Ајде вака, еве за крап и за амур:
Состојки:
- 500gr (цела кесичка) Палента.
- 2КГ (Ќуспе, Мелена Пченка-ситно, Јачмен или Трици) Јачменот е подобар, триците повеќе влечат Амур!
- 500гр Шеќер
- Копер по потреба и арома од ванила или јагода (ампули) по потреба т.е желба.
Начин на подготовка:
Се става шеќерот во високо тенџере и го чекаш да се растопи и направи карамела.
Од кога ке биде се тоа во течна состојба, додаваш 1Л вода ПОПОЛЕКА за да не прсне и карамелата да се стврдне т.е кристализира.
Остави го уште 5 мин. така иводата ке ја растопи карамелата повторно и ке добиеш темна боја.
Потоа ја истураш палентата и мешаш без престан да не се згрутчи, т.е да нарасне убаво и додаваш тука копер или ароматизер по желба.
Коперот е по убав зимно време, му дава мирис на тревка но сепак тоа е повеќе за амур така да стави си ванила или јагода.
Ке оставиаш 10 мин да прими смесата од аромата и потоа во мешавината од (Ќуспе, Мелена Пченка-ситно, Јачмен или Трици)
ке сипеш цела смеса и УБАВО КЕ ЈА ИЗМЕШАШ. Остави така да си легна некои 5-6 саати и можеш да полниж фидерот потоа!
БИТНО: Шеќерот мора да е мин 500гр. впрочем тој ке ти ја држи смесата на феедер стабилна при фрлање!!!
Бистро, и се надевам на добро парче крап