Продолжен ловостојот за пастрмка на Дебарско и во Радика
Забраната за лов на пастрмка на Дебарско Езеро и на реката Радика е продолжена до 31 март, по препорака од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа значи дека има забрана за лов на пастрмка, како за рекреативен така и за стопански риболов, што подразбира дека не смее да лови ни концесионерот „Охридска пастрмка“ од Струга, ниту да порибува без специјална дозвола за тоа, велат од дебарската ПЕ на Министерството.
- Со претходната одлука донесена врз основа на Законот за рибарството, поради перидот на мрестење на овој вид риба, беше воведена тримесечна забрана, од ноември до крајот на јануари. Сега забраната продолжува до 31 март - вели Лири Делиши, началник на ПЕ во Дебар.
Според Делиши, рекреативен и спортски риболов е дозволен за сите други видови риба. Според него, освен редовната рибочуварска служба што ја воведе концесионерот, продолжува и зајакнатата контрола од страна на другите надлежни служби. (В.Т.)
Zabrana za reka RADIKA e prodolzhena do 31/03/2013 ama vazhi za delot od BOSHKOV MOST do vliv na Debarsko ezero,delot shto e pod N.P.Mavrovo,ribolovot na pastrmka e dozvolen.PROVERENO pred 5 minuti.Bistro.