120 денари во порибување и заштита на риболовните води во РМ. И гарантирам дека никој риболовец во Македонија немаше ништо против оваа одредба. Наместо тоа, во последен момент подметната е промена на Законот со којана МРФ и е наложено 30% од уплатата на секој рекреативен риболовец, на име легитимација за рекреативен риболов, да се уплаќа во Буџетот на РМ. На тој начин секој риболовец со плаќањето на оние 400 денари за легитимацијадиректно во буџетот на РМ уплаќа 120 денари.

Оваа година МРФ во Буџетот на РМ уплати приближно 600.000 денари. Тие средства можеа да бидат употребени за порибување или за организирање на акции за чување на рибниот фонд. Вака им се губи секоја трага директно на сметката на Буџетот на РМ.

Јас, ако ми дозволите, би поставил прашање за дискусија до членовите на форумот. Дали вие како рекреативни рибоовци се согласувате со оваа законска одредба? Дали повеќе би сакале да одвојувате 120 денари, наменски средства, за порибување и чување на риболовните води во Македонија, или се согласувате да одвојувате по 120 денари за буџетот на РМ со секое вадење на легитимација и да не знаете за што тие средства ќе се користат?

7. Кои надлежности ги има МРФ во борбата против рибокрадството во Република Македонија ?

Во МРФ, како посебно тело, постои Комисија за заштита на рибите и риболовните води. Во рамките на Комисијата се формира посебна служба која доби назив „Државна Риболовна Контрола (ДРК)“. Формирањето и работата на ДРК е пропишана со посебен Правилник за работа на ДРК.Државната Риболовна Контрола ја формира Управниот одбор на МРФ. Истата е составена од доброволци, лица ентузијасти, доволно смели и бескрајно храбри да излезат на терен и директно да се спротивстават на рибокрадците.

Мора да биде јасно дека согласно Законот за рибарство и аквакултура чување на риболовните води организираат концесионерите на истите преку овластени рибочувари кои ги поседуваат сите потребни овласувања за обавување на службата.

Во ситуација кога риболовните води немаат концесионери надлежност и обврска за чување на риболовните води имаат службите во Министерството за внатрешни работи и Државниот инспекторат за земјоделство.

МРФ, односно Државната Риболовна Контрола и покрај сите настојувања и писмени барања доставени до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на РМ, не доби официјално овластување за чување на рибите и риболовните води. Поради тоа сите акции и активности МРФ ги покриваше институционално со униформирани лица на МВР кои одеа на терен заедно со активистите од ДРК и со инспекторите од ДИЗ. Во последните месеци, многу не радува, активната улога која ја презеде ДИЗ и организирањето на повеќе акции во соработка со МРФ, односно лицата од ДРК.

На крајот по однос на ова прашање не може, а да не напоменам дека изворите на финансирање на МРФ и ДРК, оваа година, беа драстично редуцирани. Средствата за изведување на акциите за заштита исклучително тешко се обезбедуваа. Се кратеше на други нешта за да се обезбедат средства за бензин, но акциите сепак се изведуваа.


8. Имате ли проекти од областа на екологијата и заштита на животната средина ?

Секако дека имаме. Во изминатите години МРФ се јави како носител на еден многу голем и значаен проект насловен како: „Проект за заштита, ревитализација и реинтродукција на македонската пастрмка SalmomacedonicusKaraman 1924 во водите на Република Македонија“. Како кофинансиери и активни учесници во проектот се појавија: Одделението за рибарство при Институтот за сточарство, Градот Скопје, повеќе општини во земјава и главниот финансиер Глобален Еколошки Фонд, а во изведувањето на теренските активности покрај активиски од комисијата за порибување на МРФ и Одделението за рибарство при УКИМ Институт за сточарство, учество зедоа и активисти од неколку рибоовни здруженија од земјава.

Во рамките на проектот се изловија матици на пастрмка од реките во Македонија. Истите се измрестија. Оплодената икра се однесе во инкубаторите на мрестилиштето Шум во Струга. Се одгледаа рибчиња и на возраст од 9 до 15 месеци, со маса од 10 до 30 грами се вратија во водите од каде беа уловени матиците, но и во водите каде популацијата на пастрмката беше драстично намалена или веќе беше исчезната. Од уловените матици се формира матично јато. Во сите активности своја улога одигра и Владата на РМ и МЗШВ кои финансираа дел од порибувањата со пастрмка во изминатите две години и со тоа индиректно го поддржаа проектот.

МРФ минатата година аплицираше предлог проект до ГЕФ и токмупред некој ден добивме и официјално известување дека ни е одобрен истражувачки грант за проектот„Одредување на еколошкиот статус на вретенарот ZingelbalcanicusКараман 1937 – Во потрага по ЗИНГЕЛ“. За оние кои не знаат вретенарот е наш ендемичен вид на риба кој го населувал текот на реката Вардар и притоките, а кој веќе повеќе од 30 години не е регистриран, односно не е уловен. Се претпоставува дека неговата популација е намалена до крајно критично ниво или во најлош случај истиот е исчезнат од земјината топка.

Акциите за чистење од тврд отпад, дефнирање на загадувачите, детектирањето на помори, помошта на риболовните здруженија за докажување на настанатата штета при помори и друго се многубројни и секојдневни. Има низа примери за тоа.

9. Како стручњак Ве прашуваме кои риби можат да успеат во македонските води, а кои сепак се слабо застапени, или воопшто ги нема ?

Во водите на РМ може да живеат многу видови риби. Многу видови риби и живеат во нашите води. Има видови кои се атрактивни и помалку атрактивни од аспект на рекреативен риболов. Има видови кои ги немаме во нашите води, а за истите во нашите води има услови за живот. Меѓутоа тоа секако не значи дека можеме и дека смееме да носиме и да пуштаме во нашите води се и сешто. Мора да нагласам дека секоја вода има свои карактеристики и за секоја вода треба да се дефинира што може, а што не може да се порибува и внесува.
Порибувањето со риби кои природно ги нема во нашите води мора да биде оправдано од научен и еколошки аспект и истото треба исклучително внимателно да се направи.
Она што подолго време се обидувам да го направам и никако не ми успева е во повеќе наши води да се внесе смуѓ. За него има оправданост и дефинитивно треба да го имаме во повеќе наши акумулации. Моментално го имаме само во акумулацијата Младост (Велешко Езеро).

10. Како може членовите на Форумот на http://www.ribar.com.mk да Ви помогнат како федерација и како може да се вклучат во давање на идеи, правење на проекти и нивна реализација ?
Македонската Риболовна Федерација и согласно Статутот и согласно поставеноста, а особено согласно моите лични убедувања е место каде треба да се остваруваат сите наши интереси како рекреативни риболовци, членови на различни риболовни здруженија и клубови. Согласно тоа вратите на МРФ се ширум отворени за сите ентузијасти кој сакаат и можат да се вклучат во работата и активностите на МРФ. Особено ме радува што активистите на форумот се млади и успешни луѓе кои можат да донесат свежина и нов дух на работа во МРФ. Уште еднаш напоменувам дека МРФ е во целост отворена за секаков вид идеи, аплицирање проекти, спроведување на активности кои се во рамите на целите и задачите дефинирани со Статутот и законите.
Полињата на соработка и можностите за заеднички настап во правец на подобрување на целокупните односи во рекреативниот и спортскиот риболов се многубројни и неисцрпни.
Еве оставам тие да потекнат од членовите на форумот, а јас како претседател на МРФ ветувам дека сите ќе бидат со исклучителна сериозност земени во предвид.
Она што, како веќе влијателен и посетуван медиум можете и треба да го правите е објективно да ги информирате рекреативните риболовци за активностите на МРФ.
Еве како прва идеа за некакво поврзување би предложил поврзување на интернет страните на МРФ и „РИБАР“. Можеби страната на МРФ е помалку динамична, но секако е исклучително посетена. На неа се наоѓаат многу информации на кои почиваат односите во рекреативниот и спортскиот риболов. Таму ќе ги најдете сите закони, измени на закони, подзаконски акти, правилници и одлуки, риболовни основи и многу други информации кои ги засегаат сите риболовни здруженија и сите рекреативни и спортски риболовци. Форумот на МРФ иако постои како можност и опција никогаш не заживеа од едноставна причина што нема кој да го води и одржува.

На крај голем поздрав за сите членови и посетители на форумот.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 12:33 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Поздрав до сите и очекувам прашања


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 1:11 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Поздрав до господинот Васил Костов и би сакал да поставам прашање кое сите спортски риболовци верувам ке ги интересира а тоа е:
До каде е постапката со издавањето на концесиите за 2012 година и дали веќе има дадено концесија за одредени ревири како што тоа проструи низ рибарите ?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 1:34 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Прашање:

Од 400 денари уплатени за легитимација, 120 порано оделе за порибување (секако дека би сакал тоа да е повторно така), а сега 120 одат во буџет и не знаеме која им е намената (државата си ги троши за свои потреби).

Каде се трошат моите преостанати 280 денари и зошто до лани легитимацијата беше 300, а годинава 400 денари?

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 2:43 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Ako moze pojasnuvanje za tie 120 den, koj zakon e promenet i od kogo. I dali tie 30% se danok koj go plakate na drzavata ili nesto drugo. Ako moze malku pojasnuvanje okolu ova prasanje.
Malku cudno, zatoa sto vo textot stoi deka del od finansiite doagaat i od vladata vsusnost od budjetot na RM.

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 28, 2011 3:25 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
Kakvi rezultati imate napreveno vo izminative 5 god, vo delot na sporskiot ribolov..posebno za krapskiot..Dali moslite deka so vaseto doaganje na celo na mrf, odime napred ili se vrativme 2 cekori nazad..

Za rekreativnite ribolovci sto ste napravile ..poribile zastitile.. so sto ke se pofalite..pozdrav dolzite iskren odgovor.. ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS119»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum