Ден : 29.12.2013 година ( Недела )
Локација : Липковско Езеро
Оваа репортажа е последна за оваа 2013 година која ќе ја изработи Пливкараската екипа на Рибар 2011 .
Нормално , планиравме ова да биде еден прекрасен сончев ден со многу држење и риби на ,, мачовите ,,
Овој последен наш риболовен викенд во 2013 одлучивме да го поминеме со нашите драги пријатели ,
пливкари - натпреварувачи од ЗСР Оскар - Кавадарци .
Секако ја прегледавме временската прогноза за овој ден и сите показатели укажуваа на тоа дека овој ден ќе
биде сончев и убав. Подготвивме , прихрана, црви , вер де вас , мачовите ТИП - ТОП
Меѓутоа , едно е на интернет ,друго на лице место
Пристигнавме во Неделата околу 08.00 часот на Липковското езеро МАГЛА КОЛКУ САКАС
ЕКИПИТЕ НА РИБАР 2011 и ОСКАР ( пристигање )
Генерална проверка на системите
Магла колку сакаш
видливост Ч 15 - 20 мт.
Се симнавме покрај обала и се поставивме ( одма испод кафаната )
Потребно беше да се лови на далечина од 35 - 40 мт / 10-11 мт длабочина , меѓутоа условите не го дозволуваа тоа .
Маглата како да не сакаше цел ден да се повлече од самото езеро и со тоа бевме приморани да ловиме на
пократка дистанца / Видливост беше 20 мт од обала на 7-8 мт длабочина .
Секако имаше удари и реализација на риби Црвеноперки и Попадичиња од 30 - 100 гр. тежина , меѓутоа не многу активно.
Ловевме на Вагглер - СЛИДЕР техника
со пливки од 10 до 16 гр.
Основен конец : 0,20 мм / Подвез : 0,12 мм
Комплетната екипа на Рибар 2011
Дел од екипата на Оскар - Кавадарци
Фатените риби , успешно беа згрижени и однесени на
,, скришното место ,,
Секако догодина ке направиме уште многу други вакви репортажи каде временските услови ке бидат подобри
и подетално ќе ве запознаеме со опремата за оваа техника на риболов.
Поздрав
Пливкарски - тим РИБАР 2011