По договорот со Мечо,којшто падна пред една недела со пица и лазањи
во Mecho's Pizza
дојде и денот за тргнување.Ниту стомачниот вирус,кој коси по Струмица,а ме нападна и мене,не ме спречи во тргнувањето
Се најдовме со Мечо на автопат и правец на зацртаното место.Уште во 3-30 сабајле бевме таму,и што ќе видиме,од цел тој потег на реката само нашето место беше фатено.Мала пијана формација
го беше запоседнала и со големи амбиции во пијаните глави се чекаше голема риба.Што да се прави сега?
План А паѓаше во вода.Ги прашавме момците што им е планот и ни рекоа дека сабајле ке си оделе....Ако е така -ќе ги чекаме,си кажавме со Мечо.
И падна едно чекање од 3-30 до 10-00 сабајле,но план А мораше да се исполни.
За саат време,одоносно околу 11-00, бевме веќе на готовс.Прихранивме и за има -нема 15 минути,сигнализаторот полуде.Добар крап веќе даваше отпор на мојот параболик.Одмотуваше конец како за светско
И после куса борба-шок
Се откачи додека самиот си зимаше конец
без отпор од моја страна.Лош почеток,но што е тука е.
Не поминаа ни два часа-удар и силен ран и кај Мечо.Како по исто сценарио и вториот крап ни кажа збогум.Се откачи
Работата стана сериозна.Кој малер беше у питање.И одтогаш кога ми влезе Бајага во главата
до крајот на излетот ја пеев Песна против малери,ахахахах.
Но јас решив да го кршам малерот на друг начин.
Земав една трска за пец,сокинав тапи,јадица,олова и бапнав едно 90 гр.олова,предвез крапски и право у сред река.Мечо вика-немој бе будала,нели знаеш оти тоа чека крапот-право таму ќе удри.
Ма ,фрлам ,нека ја скрши ако сака-викам,ахахахах,И стварно ја бапнав и тоа на 4 зрна пченка
Си легнавме рано во шаторот,уште нервозни од двете загубени риби.
Само што склопивме очи-луд ран не извади од шаторот.
И тоа,погодете каде
На пецалката
Настана вистинска бркотница по теренот
На машинката имаше конец 0,25,и тоа околу 30-40 метри останато,а под него друг конец како подметка.Двата конци беа врзани еден за друг
Крапот без некој поголем напор го одмота првиот конец,го почна вториот и работата беше повеќе од сериозна.За цело време не смеев да пумпам со трската лудо за да не летне врвот у вода,па повеќе работа падна со амортизерот.Едно 15-20 мин.кога ке осетев дека зима сила,му пуштав да одмотува,и обратно,штом ќе осетев дека му можам
го собирав накај мене.После една супер борба,во кепот се најде овој лепотан
А еве го Carpminator-от
Направивме кејф и му ја легнавме среќни и задоволни
Другиот ден осамна со утринско кафе,луковината на Мечо, со струмички френки
и по една жолта за антистрес(поздрав до другар ми Аки
)
Па по протокол,време беше за гравчето на Мечо
Малку и од амбиентот на реката,кој од секаде мирисаше на бура
Додека да трепнеш-небото се затвори.После неколку часовниот ураган,започна пороен дожд,којшто не напика во шаторот и неколку часа не ни даде да излеземе.Пред полноќ,бурата стивна,а ние уште во шатор,кога централата на Мечо пропиште. Набрзо во кепот се наоѓаше уште еден лепотан
Накај два по полноќ нешто го олабави мојот свингер,како по обичај претпоставувавме дека е некој досаден клен.Не утепаа кленовите...ни ги кинеа зрната од јадицата,и цело време вади-стави-фрли.Не убија...
Но овој пат не беше клен-крапче околу кило ипол-две,тргна прво назад па следуваше солидно ранче како за негова големина ,но набрзо заврши во кепот.
На третиот ден,се честиме со Нескафе и тоа со мраз и млеко
Еве мала палета од другата риба
И на крај-се измачивме со автоматското сликање
и после повеќе неуспешни акции-излезе една слика,која пак не чини
ама во споредба со другите е ремек дело