www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 2:15 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS47»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 12:35 am 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 16, 2011 12:28 pm
МислењаCOLON46
ЛокацијаCOLONВелес
Викендов 06.02.2011 сум со ниет да тркнам до Тиквешко.Има ли некој да каже што е како е со дозволиве,со концесионериве,да не останам без опремата.И кој локации се во моментов актуелни за овој период од годината?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 11:08 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Kolku sto znam jas seuste e stariot koncesioner.

Dnevna dozvola ke si izvadis od prodavnica za ribolovna oprema OSKAR od Kavadarci vo blizina na Gimnazijata, taka bese do lani.

I ako odes odi na delot od kaj Vozarci na branata od stranata preku branata. Tamu imas kako preseceni delovi pa imas 12 -15 metra dubina, za da brkas crvenoperka.

Nemoj slucajno bez dozvola da otides, ke se vratis bez oprema :cry:

Pozdrav,

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 11:17 am 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 16, 2011 12:28 pm
МислењаCOLON46
ЛокацијаCOLONВелес
Фала за информацијата Раде.Јас ке видам денес да уплатам 200 ден. на уплатница ако најдам жиро сметка.Пошто планираме ептен рано да сме на Тиквешко,па да спасам време за да чекам да отвори продавницата.Оваа локација е близу Брушани или?Еден од мојава екипа дури викаше и до Бегниште да одиме.Доколку имаш време бујрум..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 11:38 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Порано наплаќаа и на лице место дневна дозвола, проблем правеа ако немаш легитимација, се сменило нешто?

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 11:44 am 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 16, 2011 12:28 pm
МислењаCOLON46
ЛокацијаCOLONВелес
Па тука кај нас у друштвово Бабуна од Велес ми напоменаа дека само ден порано и на уплатница уплатени пари признавале.Ама доплнителна конфузија ми е ова со концесииве.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 8:33 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 1:58 pm
МислењаCOLON282
ЛокацијаCOLONСкопје
Како што претходно (во некоја друга тема кажав) од 2009та па навака, треба унапред да си извадиш дозвола, односно пред да идеш на риба. И јас како тебе знаев дека е - си доаѓаш на риба, доаѓа чувар, си плаќаш дневна. Епа веќе подолго не е така.
Не сум вадел така да не знам дали може на уплатница (концесионерот тогаш викаше дека е така ама не знам колку вреди зборот на таков створ). Од риболовна федерација, кога прашав рекоа дека може да си уплатиш на уплатница дневна дозвола, и да запишеш за кој датум ја вадиш (на тоа местот цел на дознака). Меѓутоа рекоа мора да имаш и легитимација, знаел и за тоа да праи проблем. А сега со ова новава година и немањето концесии по правило не би требало тој истиот концесионер да наплаќа дозвола, бидејќи на писмено нема концесија.

_________________
Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 8:42 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Се е по старо на Тиквешко езеро,немојте ни да помислувате да одите на риболов ако немате легитимација и уплатница за риболов со дата на уплата не постара од еден ден.Иако нема концесионер ништо не ги интересира.Инаку се вадело црвеноперка на црви на 12м околу браната и по некој костреш на дел од риба.

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 9:20 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
AntonioVe НапишиCOLON
Фала за информацијата Раде.Јас ке видам денес да уплатам 200 ден. на уплатница ако најдам жиро сметка.Пошто планираме ептен рано да сме на Тиквешко,па да спасам време за да чекам да отвори продавницата.Оваа локација е близу Брушани или?Еден од мојава екипа дури викаше и до Бегниште да одиме.Доколку имаш време бујрум..
Стварно незнам како оди со легитимациите иуплатниците, пошто јас секоја година сум со годишна дозвола. Ама со уплатница како доказ мислам дека може, нема причина зошто да неможе. Инаку за локацијата знам дека во овој период се лови тука околу браната, односно ке ја поминете браната со кола, тука паркирате и веднаш продолжувате надоле по брегот на околу 150 метри каде реков дека има мали клифови кои за мене лично се ризик да седиш под нив. Ориентирајте се според малата кула :„затварачницата“ која е карши шахтата, под неа 150 метра и имаш убава дубина а блиску до брегот.

Инаку големо фала за поканата, јас во моментов барам 6-ка некоја поефтинка (полиз ме исплаши со Tica Wonder - 130-140 eur.) и здравје од кај 25 февруари почнувам со црвеноперките.

За мамец користете бел црв или лепче ништо друго не ви треба а и нема да ви користи.

Поздрав

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 9:49 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 1:58 pm
МислењаCOLON282
ЛокацијаCOLONСкопје
Ја побарав по дома уплатницата од Тиквеш - поточно од Селект ГМ и вака гласи (АнтониоВЕ бараше)
Назив на примачот: Селект - ГМ
Банка на примачот: Комерцијална банка
Трансакциска сметка: 300 040 000 017 882

Ваљда е сеуште таа. Очекуваме известување како сте поминале на тиквеш, коа ке се вратите :)

_________________
Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ТИКВЕШКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 03, 2011 11:44 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 16, 2011 12:28 pm
МислењаCOLON46
ЛокацијаCOLONВелес
Раде фала за исцрпните информации,исто и за Боби и за сите што ми помогнаа во собирање информации.Па да се надеваме дека ке направиме еден добар излет со уште подобра репортажа и богат улов :D .Јас имам риболовна дозвола од СРД Бабуна од Велес,годинава уште немале склучено договор со концесионерот за дозволата да ми важи и на Тиквешко како и претходните години што беше.А легитимација(пластиката)ке ја добијам во Март бидејќи старата уште лани ја изгубив.Дали дозволата е доволно да се приложи или задолжителна е и легитимацијата од Федерацијава?


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS47»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum