Да не копирам постови ќе пробам да образложам.
- изборот на вода/и го дава натпреварувачка комисија а го изменува или усвојува УО на МРФ.
Е сега секоја година се испраќаат писма- мејлови до концесионерите на езерата во РМ дали некој сака да биде домаќин на некое коло, луга или куп.
До сега не се сеќавам дека некој концесионер дал предлог или желба да биде домаќин. Туку напротив и кога треба да се одржи таму натпревар се наидува на отпор или услов (а ќе порибите ли и со колку?).
- дека нема договор со концесионерот на Преспанско за годинава (Хм тоа е исто како јас да ти кажам дека неверувам дека е платено за купот на концесионерот на Берсин)
- Зошто последниве 4 години не суди Мајковски? Суди само на пливкарски натпревари на крапски несака т.с. одбива (што е негово право).
- Судии кој судат на куп или лига ги одредува судиска комисија со судискиот претседател а изборот е најпрвин кој БИ можел да биде 72 саата ослободен од работа. (затоа последнава година гледавме и други нови судии)
- дај боже Крсте да се пријави да полага за судија СИГУРНО ќе суди ДОКОЛКУ може да биде 72 саата ослободен од работа.
- околу ова да судат други судии надвор од РМ се коси со нашите правилници. Значи без разлика дали е тоа државен (од Бугалија или Србија) или локален судија и без разлика за колкава дневница би се нафатиле да судат тие не го познаваат правилникот на МРФ и кој се разликува во нијанси од ФИПС-овиот правилник.
А политиката и целта на УО на МРФ е промовирање на води низ РМ, затоа и реков дека неверувам дека би се подржал предлог за лига на вода надвор од РМ.
п.с. догодина т.с. напролет е изборна година за МРФ затоа добро размислете кого ќе предложите и изгласате за УО како и за членови на комисии.