www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 10:07 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS45»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 01, 2017 1:31 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Doaga poleka zimski son za nasata krapska oprema so usloite koj gi imame na nasite vodi dodeka vo nekoj drugi drzavi ke si pecaat i celo zimo.
Ja otvaram temava da razvrzeme edna ubava diskusija so predlozi za voda, kasting i drugi raboti povrzani so narednata krapska liga.

Moj predlog za voda so ogled na mal kapacitet na nasite vodi so ribi i staza ednakva za site da se peca i nadvor od drzavata dokolku ne se najde nekoj vo mkd da napravi voda kako sto dolikuva barem na nekoj standardi kako kaj komsiite.
Kaj nas voda osven crnicani ili mavrovica ne gledam nekoja druga za takmienje.
Crnicani bi odgovaralo dokolku se sredi i nalikuva so trevite na voda koja bi se odrzalo i narednoto svetsko.
Normalno dokolku konsecionerot e spremen da ulozi i da go vrati sjajot na ezeroto.
Mavrovica ubava voda ali problem sekogas ima so sprecuvanje na prekumeren izlov na krap.
Pokasno ke prodolzam so predlog okolu sudii i organizaciskiot del na samiot naprevart.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 01, 2017 2:20 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
На оваа тема како и секогаш има големи полемики и различни размислувања.
1. Најпрвин колку часа да биде едно коло 50 или 72?
2. Временски период во кој би се организирала лигата,
3. Вода/и на која ќе се одржи лигата,
4. Календарот се изготвува до 31.12.2017 година за да секој види дали ќе може да се ослободи т.с. да се пријави за лигата 2018-та година

Како што реков размислувања секакви и се разбира за секој во своја корист. Едните сакаат што поевтино (се мисли на котизација, помалку храна, да е што поблиску за да нема трошок,...), другите не им е битна парата ( да има што повеќе риби а тоа е и повеќе храна, нека е и во друга држава трошокот не е проблем за превоз,..)

При нашата последна посета на Жабар претседателот на крапската асоцијација на Србија рече дека на пролет ќе се пориби Ада и дека нормално тие таму ќе ја прават лигата НО напомена дека веќе има заинетесирани други држави како Укараина,....па вели секако дека и Македонија ќе сака на оваа вода да ја направи лигата?

Еве одма почеток на размислување во овој правец:
1. котизацијата ќе мора да биде многу повеќе од досегашните 100 евра,
2. далечината на Белград и три кола таму по 1000 километри во два првци + патарини,
3. храна и прихрана бајаги повеќе од досега спреманата,
4. судии? (доколку се од тука ќе се бара дневници за во странство, доколку се од Србија ќе наиде на негирање кај нашите во УО и судиска комисија)
5. корист секако ќе биде за сите кој ќе учествуваат во лигата затоа што на истата вода ќе биде и светскот првенство НО
колку екипи би се пријавиле за оваква лига?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 01, 2017 6:53 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Не знам дали е паметно повторнонда се меша лигата со светското.
Нека се направи конечно повторно фер и коректна лига кај нас , нека побеџат најдобрите , најспремните и најрекните , па после спремајте репрезентација , тренинзи и мислете за светско.
Ако се оди со тезата од годинава ''ни треба квалитет не квантитет '' тогаш јас искрено не очекувам ништо ноти од лигата нити од светското . Додуше се виде годинава колку кошташе таа екскурзија .
Ке продолжам подоцна пошто дојде претседателот :)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 01, 2017 11:31 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Ное 26, 2012 12:57 am
МислењаCOLON138
ЛокацијаCOLONБогданци
чПоздрав колеги, еве и од мене еден предлог :)

На Паљурци има риба, има и услови за добра стаза и ловење на далечина...

Догодина има нов претседател на ЗСР Костреш-Богданци (веќе се сменети претседателот и управниот одбор, се чека запис во регистар...)
Има екипа од 15-20 луге, кои би можеле да помогнат околу позициите и други работи, незнам како ви е планот околу лигата, но еве ви стоиме на располагање!

Може и во пролет да организираме едно дружење со тоа што ќе се испита водата, активноста на рибата и дали воопшто е добро за лига натпревари...

НАЈГОЛЕМ проблем е водостојот, бидејки ако е како сега нема услови. Истотака варијациите на водата го регулираат хранењето на рибите, но во пролет нема толку многу наводнување со тоа што водостојот е постабилен и рибата е раздвижена.

Бистро.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 02, 2017 11:29 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Odlicno kolega doloveno za Palurci sto poveke predlozi i dobri razgovori so domakinite - konsecinerite samo moze da donese ubava krapska voda.
Tafta e potpolno vo pravo.
Sudii mora da ima i da gi pocituvaat pravilata za eden fer naprevar isto kako i takmicarite.
Ne znam koj sredstva se dvojat za niv ali moj ptedlog e eden delegat i 4 sudii.
Od koj po dvajca bi vesele merenje i pravilna rabota na takmicarite.
Da bidat prisutni i denje i noke.
Da dobie ligata na kvalitet i da bide poednakva za site takmicari.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 02, 2017 9:29 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Лигата е најпожелно да се одржува на наша вода . Факт е дека вода во странство претставува проблем во организација и изискува повеке средства за кои јас сум лично скептик и не би ги одвоил со моменталната состојба со натпреварите и судиите .Ке биде предизвик повторно да се врати довербата во натпреварите , во МРФ и во судиите. Судиите мора под итно да се стават во ред и да се постави делегат кој ке ја контролира работата на судиите . На натпревар судијата е да суди , да гледа и внимава се да биде во склад со пропишаните правила и прописи . Пријатели и другари пред и после натпревар . Најголемите замерки во изминативе 3 години беа токму кон судиите и нивниот "пријателски" однос со натпреварувачите .
Ако сакаме квалитетна и фер лига ова мора да се смени .
Мора и натпреварувачите да сватат дека правиката се правила и дека за секое непочитување на правилата ке бидат санкционирани . Тоа се добива со квалитетна работа на судиите и со ништо друго .
Кога некој ке добие конечно црвен картон и ке биде пратен дома , тогаш ке сватиме дека треба да се почитуваат правилата . Се додека се тера другарски ке биде калакурница и ке прави кој што сака .
Тоа се случуваше и годинава и лани и преклани . Дремење на судии по боксови , празни прикаски и муабети , не внимавања и не санкционирање на прекршоци на стаза од страна на натпреварувачите .
Не е работа на натпреварувачите да пазат и гледаат кој што направил и каков прекршок направил ... си има судии за тоа . Јас наместо да се натпреварувам и да гледам како риба да фатам , јас треба да пазам на стаза дали некој прави заврзлами и прекршоци , да снимам и да сликам за са се докажувам после вака било онака било.

Тоа според мене е еден од најголемите проблеми кои веке подолго се толерираат во нашава лига .

Изборот на патека и термините .
Повторно се потенцира и се бара вода слична на онаа на светско . Нема таква вода ... секоја вода е своја приказна во различен период на годината , а камоли споредби со вода на која е светското .
Ако неможат да се најдат три локации нека биде на една вода , нека се подели секторски и да нема некој да се погоди на иста позиција . Една вода 3 кола по 72 часа ... ко воли нек изволи . Однапред дадени датуми и локација во распон од 3 викенда помеѓу колата па макар лигата траела и 3 месеци .
Асален договор со концесионерот на водата , ако треба и нотарски заверен да нема глупости од типот на Мавровица и Крушево . Никој натпреварувач не е должен да се расправа со мештани .

Има многу работи кои треба да се средат ... со празни муабети ништо не се прави . Треба да се свати озбилно , да се седне и да се сработи .
Рибар 2011 со своето агитирање и агресивна кампања и позитивен дух успеа да ја омасови и обнови лигата со 16 и 18 екипи ... поединци ја симнаа повторно на 6 или 7 .
Довербата тешко се стекнува а се руши за 1 секунда ... размислете убаво што сакаме .

Бистро .

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 03, 2017 1:30 am 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
ТафТабиТ НапишиCOLON
Довербата тешко се стекнува а се руши за 1 секунда ... размислете убаво што сакаме .

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 03, 2017 8:53 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Реков уште на почетокот ова е долго и широко.

- За да не се меша лигата со светското првенство треба да се поделат т.с. една варијанта е да се иде на селекторски систем. Тоа значи дека МРФ ќе направи договор со селектор кој ќе си одбере десетина крапџии и со нив ќе се направи договор па нека тренираат и нека вежбаат за светско а лигата на друга страна со една и единствена цел- помасовност и државен првак. Тогаш не е важно дали има иста вода или различна. (само овде би се запрашал дали доколку не е цел одење на светско туку само натпревар за пехар и медал дали ќе има масовност?)

- Она моја констатација околу правење на лига на местото каде ќе е светското првенство е само во правец на размислување на сите кои веќе некое време зборат како би се правела лигата во Бугарија. Тоа значи дека неколкумина ми се јавуваат и ме прашуваат за лига на вода во соседна Бугарија, е сега ако е Бугарија зошто не Белград на вода каде ќе е светското НО напоменав колку екипи се спремни да се пријават во една таква приказна?

- Околу оној дел да се направи договор со концесионерот да немало проблеми е договор за нокое друго идно време кога нештата во РМ ќе функционираат како што треба а сега за сега е неизводливо. (знаат Филип, Раде и Сергеј за договорите минатата година со концесионерот на Преспа како и колку долго се договараа , така да освен Црничани секоја друга вода каде што е организиран натпревар имало и ќе има проблеми)

- Околу судиите и делегатот. Намерно се воведе делегат и идеата беше тоа да биде некој член од УО за да има авторитет НО пак не станува збор за натпревар од типот на пливкарите од неколку саата туку 72 саата. Значи најпрвин секој е со работна обврска и ретко кога може да се најдат 4 судии + еден делегат за еден натпревар. Значи постојано зборам во МРФ секоја година има полагање за нови судии слободно секој кој мисли дека може да одговори на оваа функција нека се пријави па да има поголем избор околу судии.

- и на крај за и околу Паљурци некоку године е разгледувана оваа вода како патека и разговарано но за жал немаше краен епилог. На враќање од Црничани застанавме на една цигара и го гледаме езерото и разговараме со Кире и Васко и доаќа еден човек позади нас и вели ( што гледате слободно може да се лови јас сум чувар и секој зима што ќе фати).
Дај боже догодина да се сменат работите.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 03, 2017 10:12 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
- За да не се меша лигата со светското првенство треба да се поделат т.с. една варијанта е да се иде на селекторски систем. Тоа значи дека МРФ ќе направи договор со селектор кој ќе си одбере десетина крапџии и со нив ќе се направи договор па нека тренираат и нека вежбаат за светско а лигата на друга страна со една и единствена цел- помасовност и државен првак. Тогаш не е важно дали има иста вода или различна. (само овде би се запрашал дали доколку не е цел одење на светско туку само натпревар за пехар и медал дали ќе има масовност?)

- Не мислев на такво мешање на светско со лига .... Лигата е натпревар пред се за државен првак на Македонија + првите три екипи се пласираат за светско , четвртата резерва , петта и шеста за балканско и така натаму ... Тое е смислата и целта на лигата . Има натпреварувачи кои имаат амбиции да учествуваат во лига натпреварите но немаат амбиции да улагаат понатаму за Светско или Балканско . Повторно на крај ке се избере репрезентација од прво пласираните екипи и ке си се работи со нив за настап на светско . Се останато влегува во некое ниво кое не сме го достигнале , бидејки повеке пати сме го правеле муабетот дека кај нас нема професионализам во риболовот . Никој не живее и не заработува од овој спорт . Сите сме аматери со желба за натпревар .

- Она моја констатација околу правење на лига на местото каде ќе е светското првенство е само во правец на размислување на сите кои веќе некое време зборат како би се правела лигата во Бугарија. Тоа значи дека неколкумина ми се јавуваат и ме прашуваат за лига на вода во соседна Бугарија, е сега ако е Бугарија зошто не Белград на вода каде ќе е светското НО напоменав колку екипи се спремни да се пријават во една таква приказна?

И јас бев еден од оние кои предлагаа да се оддржи лигата на вода од типот на Берсин ... но , како прво ја ставивте водата на црна листа како вода неподобна за натпревари , што комплетно се демантираше во текот на целава година . Берсин е вода со спремни 20 позиции во секое време и вода каде што се лови и блиску и далеку . Берсин е вода на 150 км од Скопје и е вода која е поблиску до Скопје од да кажеме Преспа или Црничани па и Паљурци .
Муабетот се сведе на тоа дека треба судии со странски дневници и трошоци за истите кои би биле големи ( тоа би било случај и за Србија )
Неможело судии од странство :confused: :confused: :confused: :confused: што за мене е многу збунувачки бидејки верувам дека странски судии ( да речеме бугарски ) би биле и поевтини бидејки ке бидат локални и во секој случај нема да бидат пристрасни и пријателски настроени кон некои натпреварувачи ( она што го пишав во погорниот пост )
Границата со Бугарија се поминува без никаков проблем , додека за Србија сме имале проблеми од типот АТА Карнети и слично .
повторно , Берсин е на 150 км Белград е на 450 км .


- Околу оној дел да се направи договор со концесионерот да немало проблеми е договор за нокое друго идно време кога нештата во РМ ќе функционираат како што треба а сега за сега е неизводливо. (знаат Филип, Раде и Сергеј за договорите минатата година со концесионерот на Преспа како и колку долго се договараа , така да освен Црничани секоја друга вода каде што е организиран натпревар имало и ќе има проблеми)

Не верувам дека сте потпишале договор со концесионерот на Преспа . Мада на преспа и немаше некои проблеми од погоре наведените како Мавровица и Крушево .
Ако МРФ неможе да потпише договор и да спроведе договор со членка на МРФ тогаш не знам за што разговараме :head_bang:



- Околу судиите и делегатот. Намерно се воведе делегат и идеата беше тоа да биде некој член од УО за да има авторитет НО пак не станува збор за натпревар од типот на пливкарите од неколку саата туку 72 саата. Значи најпрвин секој е со работна обврска и ретко кога може да се најдат 4 судии + еден делегат за еден натпревар. Значи постојано зборам во МРФ секоја година има полагање за нови судии слободно секој кој мисли дека може да одговори на оваа функција нека се пријави па да има поголем избор околу судии.

Нема потреба од 4 судии ... доволни се 3ца судии и делагат . Член од УО неможе да биде делегат . Наведи ми 3ца членови на УО кои ги знаат правилата во крапски риболов а не се натпреваруваат и нема да бидат пристрасни ??? Судии има доволно , и нови и стари , но секогаш судат едни исти т.е се менуваат 7-8 исти судии .
Кој е кристериумот за избор на судии за еден натпревар ??? Кој одлучува кои судии ке бидат во 3 кола лига ??? Зошто Мајковски не судел последниве 4 години ???
Дали ако положи Крсте да речеме за судија ке биде судија на некои лига натпревари и по кои кристериуми би се избрал . Кои се критериумите за избор на делегат ???



- и на крај за и околу Паљурци некоку године е разгледувана оваа вода како патека и разговарано но за жал немаше краен епилог. На враќање од Црничани застанавме на една цигара и го гледаме езерото и разговараме со Кире и Васко и доаќа еден човек позади нас и вели ( што гледате слободно може да се лови јас сум чувар и секој зима што ќе фати).
Дај боже догодина да се сменат работите

И секако за крај :D :D :D на која тоа наша вода не се зема се што ке се фати ??? На Мавровица , на Преспа , на Крушевско ??? :nono: :nono: :nono:
Се знае колега кој зима а кој не зима ... на прсти се бројат оние кои не зимаат :D

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2018
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 03, 2017 11:18 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Да не копирам постови ќе пробам да образложам.

- изборот на вода/и го дава натпреварувачка комисија а го изменува или усвојува УО на МРФ.
Е сега секоја година се испраќаат писма- мејлови до концесионерите на езерата во РМ дали некој сака да биде домаќин на некое коло, луга или куп.
До сега не се сеќавам дека некој концесионер дал предлог или желба да биде домаќин. Туку напротив и кога треба да се одржи таму натпревар се наидува на отпор или услов (а ќе порибите ли и со колку?).

- дека нема договор со концесионерот на Преспанско за годинава (Хм тоа е исто како јас да ти кажам дека неверувам дека е платено за купот на концесионерот на Берсин) :cray:

- Зошто последниве 4 години не суди Мајковски? Суди само на пливкарски натпревари на крапски несака т.с. одбива (што е негово право).

- Судии кој судат на куп или лига ги одредува судиска комисија со судискиот претседател а изборот е најпрвин кој БИ можел да биде 72 саата ослободен од работа. (затоа последнава година гледавме и други нови судии)

- дај боже Крсте да се пријави да полага за судија СИГУРНО ќе суди ДОКОЛКУ може да биде 72 саата ослободен од работа.

- околу ова да судат други судии надвор од РМ се коси со нашите правилници. Значи без разлика дали е тоа државен (од Бугалија или Србија) или локален судија и без разлика за колкава дневница би се нафатиле да судат тие не го познаваат правилникот на МРФ и кој се разликува во нијанси од ФИПС-овиот правилник.
А политиката и целта на УО на МРФ е промовирање на води низ РМ, затоа и реков дека неверувам дека би се подржал предлог за лига на вода надвор од РМ.

п.с. догодина т.с. напролет е изборна година за МРФ затоа добро размислете кого ќе предложите и изгласате за УО како и за членови на комисии.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS45»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 13 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum