Здраво, ми требаат ваши сугестии за подобрување на риболовот и рибниот фонд во Македонија. Поради рекламирање не би го напишал името на моето здружение на граѓани за животна средина. Ние се одлучивме да направиме проект за подобрување на целокупната ситуација во врска со риболовот во Македонија, дел од тоа е едукација на рибарите за методата catch & release (фати и пушти), затоа што сите знаеме дека голем број од рибарите фаќаат риба под мера и не ја враќаат назад, тоа и се објавува на социјалните медиуми како супер улов, како второ се осврнавме на работата на концесионерите, нивната (не)грижа кон ревирите кои им се дадени на концесија, и уште една тема, а тоа е стопанскиот риболов. Би сакал да ги слушнам вашите размислувања на овие и други теми, би сакал да соработувам со секого кој е искрено загрижен за целокупната ситуација и кој би сакал навистина да направи нешто за да промени на подобро. Ви благодарам однапред на сите и Бистро!!!
Со сета почит за вложување труд на вакви и слични проекти,ама имаат само една фалинка.
Нај основен според мене е почеток на менување на целокупната ситуација во држававани е да се изработи проект за
МЕНТАЛИТЕТОТ НА МАКЕДОН(чето)ЕЦОТ И НЕГОВОТО МЕНУВАЊЕ.
Секакви други проекти,закони,подзакони се осудени на пропаѓање токму заради тој наш проклет менталитет.
Миле наоружајте се со трпение,истрајност и верба и да се надеваме на остварување на вакви сл.проекти сите заедно кој се за спортскиот риболовот во Мк да биде уживање и релаксација
_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.