Фала за информацијата Раде.Јас ке видам денес да уплатам 200 ден. на уплатница ако најдам жиро сметка.Пошто планираме ептен рано да сме на Тиквешко,па да спасам време за да чекам да отвори продавницата.Оваа локација е близу Брушани или?Еден од мојава екипа дури викаше и до Бегниште да одиме.Доколку имаш време бујрум..
Стварно незнам како оди со легитимациите иуплатниците, пошто јас секоја година сум со годишна дозвола. Ама со уплатница како доказ мислам дека може, нема причина зошто да неможе. Инаку за локацијата знам дека во овој период се лови тука околу браната, односно ке ја поминете браната со кола, тука паркирате и веднаш продолжувате надоле по брегот на околу 150 метри каде реков дека има мали клифови кои за мене лично се ризик да седиш под нив. Ориентирајте се според малата кула :„затварачницата“ која е карши шахтата, под неа 150 метра и имаш убава дубина а блиску до брегот.
Инаку големо фала за поканата, јас во моментов барам 6-ка некоја поефтинка (полиз ме исплаши со Tica Wonder - 130-140 eur.) и здравје од кај 25 февруари почнувам со црвеноперките.
За мамец користете бел црв или лепче ништо друго не ви треба а и нема да ви користи.
Поздрав