www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Дек 05, 2019 7:54 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна « 1 2 3 »
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 12:03 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLON Пон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON 3010
Ne se gleda ova na gladen stomak :D Bravo :~~ :lepi:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 2:26 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON 1322
ЛокацијаCOLON Прилеп
Филип НапишиCOLON
Убав рецепт :lepi: , ама многу чудни ова кленовиве мали :D
Штета што немам слики од кога се фатени од двата помали ( едниот 630гр. другиот 560гр. мерени на вага после враќањето од риболов), најголемиот го има во сликите со кленови од 2013.
Стварно на слика делуваат плоснати како караси, поима немам зошто...
За тоа дали фаќаме кленови на Козјак, Ице-Мамба ќе го прашате ;)

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 5:36 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON 1681
ЛокацијаCOLON Скопје
Кленови не се, или караш или крапчиња ;)

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 5:48 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON 1322
ЛокацијаCOLON Прилеп
Ајдееее.... Абре и за тоа што го јадам ли треба да не верувате или да мислите дека сум ве излажал ?!?! Срамота... :hit_head: :head_bang:
Крапчиња толкави никогаш не сум зел, кој ме знае може да потврди, а за карасите применувам третман кој го научив од чичко Столе, прво го акнувам од земја па после го враќам назад - караси дома не носам !!!
Во последниве 5-6 одења на Козјак освен клен и една пастрмка во почетокот на Септември друго немам земено, а риба во замрзнувач не чувам... Е сега вие како сакате...

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 6:09 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Aпр 29, 2011 8:18 pm
МислењаCOLON 108
Kolega,
Dali se karasi, dali se klenovi ako saka i albino somovi neka se ama receptov ti e strava i uzas .... me vrati povekje od 45 godini nazad vo vremeto koga ziveev vo Prilep i koga baba mi mi go pravese istovo jadenje koga ke donesese tatko mi sveza riba od Crna reka...
Uste ednas ti zablagodaruvam od moe ime za postiranjeto na ovoj recept i zacuvuvanjeto na nekoi tradicionalni jadenja bez razlika na koj nacin se dojdeni vo nasata zemja ... Se nadevam deka mozebi eden den ke imame sansa da sedneme zaedno na masa i da go probame ova jadenje....
Pozdrav do tebe i Bistro

_________________
Блазе си им на Кинезите, каде и да одат купуваат домашни производи :)))


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 7:01 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON 1930
Ајдееее,
Море народе, SantaFe постираше СЛИКИ И ОБЈАСНУВАЊЕ на рецепт за припремање риба. Мислам дека не беше наградно прашање да се погоди која и колкава риба е употребена. Убаво е напишано: употребен е КЛЕН. А на кого како му личи негова работа.
SantaFe, рецептот ти е супер за гурмани. За жал јас не спаѓам во таа категорија...традиционалист..пржена и печена...без анекси (термин од твоја бранша).

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 7:04 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON 1322
ЛокацијаCOLON Прилеп
Благодарам друже за убавите зборови, самата идеа ми беше да го прикажам овој традиционален рецепт кој во Прилеп е во изумирање, а заслужува да го знаат и готват и идни генерации.
Воопшто не ми беше намерата да полемизирам со некого дали се крапчиња, караси или кленови, ама за жал кај нас не го ценат трудот што си се мачел два саати да составиш нешто, намалувај слики, зголемувај, пиши-бриши :crazy: , него поинтересно им е да ти кажат што си јадел :roll:

Кога ќе имаш прилика да дојдиш во Прилеп, вратата кај мене е отворена, впрочем за сите е така, 100 пати и јавно и по приватни пораки сум поканил еден куп луѓе, со некој сум се запознал со некој сеуште не, придобивките од ваквите типови на социјални поврзувања како што се форумиве е тоа, ќе сретнеш убави луѓе со кои ќе продолжиш да комуницираш, секое ново пријателство за мене е многу значајно. Поздрав :shake_hand:

П.С.
Повеќе не коментирам што риби се, на вас оставам да размислите дали имам причина некого да го лажам за таква банална работа. Да имав кетеринг служба па да ви го продавав јадењево ајде да сфатам да се сомневате дека сум ве излажал и сум ви увалил караси наместо кленови, ама вака !?!?! Ако сметате дека се сунчици така и нека биде...
Поздрав до сите, бистро и чесно ! :lepi:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 7:05 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON 1985
Swordfish НапишиCOLON
Kolega,
Dali se karasi, dali se klenovi ako saka i albino somovi neka se ama receptov ti e strava i uzas
:thumbs_up:

Абе само се договараме за рибарење ваму и таму, ама не е лошо и да се договориме за едно предновогодишно дружење :D Али не да седниме и да нарачеме, туку ние да сме спремачите на храната, и секој да донесит пијачка :mrgreen:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Ное 15, 2013 7:08 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON 1322
ЛокацијаCOLON Прилеп
Stole НапишиCOLON
Ајдееее,
Море народе, SantaFe постираше СЛИКИ И ОБЈАСНУВАЊЕ на рецепт за припремање риба. Мислам дека не беше наградно прашање да се погоди која и колкава риба е употребена. Убаво е напишано: употребен е КЛЕН. А на кого како му личи негова работа.
SantaFe, рецептот ти е супер за гурмани. За жал јас не спаѓам во таа категорија...традиционалист..пржена и печена...без анекси (термин од твоја бранша).
За традиционалист како тебе имам едно традиционално Македонско црвено - вранец, хамбург и пловдина, берба 2013. Иднава недела ти носам литар за дегустација, имам секако работа на ФОН :shake_hand:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Саб Ное 16, 2013 8:39 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON 1681
ЛокацијаCOLON Скопје
Stole НапишиCOLON
Ајдееее,
Море народе, SantaFe постираше СЛИКИ И ОБЈАСНУВАЊЕ на рецепт за припремање риба. Мислам дека не беше наградно прашање да се погоди која и колкава риба е употребена. Убаво е напишано: употребен е КЛЕН. А на кого како му личи негова работа.
SantaFe, рецептот ти е супер за гурмани. За жал јас не спаѓам во таа категорија...традиционалист..пржена и печена...без анекси (термин од твоја бранша).
Убаво дедо Столе,мислам дека дека доволно си обелен во главата и досега научи како изгледа клен.Точно е на кого како му личи негова работа само утре некој ќе стави пастрмчиња на кромид и ќе ни рече еве правев попадики ;)
Инаку за рецептот секоја чест,вкусно изгледа :NotWorthy:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна « 1 2 3 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum