Знаеш колку плаќаат ловџии за дозвола, за членарина? Епа и ова е нешто слично, само многу поефтино
Ама барем се рамноправни на терен од тие средства ,кај нас се форсираат само такмичарите ,еве демантирај Филип. За федерација не постоиме ние рекреативците ќор денар не се троши да ни се подобрат условите а од нас е буџетот во федерација па макар и влегувале други пари по разни основи....каде сме ние ?
Делумно демантирам.
Види, натпреварувачите си плаќаат спортски, котизација и се останато и со тие трошоци горе долу се покриваат трошоците за организација т.е. судии, делегат итн. Домашните натпреварувања не трошат пари од рекреативците. Рецимо годинава од мушичарскиот куп каде што котизација беше 1500 (со планирани 3-ца судии), имавме 2 судии и дури МРФ беше во ќар. Затоа догодина пониска котизација, колку да се покријат трошоците. На тој начин се планираат котизациите секогаш.
За меѓународните натпревари, се оди на неколку во годината. Светско крапско чини од 9-13 илјади евра, во зависност каде се оди. Пливкарите на светско трошат 5-6000 евра. Балканското во мушичарење јаде 500-600 евра. Балканското во крап, на кое не оди никој веќе две години, трошеше само 250 евра. од МЗШВ се добиваа средства за меѓународни натпревари од 10.000 евра, а од АМС 5.000 евра годишно. Годинава од АМС се добиени над 7.000 евра. Горе долу тие средства ги покриваат светски во крап и пливка, евентуално се додава 1-2-3000 од касата, ако се погодат двете да се далеку со повисоки трошоци.
Главен приход на МРФ е од легитимациите. Во просек годишно има 12-13000 издадени легитимации/маркици (толку луѓето вадат), тоа се околу 80.000 еур, од кои 30% одат во буџет и за МРФ остануваат 50-55.000 евра приходи на годишно ниво. Од тие пари 10% се резервирани за државната риболовна контрола, а другите одат на расходи кои ги има во завршната сметка на МРФ, може да се види за неколку години наназад во извештаите за работа на МРФ кои се објавуваат на веб страната, пошо веќе ме мрзи да образложувам.