Често ако не се пребришуваат после риболовот секој метален мамец знае да потемне а ако се користени во морска вода тогаш лесно и зарѓува.
Има повеке начини ова да се спречи но и ако веќе се случило овие метални мамци да се доведат повторно во стариот сјај.
Еден од производите кој се користи во повеќе индустрии за заштита од корозија е на познатата фирма Zerust а за нас риболовците го имаат направено во тенки плочки кој се ставаат во кутијата со мамци.
Делува но не треба да се оцекуваат од него чуда поготово ако мамците се фрлале во солена вода.
Има уште едне начин за заштита од патинирање но и рѓање на мамците. Секој го има по дома. Ставете ,алку ориз во утијата за мамци. Оризот е познат по тоа што ја собира во себе влагата па на овој начин евтино и лесно можете да ги заштитите мамците од потемнување.
За жал, не секогаш може да се избегне потемнувањето и зарѓувањето на металните мамци.
Сепак постојат и начини тие лесно да се исчистат и да го добијат стариот сјај.
На пазарот лесно се наоѓаат полирпасти за метал со кој лесно ке ја завршите работата.
Се користи и WD40 спрејот кој исто таа ги светнува блинкерите и спинерите.
Но и тука постојат неколку полесни и подостапни начини на пример вода плус оцет и една лажичка сол. Се сотаваат 5-10 минути да покиснат и после се гланцаат со крпа.
Се користи и сода бикарбона и четкичка за заби.
Сепак има едно средство кое не е баш за оваа намена арно ама одлично ја врши и оваа работа.
Кока-кола
РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
И класична паста за заби врши работа. На пример Колинос и сл.
Ако се работи за блинкери и кашики, без пластични делови на нив, се ставаат во вода со малку сјај и сода бикарбона, се остава водата да зоврие и по 5-6 минути се тргаат од плоча. Светат како излезени од фабика. Јас така дома есцајгот го светнувам
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
А ако имаат рѓа, не сум пробал на мамци, има во секоја железара разни средства против рѓа. Ќе капнете на местото каде што има рѓа, ќе оставете малку да постои, рѓата ќе побели целата и после тоа само пребришете со крпа и рѓата ја нема. Оваа постапка може да се повтори двапати доколку целата не испадне веднаш. Пак ќе напоменам, не сум пробувал на мамци, само на оградата од терасата ...
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум