www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 2:16 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Толку многу воблери – а малку време!
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 12:35 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Веднаш да кажам дека текстот не е мој.
Се наоѓа на сајтот на Салмо http://www.salmo.com.pl автор на текстот е Piotr Piskorski.
Ми се виде интересен и ке се потрудам да го преведам тука на форумов.
Преведувањето ке оди во етапи, како ке наоѓам слободно време :)


Толку многу воблери – а малку време!


Купуваш нов воблер. Прекрасен е, шарен и блескав. Твоите пријатели ти кажале дека е многу добар. Полн со надеж одиш на твоето одбрано место за риболов. Не се предаваш и го зафрлаш фаворитот стотина пати. Повторуваш до бескрај разни презентации. После уште едно неуспешно влечење, гледаш како трокуките жално тропкаат празни, тензијата попушта. Твојот нов воблер не е повеќе мистериозен и посебен. Станува многу обичен, секојдневен, всушност само уште една шарена играчка замислена да ти ги извлече парите од новчаникот. Вракајки го во кутијата осеќаш лутина што си му дозволил на продавачот да те убеди да го купшиш ова ѓубре од воблер!
Ако ова ви се случува често, тогаш овој текст е за вас!
Секако сигурен си дека го користиш правилно. Дали си сигурен дека си му дал доволно време и вистинска шанса? Зошто, ке прашаш, после се си ловел со многу слични воблери. Си го влечел на различни начини, побргу, поспоро и немало никаков резултат. Добро… гледам дека ке треба да почнеме од самиот почеток. Ке мора да одговориш на неколку прашања, покасно ке ги анализираме одговорите заедно, на тој начин ке можеш да направиш по прецизен избор при купувањето и да бидеш многу по ефикасен во риболовот.


Неколку прашања за почеток.

1. Дали знаеш во која група - фамилија производителот го класифицира воблерот со кој ловиш?
2. Дали знаеш која опрема (трска, конец, машинка) се препорачани за риболов со тој воблер?
3. Дали знаеш која техника на презентација е препорачана за воблерот?
4. Дали си секогаш свесен дека си ти тој што го води воблерот?
5. Дали знаеш колку позицијата на трската, во однос на водената пшовршина влијае врз акцијата на воблерот?
6. Дали ја користиш трската да индицираш дополнителна акција на воблерот?
7. Дали знаеш што се случува со воблерот, кога ке го забрзаш или успориш влечењето на конецот?
8. Дали секогаш размислуваш на која длабочина е воблерот во даден момент?
9. Дали лесно го елиминираш вишокот конец (мевот) и го осеќаш контактот со воблерот?
10. Дали секогаш знаеш кој вид на риба ти е целта?

Ако одговорот е НЕ на повеќе од половина од прашањата, ти препорачувам да го подобриш знаењето пред да почнеш со пракса. По мое мислење, твојот спин риболов е сличен на пукање со пушка во темна соба, со надеж дека ке ја погодиш мувата.
Велиш дека си фатил многу трофеи на овој начин? Одлично! Тоа значи дека знеш многу добри и богати
Риболовни ревири.
Замисли само што би се случило кога би почнал-

Да риболовиш по свесно и со добро обмислена стратегија!


Лекцијата ке ја почнеме со добро познатата формула која ги опишува елементите за успешен риболов: Добар улов.
Презентирана е пред многу години од Doug Stange – главниот уредник на најголемото списание за спин во USA, In-Fisherman.
Формулата гласи -

У= Р + Л + П

Каде што -

У– Успешност на риболовецот
Р - Риба
Л -Локација
П -Презентација

Како што можеме да видиме, воблерот не е воопшто спомнат. Дали тоа значи дека изборот на воблер не е битен?
Секако НЕ. Карактеристиките на воблерот (големината, бојата, вибрацијата) се скриени во два збора:
Риба – го вклучува знаењето за навиките на видот (големина на мамецот во даден период) и

Презентацијата

За добра презентација потребни се многу работа и концентрација.
Добра презентација нејчесто е клуч на успехот за добар улов. Ова е збирен поим кој се однесува на структурата на водата и карактеристиките на воблерот како брзина, амплитуда и фреквенција. Од една страна зборуваме за изборот на риболовецот: дали ке користи тонечки или пливачки воблери, плиткоронци или длабокоронци. Можете да користите и тонечки воблери за риболов на површината во вода обрасната со треви, но зошто да си создавате проблеми во животот? Можете да пробате да уловите смуѓ користејки плиткоронци со влечење од чамец, но сепак вистинската презентација може да се постигне само со воблери кои работат на самото дно.

Секако, најважен аспект на презентацијата е техниката на влечење. Треба да биде резултат на теоријата и праксата на риболовецот. Тешко ви е да поверувате дека потполно ист воблер користен на исто место во исто време но лошо презентиран, лови МНОГУ помалку? Наскоро ке бидете убедени во тоа.

Продолжува ...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 1:07 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
Abe ime !? Ova kako vo turskine serii..na najinteresnoto ,......prodolzuva !!

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 1:08 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Браво бе колега, цар си. :lepi:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 1:42 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
...

Тогаш која е вистинската презентација? Тоа неможе да се дефинира со неколку реченици. Некои врвни вараличари дури тврдат дека секој воблер бара различен пристап и техника. Веројатно е преуваличување но, без сомнеж, неопходно е знаење за главните фамилии воблери и основните методи за нивно користење. Секоја од нив бара различна техника а секој ден се срекаваме со нови производи кои се појавуваат на пазарот. Сепак знаејки ги основите, кога ке постигнете одредено ниво, ке можете да ги користите новите воблери по само неколку зафрлања и да го одберете оптималниот начин на презентација. На едноставен начин ке станете по успешни во риболовот.
Кога дискутираме за различни техники за користење на вештачки мамки, ке се фокусираме на групата која нема соодветно колективно име. Во последно време има многу новости во оваа фамилија. Многу нови типови и модификации излегуваат на европскиот пазар. Некои од производите се со добро познати дизајни увезени од USA , но сега стануваат популарни и кај нас.
Групата вклучува мамки во многу земји познати како –


Воблери –

Во основа, овие вештачки мамки се дизајнирани да имитираат водени суштества. Направени од дрво или пластика, тие содржат еден или повеќе делови, често се опремени со различни додатоци, пакта со различна форма и големина, турбини и пропелери, во последно време и разни силиконски додатоци. Акцијата им е многу различна и зависи од нивната конструкција. Често не ни потсетува на „ Wobbling (Нишачка) акција”. Затоа мислам дека е погрешно сите да се вклучат во „wobbling” мамки. Од друга страна пак, се чини невозможно да се воспостават прецизни категории за овие вештачки мамки. Има толку многу мешавини од веќе постоечките фамилии така што е невозможно да се пронајдат јасни разлики помеѓу нив.
Затоа ке ја користиме терминологијата која се користи со години на Севрно Америчкиот континент исто како и во Европа. Пмага да се внесе некој ред, да ги пронајдеме вештачките мамки за кои сме заинтересирани додека ги користиме големите каталози на производителите.
Уште по битно е што имањата на фамилиите ни носат информација за оптималниот начин на кој што треба да ги користиме овие мамки (воблери). Кога знаеме на која фамилија дадениот воблер и припаѓа ке знаеме и како да го користиме и на кој начин да го презентираме истиот.

Најголемите и најпопуларните групи (кои случајно, најмногу го заслужуваат името воблер „wobbler”) се Crankbaits Кранкови и Twitchbaits - Твичови. Двете групи се многу слични, нема голема разлика меѓу нив, и главната карактеристика е пактата сместена на предниот дел од воблерот. И во двете групи има пливачки тонечки и суспендинг (неутрални) варзии на воблери.

Продолжува ..



---------------------
А бе имењак, си имам проблеми со преводов, не ме заеб..... :D лурес, њобблерс, Crankbaits, Twitchbaits :shock:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 1:46 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
bravo kolega, car si. :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 1:53 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
Napred..napred ! :bravo:

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 1:55 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
ico baits НапишиCOLON
bravo kolega, car si. :D
Kamo Ico da ni raskazese okolu krapov vaka so golem poucen tekst so merak bi go cital :)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 2:22 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Crankbaits – Кранкови

[ img ]
[ img ] :mrgreen:

Кранкови се воблери со компактна форма.Ги има со различни типови на пакта, големина и форма. Тоа ја дели големата група на повеќе подгрупи со различна примена и акција. Колку пактата е поголема и хоризонтална, толку воблерот заронува подлабоко. Акцијата на кранковите е многу силна и може добро да се осети на врвот на трската. Како резултат на тоа, риболовот со кранкови е релативно лесен и не бара многу напор од вараличарот. Како што и самото име ни кажува, се што треба да направиме за добар резултат е да „crank it back” ( оди па преведи го ова :D ) – еднолично да го влечеме воблерот кон нас. Секако, дури и кај едноставните за користење кранкови, имаме доста трикови на располагање ако сакаме да ја подобриме нивната ефикасност. Прво; правете паузи во влечењето. Во зависност од типот на воблерот (пливачки или тонечки), тој ке оди нагоре или надолу во паузите. Ова е едноставна и во исто време една од најефикасните спин техники. А што е многу чудно, една од најмалку користените техники во пракса (пауза за цигара не се рачуна!!) Други техники вклучуваат различни начини на повлекување и џеркање со трската и машинката со намера да добиете брза реакција и промена во движењето на воблерот. Сепак, нај ефикасно кај кранковите е монотоното влечење, поради што тие нај популарни воблери за тролинг – влечење со чамец. Гледајки го врвот на трската, можеш во секо време да приметиш дали е се во ред на другиот крај на конецот, или можеби влечеш парче трева на воблерот.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 3:02 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Twitchbaits - Твичови

[ img ]



Основната разлика помеѓу кранковите и твичовите е во пропорциите меѓу телото и пактата. Твичовите се најчесто воблери со класичен, тенок облик на телото, опремени со мала пакта со мала површина. Ваквиот дизајн има влијание врз акцијата на воблерот која кај твичовите едвај се осеќа на врвот од трската. Во екстремни случаи акцијата е со само мали едвај приметни странични движења. Некогаш се случува ваквата акција да биде најефикасна. Монотоното, брзо влечење на мали твич воблери е обично добра техника во риболов на буцов, на пример. Но многу вараличари, кога користат твич воблери, го користат истиот метод во сите ситуации и ги пропуштаат најдобрите карактеристики на овие воблери. Кога правилно се користат, овие воблери се многу често по ефикасни и од најдобрите кранкови. Најдобрата техника го содржи и самото име на воблерите (за кое немам превод :D ) глаголот „to twitch”;
Воблерот треба да скока нагло на страна и да трепери, имитирајки болно или повредено рипче – лесен плен. Ваков ефект се постигнува кога трската и машинката работат синхронизирано. Нагли трзаи и повлекувања треба да се прават со врвот на трската кога воблерот се наоѓа на длабочина на која очекуваме напад. Зависно од длабочината на која ловиме, можеме да го задржуваме воблерот под самата површина, дури и да го влечеме по површината (врвот на трската горе и влечеме со кратки трзаи). Поради малата пакта, твичовите не се длабокоронци. Најчесто се користат за риболов на длабочини од 0,5 до 2 метри. Сепак во пракса се покажало дека можат да привлечат внимание и на големи грабливки скриени на длабочини од 4-5 метри!

Продолжува...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 4:29 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Секоја чест за напишаното.ВЛАДО.ова е за.. ПОЧИТУВАЊЕ..:NotWorthy:
Мислам дека почесто би требало да има вакви текстови од кои има да се научат многу работи .
:bravo:

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 10 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum