www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Maр 29, 2024 1:36 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Сеп 09, 2014 7:19 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Сигнализатор - Bait Alarm, денес е составен и неизоставен електронски уред во крапскиот риболов. Во последно време се повеќе навлегува и во сомскиот риболов (како и на останатите риби грабливки). Постојат безброј производители, а нивната цена се движи од неколку Евра па до неколку стотини.


Теорија на работа
Дали се изработени во дискретна техника (класични електронски компоненти, нормални или SMD), со програмабилен микроконтролер (PIC) или со специјално конструирани чипови исклучиво за нив сите они работат на ист принцип и ги имаат истите подсклопови. Сензор, генератор на инпулси, обликување на инпулси, светлосна и звучна сигнализација.

[ img ]
Блок шема на електронски сигнализатор.
  • Сензор
    Во зависност од намената на сигнализаторот сензорот регистрира движење на конецот, вибрации на стапот или навалување на стапот.

    Како сензор за движење на конецот најчесто (скоро 100%) се користат Рид прекинувач (ампула) и магнет. Рид прекинувачот е стаклена анпула со два контакти во нејзе, исполнета со инертен гас. Кога контактите ке се најдат во магнетно поле се магнетизираат и се привлекуваат остварувајки контакт помеѓу нив.

    [ img ] [ img ]

    Сензорот за вибрации може да биде пицоелектрички, електро механички или механички. Како најевтина солуција и најприменуван е механичкиот сензор. Направен е така што една еластична метална спирала е сместена во метално цевче или низ спиралата е поставен крут проводник. Во двата случаеви при вибрации спиралата почне да вибрира и остварува контакт со ѕидод на цевчето или со проводникот.

    [ img ] [ img ] [ img ] [ img ]

    [ img ] [ img ]

    Како сензор за навалување најчесто се користат живини прекинувачи или сензори со метално топче. И двата типа исто работата. Со промена на положбата (аголот) се подвижува капката жива или металното топче и се остварува контакт.

    [ img ] [ img ]
    [ img ] [ img ] [ img ]

    Генератор на инпулси
    При својата работа сензорот на својот излез дава две состојби. Вклучено (1) или исклучено (0). За да ја регистрираме промената, движење на конецот, вибрации на стапот (тресење) или негово навалување потребно е да формираме инпулс. Импулсот се формира секогаш кога поранешната состојба ке се смени. Исклучено во вклучено и се формираат позитивни импулси или вклучено во исклучено и се формираат негативни импулси.

    Обликување на инпулси
    Генерираните инпулси покрај тоа што можат да бидат позитивни и негативни моше да бидат долги и куси. Ваквите импулси не дека не се употребливи, но можат да ни внеста проблеми од типот да не можеме правилно да ја процениме активноста на рибата. Дали само го пипка нашиот мамец. Дали закачената риба полека или брзо извлекува конец. Дали вибрациите се спори или брзи и силни . . . Поради се ова сите инпулси (промени) мора да бидат еднополни и со иста должина на траење. Ова го обавува колото за обликување на инпулси и на неговиот излез имаме импулси со иста должина кои се повторуваат во зависност од брзината на промените на сензорот.

    Светлосна сигнализација
    При секој контакт (поозбилен) на рибата со нашата јадица и мамец електронскиот сигнализатор ни обезбедува светлосна сигнализација. Како по правило сите сигнализатори ни даваат два вида на светлосна сигнализација. На сите сигнализатори се поставени по две LED диоди и како по правило во две бои. Има сигнализатори кај кои е поставена само една LED диоди, но тоа е само привидно. Во едно куќиште се сместени две LED диоди и кога свети ја дава едната или втората боја. Ако истовремено светат и двете добиваме трета боја која е производ на двете предходни.

    Првата LED диода свети испрекинато во ритам на дејствување на рибата на сензорот. Ако рибата само ја пипка нашата јадица или полека со јадицата се одалечува од нас таа ке трепка, но ако брзо со јадицата се одалечува од нас трепкањето ке се стопи во континуирано светење.

    Втората LED диода свети континуирано и останува да свети извесен период по престанок на работа на првата LED диода. Ова ни покажува дека на јадицата сме имале активност на риба но таа или се одкачила или воопшто не се закачила.

    Звучна сигнализација
    Поради неможноста цело време да "буљиме" во сигнализаторите и нивната светлосна сигнализација сите сигнализатори се опремени и со звучна сигнализација. Звучната сигнализација работи како првата LED диода и секогаш работат истовремено. Јачината на тонот и неговата боја може по желба да се подесуваат.
[ img ]

Прикажаната шема на сигнализатор е од поефтин модел на SPRO, Wave Carp. Досега сум видел шеми од повеќе сигнализатори и сите се скоро исти. Разликите помеѓу нив се најчесто во употребени вредности на компонентите. Прикажаната шема без некои посебни промени може да се употреби за сите наброени сензори.

Кондензаторот C1 и отпорникот R2 директно влијаат на должината на формираните и обликованите импулси. Со намалувањето на вредностите се намалува и должината на импулсот, односно со зголемување на вредностите се зголемува време траењето на инпулсот. Сегашните вредности обезбедуваат време траење на инпулсот од приближно 100mS. Вредноста на кондензаторот C2 не влијае многу на должина на импулсите, но за правилна работа на колото би требал да биде околу 1/10 од вредноста на кондензаторот C1.

Потреба за различна должина на инпулсите директно е врзана со употребениот сензор и фреквенцијата на промените кои ги предизвикува. При детектирањето на движење на конецот имаме најголема фреквенција на промени, додека при навалување фреквенцијата е најмала.

Кондензаторот C3 и отпорникот R3 со своите вредности го одредуваат време траењето на светењето на втората LED диода по задниот формиран импулс. Дадените вредности обезбедуваат време траење на светењето на LED диодата од околу 30S. Со зголемување на вредностите се продолжува временскиот интервал, односно со намалување се намалува.

Вредностите на отпорниците R4 и R5 го одредуваат интензитетот на светењето на LED диодите. Со зголемување на вредноста се намалува интензитетот на светењето и обратно со намалувањето. Вредноста на отпорникот R4 не би требало да биде помала од 330Ω бидејки може да влијае на работа на колото за формирање на инпулси и да предизвика неработење на колото за звучна сигнализација.

Кондензаторот C4, отпорникот R3 и потенциометарот VR1 ја одредуваат фреквенцијата (боја на тонот) на звучната сигнализација. Со потенциометарот VR1 се менува фреквенцијата на звучната сигнализација, а неговата вредност го дефинира распонот на промената на фреквенцијата од најниска до највисока. Овдека одбраните вредности обезбедуваат промена на фреквенцијата од околу 2000 до 4000Hz. Со зголемување на вредностите на C4 и R3 се намалува горната граница на фреквенцијата и обратно.

Промена на вредноста на отпорникот R7 влијае на максималната јаќина на звучната сигнализација. Со негово зголемување се наналува максимумот и обратно. Вредноста на отпорникот R7 помала од 1kΩ може да влијае на фреквенцијата на звучната сигнализација или уште полошо, да предизвика прегорување на транзисторот Q1 и употребеното интегрирано коло.


Направи - Преправи
Многумина посакале да нивниот сигнализатор работи поразлично од другите или да ја трошат помалце батеријата. Со промена на наведените вредности тоа може да се постигне.

Нашиот неиспавен сигнализатор не мора да го фрлиме туку едноставно во неговата кутија да сместиме нова електроника направена според прикажаната шема. За реализација на овој сигнализатор употребено е интегрираното коло 74HC14 кое во себе содржи 6 шмит тригер инвертирачки бафери. Во сигнализаторот се употребени само 4. Сите употребени диоди се 1N4148. Транзисторот Q1 е N-тип и единствено при негов избор мора да се обврне внимание да максимално дозволенат струја која ке тече низ него не биде помала од 200mA.

[ img ]
Прв мој електронски сигнализатор изработен 2005 година

  • Приклучок за светлечки свингер
    На некои модели на сигнализатори не постои приклучок за светлечки свингер. Проблемот може многу лесно да се реши според доле прикажаната шема.

    [ img ]
    Приклучување на светлечки свингер

    Во прикажаната шемата се дадени 4 опции. Бил која од дадените опции трба да ја приклучиме со нејзиниот контакт 1 на отпорникот пред спојот со LED диодата. Ако сакаме свингерот да ни трепка точката 1 ке ја приклучиме на отпорникот на првата LED диода (R4 на шемата), односно ако сакаме континуирано да ни свети извесен временски период тогаш на отпорникот на втората LED диода (R5 на шемата). Поради распоредување на деловите на печатената плочка може да дојде до замена на местата на LED диодата и со нејзе серијски врзаниот отпорник. Ова ништо не менува. Во таков случај контактот 1 се поврзува на LED диодата. На контактите 2 и 3 се приклучува соодветен мал конектор за слушалки, прикладно поставен на кутијата на сигнализаторот, во кој ке се конектира свингерот.

    Ако имаме сигнализатор направен приближно спрема дадената шема на SPRO сигнализаторот и притоа имаме слободен бафер ке ги употребиме опциите а. или в. Но ако немаме таква можност ке ги употребиме опциите б. или г. Која од опциите понатаму ке ја употребиме зависи и од тоа на кој поларитет ни е прклучена првата (втората) LED диода. Ако LED диода ни е приклучена на + напонот ке ја употребиме опциите а. или б. Додека ако LED диода ни е приклучена на маса (-) тогаш ке ја употребиме опциите в. или г.

    Може да ги приклучите и двете LED диоди на светлечки свингер. Потребно е да се употреби стерео конекторче за слушалки. Контактот 3 ке биде заеднички. На свингерот е потребно да се промени џекчето, од моно во стерео. Притоа треба или во свингерот да поставите уште една LED диода или да се набави нов сет на свингери и по желба да се менуваат. Како решение е и вградување на еден мал прекинувач, или на свингерот или на сигнализаторот, и по желба да се бира кој контакт 2 ке се користи.

    Сега скоро (два - три месеци) на Свето (Телма - Ред Вода, Ред Риба) на неговите нови сигнализатори JAXON (купени во МКД Рибар) им надоградив приклучоци за светлечки свингер. За жал не ја сликав преправката.


    Сомски сигнализатор
    Како вљубеник во сомскиот риболов со дубинска техника решив да си направам сигнализатори кои ке реагираат на вибрации. Набавив сензори за вибрации и одпочна конструирањето. На хартија, на пробна плочка. Денес компјутерите се неизоставен дел во секоја работа, така да се беше паралелно работено и на симулаторскa програмa.

    Сигнализаторот е конципиран и дојде момент за негова граба. Одпочна претрага по интернет за соодветна кутија во која ке биде сместен. Решив да набавам готов мал сигнализатор за крапски риболов кој се прицврстува на самиот стап.

    [ img ] [ img ]
    Мал крапски сигнализатор за монтажа на стап и неговата шема

    Е сега дојде до голем проблем. Kутијата на сигнализаторот е прекрасна но како во нејзе да ја сместам мојата електроника. Премногу е малечка, 35 Х 55 Х 18. Не ми преостана ништо друго освен да се одкажам од мојата концепција и направам преправка на постоечката електроника. Го сменив сензорот, неколку компоненти и работи задоволително. Од мојата концепција (двоен сензор – вибрации и навалување) не се одкажувам но ке ја реализирам кога ке најдам соодветна кутија за нејзе.


    Wireless сигнализатор
    Многумина посакале нивните сигнализатори да бидат и безжични (Wireless). Да може подалеку да се одалечат од нив или додека спијат имаат сигнализација во шатор. Сигнализаторот работи но Wireless функцијата му одкажала. Расипан или изгубен приемник (база).

    На почеток мора малце теорија како работат безжичните сигнализатори.
    • [ img ]
      Блок шема на безжичен сигнализатор и неговиот приемник

      Кај безжичен сигнализатор импулсите кои ги добиваме на излез на колото за обликување на импулси освен во двете кола за сигнализација се носат и во коло за кодирање. Во колото за кодирање се формира поворка на инпулси кои се карактеристични само за тој сигнализатор, адреса. Ова е неминовно од две причини. Како прво, ако повеќе стаповите ни се поставени на едно место не е проблем кој стап-сигнализатор ни е активен. Но ако стаповите ни се одалечени еден од друг тогаш доаѓа до проблеми. Додека трчаме од стап дo стап може да ја изгубиме рибата. Како второ, ако риболовиме во друштво, а скоро секојпат сме во друштво на барем еден колега, прашањето е на чиви стапови има активнос на риба.

      Добиената поворка на импулси, адреса, се носи во предавателот. Тој се активира и преку својата антена праќа сигнал.

      На друга страна во приемникот (базата) се примаат сигналите и се засилуваат. Примените сигнали се носат во коло за декодирање. Колото за декодирање ги анализира примените сигнали. Кога ке препознае некој од примените сигнали, адреса, го испраќа на еден од своите излези. Овој сигнал е идентичен со генерираните импулси во самиот сигнализатор. Овие импулси го активираат колото за светлечка сигнализација и ни свети LED диода со одредена боја која ни го означува стапот на кој сме имале активност на риба. Истовремено на друг излез декодерот ни дава импулси кои го активираат колото за звучна сигнализација.
    Самиот процес на кодирање и декодирање е мошне сложен. Многу производители за таа намена користат програмабилни микро контролери (PIC) во кои е впишан соодветен софтвер. За наша среќа на пазарот може да се најдат и универзални кола за таа намена. Со денешниот технолошки развој на пазар може да се најде безброј такви кола кои се многу евтини, а работата со нив е сведена на "грв" (prosto kao pasulj).

    Ја во својата работа ги користам како кодер PT2262 и декодер PT2272.

    [ img ] [ img ]
    Пример за користење на PT2262 и PT2272 (фабричка апликација)

    Ново направениот сомски сигнализатор го опремив со еден кодер од типот PT2262 кој едноставно го залепив со супер лепак за печатената плочка од долната страна. На горна страна поставив еден мал модул предавател и се помеѓу себе поврзав со тенки жички.

    [ img ] [ img ] [ img ]
    Eлектрична шема на поврзување на кодерот PT2262 и поглед на преправениот сигнализатор

    Ножичката 16 на кодерот РТ2262 ознашена како ТЕ (TX Enаble) е поврзана на точката 2 на горната шема односно на втората LED диода. Преку овој контакт се активира кодерот кој го активира предавателот. Употребениот шмит бафер е искористен од постоечкиот интегралец 74НС14. Неговиот влез е поврзан во точка 1, излез од колото за формирање на инпулси. Неговиот излез е приклучен на еден од датабас контактите (D0, D1, D2, D3). Секој сигнализатор е приклучен на друг влез, додека другите се заземјени.

    Безжичниот сомски сигнализатор е реализиран. На ред доаѓа базата. Е тука можев да работам што сакам. Набавената кутија е совршена. Вграден пиецо звучник, лежиште за 9V батерија и што е најважно, има доволно простор за поставување на мојата концепција - конструкција на електрониката.

    [ img ]
    Електрична шема на приемник, база, за четри бежични сигнализатори

    Сигналот примен во антената na малиот приемен модул се обработува и се носи на декодерот, РТ2272. Декодерот на своите датабас излези, D0 до D3 дава инпулси идентични на инпулсите генерирани во сигнализаторот и понатаму се проследуваат на колата за сигнализација. Бидејки сите светлосни сигнализации се идентични на шемата е прикажана само една додека другите се прикажани како блокови. Може да се забележи дека за секој блок на светлосна сигнализација е употребена само по една LED диода. При активирање на сигнализаторот и генерирање на импулси LED диодата трепка со континуирана фреквенција од 10-тина Hz, а по престанот останува да свети наредни 30S.

    Звучната сигнализација е направена да биде двотонска. Со секое активирање се генерира константен тон во траење од 1S. Ако притоа имаме и генерирање на инпулси тонската сигнализација работи правилно ритмички двотонски.

    [ img ] [ img ] [ img ]
    Реализиран приемник за четри сигнализатори

    Треба да се напомене дека на интегралните кола РТ2262 (од едно до четри во зависност колку сигнализатори имаме) и РТ2272 ножичките од 1 до 8, адресбас (означени како А0 до А7) треба по желба да се поврзат на +, маса или да останат да висат празни (сите можни комбинации). На овој начин сме ја дефинирале начата адреса која би требало да биде наша уникатна.

Мислам дека сега некои работи се појасни. Не е се така компликовано како на прв поглед се чини НЕЛИ. Потребно е малце желба и да се направи нешто. Ако некаде нешто запне може во секое време да го искористите џокерот “ПОВИКАЈ ПРИЈАТЕЛ


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Сеп 09, 2014 9:25 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Феб 12, 2012 12:08 pm
МислењаCOLON82
ЛокацијаCOLONBitola
Zakon!!! Se sto citav poslednive nekolku meseci ovde si objasnal nadobro vo edna strana(se na edno mesto i kulturno objasnato) Bravo! :ok_ok: :NotWorthy:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Сеп 09, 2014 9:38 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Е ова се вика ..ДЕТАЛНО ..објаснување.
Тоа е нашиот .. БОБИ БРАДА.. :lepi:

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 11, 2014 8:41 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Сигнализатори имам Carp academy pulsar, единствена работа што не ми се допаѓа кај нив е малиот домет на базата. Дали тоа би можело некако да се среди?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 11, 2014 3:46 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONНед Јан 26, 2014 11:05 pm
МислењаCOLON100
Боби ... секоја чест ... :NotWorthy:

:lepi: :lepi: :lepi:

_________________
KEEP CALM AND CARP ON !!! ... or ... RIDE A BITCH ... :filip:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 11, 2014 9:19 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Млад Риболовец НапишиCOLON
Сигнализатори имам Carp academy pulsar, единствена работа што не ми се допаѓа кај нив е малиот домет на базата. Дали тоа би можело некако да се среди?
:ok_ok: Многу убаво прашање !

Намеро околу можноста за оваква преправка и надоградба во темата не напишав ниту збор, бидејки директниот одговор на поставеното прашање е многу кус. И гласи:
    • МОЖЕ и НЕМОЖЕ !!!

:head_bang: Повторно мора малце теорија
  • За постигнување на домет помеѓу еден предавател (сигнализатор) и на него соодветен приемник (база). Одлучуваат и двата.

    Дометот од страна на предавателот првенствено зависи од излезната моќност на предавателот. Тоа е оној податок кој го даваат како некоја цифра и позади нејзе стои (суфикс) W или mW, односно dBm. Се зависи по кој систем е пишувано (мерено). Најважно од се е дека што е поголема бројката тоа предавателот е посилен.

    Гледано од страна на приемникот, дометот зависи од осетливост на приемникот. Осетливоста се изразува во µV или исто така во dBm. Разликата е што овдека бројката мора да биде што е можно помала, приемникпот е поосетлив.

    Има една работа која, лугето кои не се директно упатени во телекомуникацијските системи и ја занемаруваат или многу погрешно ја разбираат. Тоа е АНТЕНАТА. Ке кажете парче жичка, но антената е магија. Никакви бројки не важат ако антената не е како треба. Преко нејзе предавателт зрачи, а на другата страна преку нејзе приемникот прима. Ако антената не е за соодветната работна фреквенција таа е обично парче жичка.
:filip: Е сега практично.

Ако во дадениот комплет на сигнализатори не е употребена соодветна антена таа со леснотија би можела да се замени. Единствен услов е да се има доволно слободен простор. Како решение за базата е антената да се постави на надворешната горна страна, да стрчи, што всушност е и идеалното место за антената. Истотака мора да се обврне внимание на положбата на антената. Таа секогаш би требало да биде вертикално поставена. Антената за фреквентното подрачје на кое најчето работат сигнализаторите, 433.920MHz, е една мала спирала со точно одреден број на навивки на точно растојание една од дерга. Одземање - додавање на намотки или истегнување – собирање на спиралата само негативно ке влијаат на антената. Она на тој начин ке стане антена за некоја друга фреквенција.

Ако предавателот или приемникот се реализирани како независни мали модули во нашиот комплет сигнализатори и база, треба едноставно да се побара соодветен модул со подобри карактеристики. Старите да се извадат и едноставно се заменат со новите. Е ако не се така реализирани предавателот и приемникот туку се реализирани како составен дел на “матичната плоча” тука проблемот е голем. Оваква преправка би морало да ја направи некој кој е доста искусен и стручен.

Постои можност излезниот транзистор на предавателот да се замени со поснажен и да се добие поголема излезна моќност, а со тоа и да се зголеми дометот.

Кај базата би требало да се препознае склопот на приемникот и истиот да се исклучи од работа. Наместо него, некаде во кутијата на базата, да се постави соодветен приемен модул и да се приклучи на “матичната плоча”. Оваквата преправка сепак зависи од имање на слободен простор.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 11, 2014 10:41 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONВто Јан 10, 2012 12:59 am
МислењаCOLON296
Bobi eve javno da ti se zablagodaram sto preku tvojata tema go najdov problemot za mojot signalizator. :thumbs_up:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 11, 2014 11:03 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
i mene mi pomogna mnogu, bravo bobi cari si :lepi: :lepi:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 11, 2014 11:15 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
:confused: По кое прашање Ицо


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 11, 2014 11:19 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
NESTO okolu antenata bobi, sega pocnav da fakam i radio bubamara :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum